Прејди на содржината

Ѓорѓи Наумов

Од Википедија — слободната енциклопедија
За македонскиот политичар и министер, видете Ѓорѓи Наумов (политичар)
Ѓорѓи Наумов
Роден 1916
Битола, Македонија под окупација на Кралство Србија
Починал 21 јули 1942(1942-07-21) (возр. 25–26)
Скопје, Македонија под окупација на Царство Бугарија
Обесен во скопскиот затвор од страна на бугарскиот окупатор.
Националност Македонец
Татко Васил
Мајка Јана
Роднини Стив Наумов

Ѓорѓи Наумов – Шоферо ( 1916 во Битола21 јули 1942 во Скопје) — македонски комунист, борец за слобода на Македонија, револуционер и учесник во НОВ.

Биографија

[уреди | уреди извор]
Дел од семејството на Ѓорѓи Наумов (7-ми од лево на десно), меѓу кои е и неговиот брат Стефан Наумов-Стив (втор од лево на десно)

По професија бил автомеханичар. Заедно со својот брат Стив Наумов, се вклучил во комунистичкото движење пред Втората светска војна. Непосредно пред окупацијата на Македонија во април 1941 година, станал член на КПЈ. Бил еден од главните организатори на антифашистичката борба во Битола и Битолско. Заради тоа, како и поради своето војничко искуство, бил поставен за командир на Првиот битолски партизански одред „Пелистер“, формиран на 22 април 1942 година. Набрзо, на почетокот на мај, во близина на селото Лавци, бил заробен од бугарската војска и полиција. Бил подложен на долготрајна и жестока тортура. Откако бил осуден на смрт со бесење од битолскиот окупаторски суд, казната му била извршена во скопскиот затвор на 21 јули 1942 година.[1]

Во негова чест, Средното техничко училиште во Битола го носи неговото име.

Родословие

[уреди | уреди извор]


Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Александар Литовски, „Споменици и спомен-обележја во Битола и Битолско“, Завод и Музеј Битола, Битола, 2012, 50 стр.