Рената Дескоска
| Рената Дескоска | |
|---|---|
| Министерка за образование и наука на Република Македонија | |
| На должноста 1 јуни 2017 – 1 јуни 2018 | |
| Премиер | Зоран Заев |
| Претходник | Пиштар Лутфиу |
| Наследник | Арбр Адеми |
| Министерка за правда на Република Македонија | |
| На должноста 1 јуни 2018 – во служба | |
| Премиер | Зоран Заев |
| Претходник | Билен Салиу |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 3 мај 1972 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
| Партија | СДСМ |
| Установа | Св. Кирил и Методиј |
| Професија | Правник |
Рената Дескоска (3 мај 1972 во Скопје) — македонска универзитетска професорка, писателка[1] и политичарка.
Животопис
[уреди | уреди извор]Рената Дескоска (моминско презиме, Тренеска) е родена во Скопје, на 3 мај 1972 година. Основното и средното образование ги завршила во Скопје, со континуиран одличен успех при што била прогласена за првенец на генерацијата. Во 1994 година дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со просечен успех 9,55. На истиот факултет, во 1997 година ги завршила постдипломските студии со просек 10 и магистрирала на тема „Типови на извршна власт“. На 18 октомври 2002 година, таа докторирала на Правниот факултет во Љубљана, каде ја одбранила дисертацијата на тема „Конституционализмот, уставите и човековите права, со посебен осврт на Република Македонија“ (Constitutionalism, constitutions and human rights, with case study of the Republic of Slovenia and the Republic of Macedonia), со што станала доктор по правни науки. По дипломирањето, од 1995 до 1998 година била ангажирана како демонстратор на Правниот факултет во Скопје, каде во 1998 година била избрана за асистент, а во 2003 година во звањето доцент. Потоа, во 2008 година била избрана во вонреден професор, а во 2012 година станала редовен професор во областа на уставното право и политичките системи. Рената Дескоска живее во Скопје и е омажена за Тони Дескоски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.[2][3][4][5]
Научна кариера
[уреди | уреди извор]
Рената Тренеска работи како редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во научната област уставно право и политички систем. Притоа, таа објавила голем број книги и трудови во домашни и меѓународни списанија и учествувала на повеќе конференции, семинари, работилници и други научни и стручни собири.[2]
Објавени книги
[уреди | уреди извор]Дескоска е автор на повеќе книги, делови од книги и други научни публикации, како:[6]
- Извршната власт во демократските системи, Матица Македонска, Скопје, 1999
- Поглавје во: Саво Климовски и Владимир Митков, Уставен и политички систем, Просветно дело, Скопје, 1997
- Поглавје во: Savo Klimovski, Politics and Institutions, Просветно дело, Скопје, 1999
- „Уставно право“, во: Димитар Бајалџиев, Вовед во правото, Македонска ризница, Скопје, 1999
- Уставно уредување на Република Македонија, (соавтор со Саво Климовски и Владимир Митков), Просветно дело, Скопје, 2002
- Уставно уредување на Република Македонија, (соавтор со Саво Климовски, Владимир Митков и Тања Каракамишева), Просветно дело, Скопје, 2004
- Rregullimi kushtetues i Republikës së Maqedonisë, (соавтор со Саво Климовски, Владимир Митков и Тања Каракамишева), Скопје, 2004
- Уставно уредување на Република Македонија, (соавтор со Саво Климовски, Владимир Митков и Тања Каракамишева), Просветно дело, Скопје, 2005
- Поглавје во: Саво Климовски, Уставно право и политички систем”, Просветно дело, Скопје, 2003
- Конституционо уредување, (соавтор со Саво Климовски и Тања Каракамишева), Просветно дело, Скопје, 2006
- Конституционализмот и човековите права, Скопје, 2006[7]
- „Party Funding and Campaign Finance in Macedonia“ во: Daniel Smilov and Jurij Toplak (eds.), Political Finance and Corruption in Eastern Europe – The transition Period, Asgate, 2007
- „Финансирање на изборните кампањи во Република Македонија“, во Перспективи на домашната правна рамка за спроведување на изборите, погледната од аголот на меѓународните изборни стандарди и добри практики, ОСЦЕ и ЦРПМ, 2008
- Уставно право, (соавтор со Саво Климовски и Тања Каракамишева), Скопје, 2009
- Rregullimi konstitucional i Republikës së Maqedonisë, (соавтор со Саво Климовски и Тања Каракамишева), Скопје, 2008.
- Политички систем (соавтор со Саво Климовски и Тања Каракамишева), Скопје, 2009
- Основи на јавно право (соавтор со Тања Каракамишева и Снежана Бриндевска), Скопје, 2011.
Трудови
[уреди | уреди извор]Во својата академска кариера, Дескоска објавила повеќе трудови.[8]
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]На парламентарните избори во 2014 година, Тренеска била носител на изборниот список на СДСМ во првата изборна единица при што била избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија.[9] Во периодот од септември 2015 до декември 2016 година, Дескоска ја извршувала функцијата потпретседател на Собранието на Република Македонија. Исто така, во септември 2015 година била избрана за шеф на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ и за член на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Покрај тоа, таа била и член на ад-хок комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на парламентарните избори во Бугарија од 26 март 2017 година, како и член на ад-хок комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори во Србија од 2 април 2017 година.[5] Потоа, на парламентарните избори во 2016, Дескоска настапила како втор носител на СДСМ во првата изборна единица, каде партијата победила со 10 освоени мандати од вкупно 20. На 1 јуни 2017 година, таа стапила на функцијата министер за образование и наука на Македонија како дел од владата на Зоран Заев,[10] но на 4 јуни 2018 година таа била избрана за министерка за правда.[11][12]
Книжевно творештво
[уреди | уреди извор]На книжевната сцена, Тренеска дебитирала во 1991 година, со драмата „Бермудски триаголник“, објавен во едицијата „Алфа“ на Книжевната младина на Македонија. Во 1991 година ја објавила нејзината втора книга, збирката поезија „Лотосова метаморфоза“, во издание на „Студентски збор“ од Скопје. Во 1992 година, таа ја објавила втората збирка поезија „Сепак возможно“, повторно во издание на „Студентски збор“, додека во 1996 година ја објавила новелата „Сепа“ во издание на издавачката куќа „Матица Македонска“.[3][4][13]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 264.
- 1 2 „Правен факултет „Јустинијан Први" - Скопје (пристапено на 3.10.2014)“. Архивирано од изворникот на 2016-09-13. Посетено на 2014-10-03.
- 1 2 Рената Тренеска, Лотосова метаморфоза, Студентски збор, Скопје, 1991.
- 1 2 Рената Тренеска, Сепа, Матица македонска, Скопје, 1996.
- 1 2 „официјално мрежно место на Министерството за образование и наука (пристапено на 14.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2018-10-13. Посетено на 2017-12-13.
- ↑ „Правен факултет „Јустинијан Први" - Скопје (пристапено на 6.10.2014)“. Архивирано од изворникот на 2016-09-13. Посетено на 2014-10-03.
- ↑ IDIVIDI, „Објавена книгата „Конституционализмот и човековите права“ од Рената Тренеска-Дескоска“ (пристапено на 7.10.2014)
- ↑ „Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука (пристапено на 14.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2018-10-13. Посетено на 2017-12-13.
- ↑ „Рената Тренеска-Дескоска носител на списокот на СДСМ во единица, нема двобој на водачите“, Република, 23.3.2014 (пристапено на 7.10.2014)[мртва врска]
- ↑ Изгласана владата на Заев[мртва врска] СДК.мк (31 мај 2017)
- ↑ „Официјално мрежно место на Владата на Република Македонија (пристапено на 15.6.2018)“. Архивирано од изворникот на 2018-07-17. Посетено на 2018-06-15.
- ↑ Официјално мрежно место на Министерството за правда на Република Македонија (пристапено на 15.6.2018)
- ↑ Рената Тренеска, Сепак возможно, Студентски збор, Скопје, 1992.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Пиштар Лутфиу |
Министер за образование и наука 1 јуни 2017 - 1 јуни 2018 |
Наследник Арбeр Адеми |
| Претходник Билен Салиу |
Министер за правда 1 јуни 2018 - ? |
Наследник во служба |
- Родени во 1972 година
- Политичари од Скопје
- Македонски писателки
- Македонски поетеси
- Македонски универзитетски професори
- Политичари од СДСМ
- Пратенички состав 2014-2016
- Пратенички состав 2016-2020
- Министри за образование и наука на Република Македонија
- Министри за правда на Република Македонија
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“