Жозуе Монтело

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Жозуе де Соуза Монтело (португалски: Josué de Sousa Montello) (27 август 1917, Сао Луис де Марањао, Бразил - 15 март 2006, Рио де Жанеиро, Бразил) - бразилски писател.

Биографија[уреди | уреди извор]

Жозуе Монтело е роден во Сао Луис де Марањао, каде го стекнал своето образование. Покрај книжевноста, тој се бавел и со политика и бил назначен за амбасадор во УНЕСКО.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Творештвото на Монтело е многу обемно и се состои од повеќе од 100 дела: романи, новели, драмски дела, книги за деца и младинци, хроники, критики и дневници. Тој е добитник на повеќе награди од областа на книжевноста и културата, како: наградата на Бразилската академија на уметноста во 1945 година, за делото „Историја на литературниот живот“; наградата на Националниот книжевен институт за најдобар роман во 1979 година, за делото „Ноќ над Алкантара“; наградата „Гимараеш Роза“ за животно дело во 1998 година итн. Неговите најпознати дела се: „Затворени прозорци“ (1941), „Светлината на згаснатата ѕвезда“ (1948), „Чекори во рајот“ (1965), „Тапаните на Сао Луис“ (1975), „Ноќ над Алкантара“ (1978), „Алелуја“ (1982), „Танц за разделба“ (1992), „Забранетата жена“ (1996), „Непријателите на Мачадо де Асис“ (1998) итн.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 278-279.
  2. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 278-279.