Гест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бившиот американски претседател Барак Обама гестикулира за време на говор

Гест (латински: gestus = „движење на дел од телото“) — симболично движење со телото за невербално (без употреба на зборови) општење меѓу луѓе.[1][2] Ова движење е најчесто со рацете или главата, но и со други делови од телото или со целото тело. Овој вид движење и општење се нарекува гестикулација.[3][4] Гестовите често можат да бидат придружени со даден израз на лицето (мимика).[5]

Постои огромна книжевност што ги опишува знаците на телото и нивното значење. Меѓутоа, треба да се има на ум дека во различни ситуации и во различни култури, истиот гест може да значи нешто различно. На пример, климањето со главата значи согласност во многу земји, но во други (на пример во Бугарија) значи одрекување или одбивање. Исто така, палецот е знак за „сѐ е во ред“, но во Грција значи „да се замолчи“. Малите деца обично тупкаат со нозете кога сакаат нешто. Одредени видови гестови се сметаат за многу груби и навредливи.[6]

Гест може да значи и „постапка, дело, чин“.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „гест“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. 2,0 2,1 „гест“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „гестикулација“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „гестикулација“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Kendon, Adam. (2004) Gesture: Visible Action as Utterance. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0521835259
  6. Пийз, Алън (2000). Анжела Кьосева (уред.). Езикът на тялото. Скритият смисъл на думите (Първо издание. изд.). София: Издателска къща „Сиела“. ISBN 954-649-286-8. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]