Лазар Китаноски
| Лазар Китаноски | |
|---|---|
| Министер за одбрана | |
| На должноста 29 мај 1997 – 1 декември 1998 | |
| Претходник | Благоја Ханџиски |
| Наследник | Никола Кљусев |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 25 април 1948
Охрид, НР Македонија, ФНРЈ |
| Починал(а) | 19 мај 2011
Скопје, Македонија |
| Националност | Македонец |
| Народност | Македонец |
| Партија | СДСМ |
| Установа | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
| Вероисповед | Православен христијанин |
Лазар Китаноски (25 април 1948 во Охрид - 19 мај 2011 во Скопје) — македонски правник, универзитетски професор и Министер за одбрана на Република Македонија (1997-1998). Основното, средното образование и Правниот факултет ги завршил во Скопје. Во 1975 бил избран за помлад асистент на предметот социологија на Правниот факултет во Скопје. Во 1981 година магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања од областа на социолошките науки. Темата на магистерскиот труд е од областа на структуралната социологија со наслов „Социолошкиот аспект во сфаќањата на Карл Маркс и Фридрих Енгелс за поделбата на трудот“.
После магистрирањето својот интерес го насочува кон социолошко-политиколошката област. Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1995 година со одбрана на темата: „Социолошките аспекти на политичките процеси во Македонија и функционирањето на моделот на парламентарната демократија“.
Бил член на редакцијата на списанието „Дијалог“, секретар на Здружението за социологија на Република Македонија и еден од основачите на Форумот за човекови права на Македонија.
Во текот на својот научен развој, неговиот придонес особено е насочен и забележлив во областа на теоретската социологија и прашањата на факторите на глобалната структура. Ги истражува теориите и односите помеѓу глобалната структура и правно-политичкиот потсистем. Следна област на интерес е феноменот на политичкиот систем и функционирањето на парламентарната демократија во Република Македонија.
Покрај многубројни текстови автор е и на две книги: Класиците на марксизмот за поделба на трудот и Поделба на власта (законодавна и политичко-извршна).
Неговата педагошка и наставна дејност на Правниот Факултет во Скопје се остварува преку предавања по предметите: социологија на правото, политичка социологија и политички партии и интересни групи.
Почитичка кариера
[уреди | уреди извор]Д-р Китановски беше член на СДСМ од неговото основање, директор на Агенцијата за разузнавање[2], и поранешен Министер за одбрана на Република Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Почина поранешниот министер за одбрана Лазар Китаноски Архивирано на 22 мај 2011 г., Дневник, 20 мај 2011
- ↑ www.a1.com.mk
| |||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
- Родени во 1948 година
- Луѓе од Охрид
- Починати во 2011 година
- Починати во Скопје
- Министри за одбрана на Република Македонија
- Состав на Владата на Република Македонија од 1994
- Политичари од СДСМ
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
- Македонски правници
- Југословенски правници
- Македонски универзитетски професори
- Југословенски универзитетски професори
