28 јули
Изглед
28 јули — 209-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (210-и во престапна година). Остануваат 156 денови до крајот на годината.
Настани
[уреди | уреди извор]1821 | Перу прогласува независност од Шпанија. |
1858 | За првпат е употребен отпечаток од прстот како знак за идентификација, и тоа од страна на Вилијам Хершел, во Индија, кога земал отпечаток од извесен Раџадар Конаи. |
1914 | Почна Првата светска војна. По атентатот извршен врз војводата Франц Фердинанд во Сараево, владата на Австроунгарија ја обвини Србија како причина за атентатот и упати ултиматум, кој беше отфрлен. Тоа беше повод Австроунгарија да и објави војна на Србија. Три дена подоцна Германија и објави војна на Русија, а на 3 август и на Франција. |
1937 | Јапонците во текот на Кинеско-јапонската војна го заземаат Пекинг. |
1945 | Во Скопје излезе првиот број на весникот „Трудбеник“, орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегуваше еднаш неделно. |
1976 | Во Тангшан, Кина се случил најсмртоносниот земјотрес во историјата, кој имал магнитуда над 8,2 според Рихтеровата скала, и загинале најмалку 240.000 луѓе. |
Родени
[уреди | уреди извор]
Починале
[уреди | уреди извор]1741 | Антонио Вивалди — истакнат венецијански композитор на преодот од барокот кон класицизмот. |
1750 | Јохан Себастијан Бах — германски композитор — еден од најзначајните композитори во историјата на музиката. |
1794 | Максимилијан Робеспјер — еден од главните водачи на Француската револуција. |
1904 | Никола Каранџулов — македонски револуционер — војвода и учител. Роден е во Прилеп. |
1968 | Ото Хан — германски хемичар и јадрен физичар. Добитник е на Нобеловата награда за хемија. |