Љубен Пауновски
| Љубен Пауновски | |
|---|---|
| Министер за одбрана | |
| На должноста 28 јули 2000 – 13 мај 2001 | |
| Претходник | Никола Кљусев |
| Наследник | Владо Бучковски |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 19 октомври 1958 Прилеп, НР Македонија ФНРЈ |
| Националност | Македонец |
| Народност | Македонец |
| Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
| Вероисповед | Православен христијанин |
Љубен Пауновски ― роден е на 19 октомври 1958 година во Прилеп, а детството го поминал во Демир Хисар. Диломирал на Филозофскиот факултет, на насоката историја на уметноста со археологија во Скопје, 1984 година. По дипломирањето, тој се вработил во радиодифузното претпријатие Македонска радио-телевизија, како новинар и уредник во редакција.
Извесен период бил советник на градоначалникот на Град Скопје. Пратеник во Собранието на Македонија бил од 2 декември 1998 година, и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на партијата.
Во својата кариера бил најпрво министер за култура во 1999 и потоа министер за одбрана во 2001.
Во април 2007 година, тој бил осуден на три и пол години затвор[1]. Обвинението го товарило за проневерени на над милион и пол евра во 2001 година. Пауновски во моментов има поднесено тужба до Судот за човекови права во Стразбур во врска со овој случај меѓу другото и поради повреда на правото на правично судење според Европската конвенција за човекови права.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Политичари од Демир Хисар
- Политичари од Прилеп
- Министри за одбрана на Република Македонија
- Министри за култура на Република Македонија
- Состав на Владата на Република Македонија од 1998
- Политичари од ВМРО-ДПМНЕ
- Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје
- Македонски новинари
- Македонски уредници
- Југословенски новинари
- Југословенски уредници
