15 март
Изглед
Предлошка:Март 2026 15 март — 74-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (75-и во престапна година). Остануваат 291 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1776 | Американскиот конгрес донесе одлука за укинување на зависноста од англиската круна. Независноста на САД е прогласена на 4 јули 1776 година. |
| 1993 | ПТТ „Македонија“, вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Република Македонија, ја промовира редовната поштенска марка со мотив на знамето на Република Македонија. |
| 1997 | Во Заир бунтовниците го зазедоа Кисангани, трет по големина град во земјата и последно упориште на владините сили во источниот дел на државата. |
| 2004 | Формирана е Лугола, група на корисници на GNU/Линукс од Битола. |
| 2013 | Ли Кеќанг стапува на функцијата Премиер на НР Кина. |
Родени:
| 1767 | Ендру Џексон — претседател на САД. |
| 1915 | Венко Марковски — македонски и бугарски поет. |
| 1933 | Филип де Брока — француски филмски режисер. |
| 1935 | Ташко Георгиевски — македонски писател. |
| 1940 | Фил Леш — американски рок-музичар, член на групата The Grateful Dead. |
| 1943 | Дејвид Кроненберг — канадски филмски режисер. |
| 1943 | Слај Стоун — американски соул-музичар. |
| 1944 | Јоаким Кин — германски џез-пијанист. |
| 1944 | Иван Ќурковиќ — хрватско-српски фудбалер. |
| 1947 | Рај Кудер — американски гитарист. |
| 1948 | Давид Албахари — српски писател. |
| 1955 | Јасна Злокиќ — хрватска и југословенска поп-пејачка. |
| 1955 | Стив Лиливајт — англиски музички продуцент. |
| 1956 | Иван Јуришиќ — српски фудбалер. |
| 1957 | Виктор Муњос — шпански фудбалер. |
| 1963 | Нели Хупер — британски музички продуцент. |
| 1965 | Мајкл Вотсон — британски боксер. |
| 1968 | Милорад Улемек - Легија — српски командант и атентатор на премиерот на Србија. |
| 1975 | Веселин Топалов — бугарски шаховски велемајстор. |
| 1975 | Ева Лонгорија — американска глумица. |
| 1981 | Брис Гијар — француски мечувалец. |
| 1985 | Константин Бакун — украински и руски одбојкар. |
| 1990 | Драгана Цвииќ — српска ракометарка. |
| 1993 | Пол Погба — француски фудбалер. |
Починале:
| 44 п.н.е. | Гај Јулиј Цезар — римски војсководец, политичар и писател. |
| 220 | Цао Цао — кинески војсководец и државник. |
| 493 | Одоакар — италијански крал. |
| 1903 | Тома Давидов — бугарски офицер. |
| 1937 | Хауард Филипс Лавкрафт — американски писател. |
| 1959 | Лестер Јанг — американски џез-музичар. |
| 1974 | Глигор Смокварски — македонски композитор, кларинетист и музиколог. |
| 1981 | Рене Клер — француски филмски режисер. |
| 1991 | Миодраг Булатовиќ — црногорски и југословенски писател. |
| 1991 | Џорџ Шерман — американски режисер. |
| 1997 | Виктор Вазарели — унгарско-француски сликар. |
| 2006 | Јоргос Ралис — грчки политичар. |
| 2006 | Жозуе Монтело — бразилски писател. |
| 2014 | Скот Ештон — американски рок-музичар, член на групата Стуџис (The Stooges). |
| 2021 | Драгољуб Ѓуричиќ — црногорско-српски рок-музичар. |