Аристотел Оназис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аристотел Оназис
Αριστοτέλης Ωνάσης
Onassis-persia.jpg
Роден15 јануари 1906(1906-01-15)
Смирна, Отоманска Империја
Починал15 март 1975(1975-03-15) (воз. 69 г.)
Франција
ЗанимањеПроизводство на бродови
Сопружник/циАтина Ливанос (в. 1946–60)
Жаклина Кенеди (в. 1968–75)
ДецаАлександар
Кристина
РодниниСократис (татко)
Пенелопа (мајка)
Артемис (сестра)
Калирој (полу-сестра)
Миропа (полу-сестра)

Аристотел Оназис (грчки: Αριστοτέλης Ωνάσης; 15 јануари 1906 - 15 март 1975) бил грчки бизнисмен, познат како еден од најбогатите луѓе на 20 век[1][2]. Тој бил познат бродосопственик. Во почетокот, неговиот бизнис се состоел од изградба на бродови за превоз на нафта.

Оназис е роден на 15 јануари 1906 година, но според некои податоци, тој бил роден во 1900 година[3]. Во текот на 1946 година се оженил за Атина Ливанос, од која имал две деца: Александрос и Кристина. Александрос починал во 1973 година, кога имал 24 години во авионска несреќа, а Христина во 1988 година во Буенос Аирес. Во 1968 година се оженил за Жаклина Бувие, вдовица на починатиот американски претседател Џон Кенеди. Сепак, нивниот брак не бил успешен долго време, а од друга страна пак, Аристотел имал љубовна афера со оперската пејачка Марија Калас.

Единствениот жив наследник на Аристотел е неговата внука Атина. Аристотел починал на 15 март 1975 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Blyth, Myrna (12 August 2004). "Greek Tragedy, The life of Aristotle Onassis". National Review Online. Архивирано од изворникот на 9 March 2009. конс. 5 April 2008.  Text "2008-04-05" ignored (помош)
  2. Smith, Helena, The Guardian, Callas takes centre stage again as exhibition recalls Onassis's life, Retrieved on 5 April 2008.
  3. "The Life of Aristotle Onassis". Greece.org. конс. 26 April 2009.