Кочо Анѓушев
Кочо Анѓушев | |
---|---|
![]() | |
Вицепремиер за економски прашања | |
На должноста 1 јуни 2017 – 3 јануари 2020 | |
Премиер | Зоран Заев |
Претходник | Владимир Пешевски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 20 јуни 1969 Велес, СР Македонија |
Установа | Св. Кирил и Методиј |
Занимање | стопанственик |
Кочо Анѓушев (20 јуни 1969 во Велес) — македонски стопанственик и сопственик на индустрискиот погон „Брако“. Анѓушев дипломирал на Машинскиот факултет во универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1992 во Скопје. Магистрирал во 1995, а во 1998 станал доктор на науки и редовен професор на факултетот. Во периодот 2000–2002 бил помошник на генералниот директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија (ЕСМ).[1]
Во 2003 ја основал фирмата „Фероинвест“ која добила концесија врз 21 хидроелектрана во Македонија, а истата година Анѓушев купил мнозинство од акциите во фабриката за жичени производи „Брако“. Подоцна тој го основал претставништвото на групацијата ЕФТ во Македонија, кое се занимава со трговија на електрична енергија. Анѓушев живее и работи во Скопје. Американското економско списание Форбс во 2014 го прогласило Анѓушев за еден од петте најбогати Македонци.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Биографија на Кочо Анѓушев“. Брако. 23 мај 2017. Архивирано од изворникот на 2017-06-05. Посетено на 31 мај 2017.
- ↑ „Кој е Кочо Анѓушев?“. Плусинфо. 23 мај 2017. Посетено на 28 мај 2017.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|