Дамјан Манчевски
| Дамјан Манчевски | |
|---|---|
| Министер за информатичко општество и администрација | |
| На должноста 1 јуни 2017 – 28 август 2020 | |
| Премиер | Зоран Заев |
| Претходник | Марта Арсовска Томовска |
| Наследник | Јетон Шаќири |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 27 јануари 1978 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
| Партија | СДСМ |
| Установа | Св. Кирил и Методиј |
| Професија | електро инженер |
Дамјан Манчевски (27 јануари 1978 во Скопје) — македонски политичар од редовите на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација во владата од 2017. Тој во 2005 година дипломирал на електротехничкиот факултет во Скопје, а пред тоа бил потпретседател на подмладокот на СДСМ во периодот 2001–2003.[1] Манчевски бил избран за член во советот на град Скопје по локалните избори во 2013, каде воедно бил и координатор на советничката група на СДСМ. Во јуни истата година бил назначен за потпретседател на партијата, а во 2015 за шеф на изборниот штаб на СДСМ за парламентарните избори во 2016. По изборите станал пратеник како кандидат од првата изборна единица, а потоа и министер во владата на Зоран Заев. Манчевски е оженет и татко на две деца.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Потпретседатели на СДСМ Архивирано на 19 јули 2017 г. Sdsm.org.mk (04.06.2013)
- ↑ Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администрација Архивирано на 4 јуни 2017 г. A1on.mk (01.06.2017)