Прејди на содржината

Роберт Поповски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Роберт Поповски (14 мај 1967 ) — македонски новинар кој дипломирал новинарство на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Кариерата ја започнал во 1985 година, во скопската рубрика на дневните весници „Нова Македонија“ и „Вечер“. Потоа во 1987 продолжил во Македонската радио-телевизија (МРТ) како водител на вестите. Тој 1990-тите бил уредник на вести во телевизиите Сител и Телма, а истовремено водел и ТВ емисии за политичка анализа. Поповски бил главен и одговорен уредник на телевизијата Канал 5 во периодот 2002–2006 година, а долги години ја водел дебатната емисисија „Икс-нула“ на истата телевизија. Бил претседател на Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ) во периодот 2006–2010 година, а во 2013 година, тој бил назначен за директор на центарот за комуникации на СДСМ. Во 2017 година, тој бил именуван за министер без ресор во владата на Република Македонија.[1]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]