Шапуриќ е роден во Ниш на 10 јуни 1958 година. Дипломирал на правниот факултет во Скопје во 1982 година, каде и магистрирал во 1999 година. Има положено правосуден и нотарски испит. Зборува англиски и германски јазик, а има објавено повеќе стручни и научни трудови во земјата и во странство. Зоран Шапуриќ на позицијата министер за животна средина и просторно планирање доаѓа од местото пратеник во Собранието на Македонија.
Од 1983 до 1985 година работи како судски приправник, стручен соработник и виш стручен соработник во Уставниот суд на Македонија, а од 1985 до 1990 година е советник за меѓународно-стопанско право и директор на сектор во МЗТ-Комерц. Во периодот од 1991 до 1996 година е избран за претседател на собранието на општина Кисела Вода, а од 1994 до 1998 година е пратеник во Парламентот.[2]