21 јули
Изглед
21 јули — 202-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (203-и во престапна година). Остануваат 163 денови до крајот на годината. Предлошка:Јули 2025
Настани
[уреди | уреди извор]| 1542 | Папата Павле II донел одлука за основање на инквизиција во Рим. |
| 1798 | По победата во Битката кај пирамидите, Наполеон Бонапарт станува владетел на Египет. |
| 1962 | Со решение на Извршниот совет на НР Македонија, името на „Радио Скопје“ е променето во „Радио-Телевизија Скопје“. |
| 1983 | Во станицата „Восток“ на Антарктикот, измерена е најниската температура на Земјата, која изнесувала -89,2 °C. |
| 1994 | Рускиот писател Александар Солженицин пристигнува во Москва по двомесечно патување низ Русија, по 20 години прогонство. |
| 2013 | Филип станува крал на Белгија, по абдикацијата на татко му, Алберт II. |
Родени
[уреди | уреди извор]| 1476 | Ана Сфорца — ќерка на Галеацо Марија Сфорца. |
| 1816 | Паул Јулиус фон Ројтер — основач на британската новинскa агенцијa Ројтерс. |
| 1893 | Ханс Фалада — германски писател. |
| 1899 | Ернест Хемингвеј — американски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1954 година. |
| 1911 | Маршал Меклуан — канадски писател. |
| 1926 | Карел Рајс — чешко-британски режисер. |
| 1948 | Кет Стивенс — британски пејач и музичар. |
| 1951 | Робин Вилијамс — американски глумец. |
| 1953 | Радослав Петковиќ — српски писател. |
| 1955 | Бела Тар — унгарски филмски режисер. |
| 1957 | Тихомир Арсиќ — српски глумец. |
| 1960 | Љубо Радановиќ — црногорски и југословенски фудбалер. |
| 1964 | Јенс Вајслог — германски ски-скокач. |
| 1969 | Изабел Верт — германска јавачка и дресерка на коњи. |
| 1984 | Драган Гаиќ — словенечки ракометар. |
| 2000 | Ерлинг Браут Холанд — норвешки фудбалер. |
Починале
[уреди | уреди извор]| 1870 | Јозеф Штраус — австриски композитор. |
| 1977 | Ли Милер — американска фотографка. |
| 1984 | Живко Фирфов — македонски етномузиколог, педагог — диригент и музички деец. |
| 1998 | Ален Шепард — американски космонаут. |
| 2001 | Крсте Црвенковски — македонски политичар. |
| 2022 | Уве Зелер — германски фудбалер. |
| 2023 | Тони Бенет — американски џез и поп-пејач. |
Празници
[уреди | уреди извор]| * | Прокопиовден — ден на светецот Прокопиј Ерусалимски |