Драмска уметност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Драмска уметност — гранка на сценските уметности што се занимава со изведба на приказни во театар пред публика комбинирајќи инструменти како говор, гест, музика, звук и спектакл. Во продолжение на стандардниот наративен дијалог, театарот завзима такви форми како опера, балет, пантомима, кабуки, класични индиски танци и кинеска опера.

Театарски жанрови[уреди | уреди извор]

Постојат повеќе жанрови што писателите, продуцентите и режисерите можат да ги искористат за да одговорат на различните вкусови. Ова е нецелосна и ексклузивно евроцентрична листа:

„Музички театар“ е театарски жанр во кој главните средства за изведба се пеењето и музиката.

„Фарса“ е комично драмско дело што се користи со многу неверојатни ситуации, стеретипни ликови, екстравагантно претерување и агресивна физичка глума.

„Комедија“ доаѓа од грчкиот збор „комос“ што значи „прослава“. Не мора да значи дека драмата е смешно, но таа се фокусира на проблем што води кон одредена форма на катастрофа која на крајот се разрешува со среќен крај.

„Мелодрама“ е, оригинално, сентиментална драма со музичка подлога. Често приказната е нверојатно и се фокусира на патењето на доброто под рацете на злото, но завршува среќно со победа на доброто. Содржи стандардни ликови како благородниот херој, хероината што патела долго време и ладнокрвниот негативец.

„Трагедија“ е драма што преку сериозен и достоинствен стил ги прикжаува ташните или страшните настани што му се случуваат на или се предизвикани од главниот херој.

„Монолог“ е обично било кој говор од подолго траење што еден лик му го упатува на друг, но како форма на драма, тој подразбира лик што директно и се обраќа на публиката или искажува своите мисли гласно додека е сам или додека другите актери се тивки.

„Театар на абсурдот“ е поим составен од Мартин Еслин и претставува театар во кој ликовите се дел од абсурдни, бесмислени активности. Поврзан со егзистенцијализмот.

Теорија на драмската уметност[уреди | уреди извор]

Во својот романПортрет на уметникот во младоста“, ирскиот писател Џејмс Џојс ја дели уметноста на три облици што произлегуваат еден од друг: лирски облик во кој уметникот ја дава својата слика во непосреден однос кон себеси; епски облик во кој ја дава својата слика во посреден однос кон себеси и кон другите; и драмски облик во кој ја дава својата слика во непосреден однос кон другите. Притоа, драмскиот облик се достигнува кога животната сила ја исполнува личноста толку многу што таа поприма посебен и недофатлив естетски живот. Тогаш, личноста на уметникот престанува да постои и станува безлична. Естестката претстава во драмскиот облик е животот пречистен во човечката фантазија повторно проектиран од неа. Тогаш, уметникот, како Бога, останува во своето дело или покрај или зад или над него, невидлив и облагороден толку многу што повеќе не постои.[1]

Според Карло Рагијанти, кога од книгата се преминува на сцената се јавува нов уметнички род - претставата чиј автор е новиот ликовен уметник - режисерот, додека остатокот, независно дали се работи за „Хамлет“ е само техничко средство, претекст. Во таквите случаи не треба да го бараме авторот на пишаниот збор или тој треба да се бара во библиотеките, зашто во театарот нема да го најдеме. Според него, постои една група режисери, до Станиславски до Копо, која го почитува текстот и ги истакнува неговите поетски квалитети. Но, постои и друга група режисери (Гордон Крејг, Тајров, Меерхолд и Пискатор) за која претставата е сè а текстот е ништо. Според Рагијанти, овие режисери се вистински уметници на претставата. Ваквата поделба имплицитно претпоставува дека постојат два вида театри: театар кој им припаѓа на авторите и театар во кој вистинскиот автор е прикажувачот на делото, кој ги развива и ги степенува визуелните аспекти на театарот.[2] Оттука, во есејот „Уметноста на претставата“ од 1957 година, италијанскиот писател Еуџенио Монтале тврди дека во театарот е присутен очигледен хаос на двосмисленоста, зашто често се бара авторот, а него не го пронаоѓаме. Воопшто, се добива впечаток дека делото напишано за театар однапред е структурално вообличено во една перспектива која не отфрла, туку ја бара помошта на претставата.[3] Слично на тоа, во есејот „Бегство од времето“ од 1958 година, Монтале вели дека попусто го бараме името или гласот на авторот во театарските претстави, зашто вистинскиот автор е екипата што ја поставила театарската машина, која претходно се погрижила делото да го исчисти од остатоците на поезијата.[4]

Во есејот „Немаме од што да се плашиме, но...“ од 1961 година, Еуџенио Монтале тврди дека современиот театар е во агонија, зашто не успева да биде доволно современ, а вистинкиот поетски театар се прифаќа само кога се претвора во спектакл.[5]

Театарот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Театарот се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Džems Džojs, Portret umetnika u mladosti. Beograd: Rad, 1964, стр. 223-224.
  2. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 97-98.
  3. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 99.
  4. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 114-115.
  5. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 135.
  6. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 93-94.
  7. Иван Шопов, Азбука и залутани записи, Темплум, Скопје, 2010.
  8. Михаил Булгаков, Театарски роман. Скопје: Бегемот, 2013.