Дете

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Биолошки, дете (множина: деца) е човечко суштество помеѓу фазите на раѓање и пубертет.[1][2] Правната дефиниција на дете генерално се однесува на малолетно лице.

Дете исто така може да се користи за опис на односот со родителот[3] или, метафорички, авторитарна фигура, или за означување на членство во клан, племе или религијата; тоа исто така може да се однесува на некој силно погоден од одредено време, место или околност, како во термините "дете на природата" или "дете на шеесеттите години".[4]

Постојат многу социјални проблеми кои влијаат врз децата, како што се образованието, малтретирањето, сиромаштијата, дисфункционалниите семејства, детскиот труд, гладот и бездомништвото. Децата можат да бидат одгледани од родителите, старателите или делумно во дневен центар.

Правни, биолошки, социјални дефиниции[уреди | уреди извор]

Деца играјќи си со топка, римско дело, 2-ри век од н.е.

Законски, терминот "дете" може да се однесува на секој под старосната граница. Конвенцијата за правата на детето на ОН го дефинира детето како "човечко суштество под возраста од 18 години, освен ако според законот кој се применува за детето не е одредено поинаку".[5] Ова е ратификувано од страна на 192 од 194 земји-членки. Терминот "дете" исто така може да се однесува на некој под друга законски дефинирана старосна граница неповрзана со возраста на полнолетство. Во Сингапур, на пример, "дете" е правно дефинирано како некој под 14 години според "Акт за децата и младите личности" додека возраста на мнозинство е 21.[6][7] Според Законот за имиграција на САД, зборот дете се однесува на секој  под 21 година.[8]

Биолошки, дете е секој помеѓу раѓањето и пубертетот. Во многу култури, детето се смета за возрасна личност по доживувањето на обред за премин, кој обично но не и секогаш соодветствува со времето на пубертетот.

Децата обично имаат помалку права од возрасните и се класифицирани како неспособни за донесување на сериозни одлуки и законски секогаш мораат да биде под заштита на одговорна возрасна личност, родител или не. Признавањето на детството како состојба различна од возрасноста почна да се појавува во 16-тиот и 17-тиот век. Општеството почна да се однесува кон децата не како минијатурни возрасни личности, туку како личност на пониско ниво на зрелост со потреба од возрасна заштита, љубов и грижа. Оваа промена се забележува во уметничките дела: Во Средниот век, децата биле прикажани во уметноста како минијатурни возрасни личности без детски карактеристики. Во 16-тиот век, сликите на децата почнаа да се стекнуваат со посебен детски изглед. Од доцниот 17-ти век па наваму, децата биле прикажани како си играат со играчки, а литературата за деца исто така почна да се развива во овој период.[9]

Развој[уреди | уреди извор]

Секое дете поминува низ повеќе фази на социјален развој. Едно доенче или многу мало дете може да си игра само среќно. Потоа, детето може да си игра со друго дете, постепено учејќи да споделува. Групата расте се поголема, на три или четири деца. Пред да влезе во градинка, детето обично може да се приклучи и да ужива во групните искуства.[10]

Како што децата растат, тие изучуваат како да прават некои нешта по хронолошки редослед. Тие учат како да ги приоризираат нивните цели и активности. Нивното однесување се менува како што тие учат нови перспективи од другите луѓе. Тие учат како да претставуваат некои работи симболично и се учат на нови однесувања.[11]

Здравје[уреди | уреди извор]

На децата со ADHD и попречености при учењето им е потребна дополнителна помош за да развијат социјални вештини. Импулсивните карактеристики на детето со ADHD можат да доведат до лоши односи со врсниците.[12] Здравствените проблеми што влијаат врз децата понекогаш зависат и од полот; на пример, момчиња имаат поголема веројатност да бидат дијагностицирани со аутизам од девојчињата.[13]

Возраст на одговорност[уреди | уреди извор]

Возраста на која децата се сметаат за одговорни за нивните социјални дејства (на пример бракот, гласањето итн.) исто така се има променето со текот на времето и тоа е рефлектирано во начинот на кој тие се третираат според законот. Во римското време, децата се сметале за неодговорни за кривични дела, позиција подоцна усвоена од страна на Црквата. Во 19-тиот век, се сметало дека децата помлади од 7 години не се способни за криминал. Децата на возраст од 7 нагоре се сметале за одговорни за своите постапки. Затоа, тие би можеле да се соочуваат со кривични пријави, да отидат во затвор и биле казнувале како возрасни со бичевање, брендирање или бесење.[14] Денес, во многу земји како Канада и САД, децата на 12 години се сметаат за одговорни за своите постапки. Тие можат да бидат испратени во посебни воспитно-поправни институции.

Истражувањата откриле дека најмалку 25 земји ширум светот немаат специфирана возраст за задолжително образование. Минималната возраст за вработување и склучување на брак исто така се разликуваат низ светот. Во најмалку 125 земји, децата на возраст од 7 до 15 можат да одговараат пред суд и ризикуваат казна затвор за кривични дела. Старосната граница за доброволна/задолжителна воена служба исто така е спорна на меѓународно ниво.[15] Во некои земји, децата се законски обврзани да одат на училиште до 14 или 15 години, но можат да работат пред таа возраст. Правото на образование на децата е загрозено од раниот бракот, детскиот труд и затворот.[16]

Морталитет кај децата[уреди | уреди извор]

Морталитетот на доенчињата во светот во 2012 година.[17]

За време на почетокот на 17-тиот век во Англија, животниот век беше само околу 35 години, во голема мера бидејќи две третини од сите деца починале пред возраст од 4 години.[18] Во текот на индустриската револуција, животниот век на децата драматично се зголеми.[19]

Според здравствените експерти, стапката на морталитет кај децата паднала остро од 1990-тите години. Околу 12.6 милиони деца под 5-годишна возраст загинале годишно во светот во 1990 година, а 6.6 милиони во 2012 година. Стапката на морталитет кај доенчињата бележи пад од 90 смртни случаи за секои 1,000 раѓања во 1990 година, на 48 во 2012 година. Највисок просек на стапката на морталитет кај доенчињата има во супсахарска Африка, со 98 смртни случаи за секои 1,000 живородени деца - двојно над светскиот просек од 48.

Образование[уреди | уреди извор]

Образованието, во општа смисла, се однесува на акт или процес на стекнување на општи знаења, развој на моќта на расудување и резонирање и интелектуална подготовка за возрасниот живот.[20] Формалното образование најчесто се одвива преку школувањето. Правото на образование е признато од страна на некои влади. На глобално ниво, Член 13 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права на Обединетите нации од 1966 година го признава правото на образование на секое лице.[21] Образованието е задолжително во повеќето места до одредена возраст, но не и присуството на училиште, со што се дадени алтернативни опции како домашното школување или e-учењето кои се признаваат како валидни форми на образование во одредени јурисдикции.

Децата во некои земји (особено во делови од Африка и Азија) често не одат на училиште, или присуствуваат само за кратки периоди. Податоците од УНИЦЕФ укажуваат на тоа дека во 2011 година, 57 милиони деца не одат на училиште; и повеќе од 20% од африканските деца никогаш не посетувале основно училиште или прекинале да одат на училиште пред завршувањето на основното образование.[22] Според извештај на ОН, војните спречуваат 28 милиони деца во светот од добивање на образование, поради ризикот од сексуално насилство и напади во училиштата.[23] Други фактори кои ги држат децата надвор од училиштето вклучуваат сиромаштија, детски труд, социјални ставови и долги растојанија до училиштето.[24][25]

Во 2017, студија на професорот Андреј Цимпиан укажува дека девојчињата на возраст од 6 години можат од општеството да добијат порака дека "генијот" е поверојатно да се најде меѓу машките. Студијата исто така укажа дека ова води до родови стереотипи.[26]

Ставови кон децата[уреди | уреди извор]

Група на момчиња во Питстон, Пенсилванија, 1911 година. Детскиот труд беше многу честа појава во САД и во Европа во доцниот 19-ти и раниот 20-ти век. Во моментов, стапките на детскиот труд се високи во Африка.

Социјалните ставови кон децата се разликуваат низ светот во разните култури. Овие ставови се менуваат со текот на времето. Студија од 1988 година за европските ставови за централноста на децата пронајде дека Италија е повеќе дете-центрична а Холандија помалку дете-центрична, со други земји, како што се Австрија, Велика Британија, Ирска и Западна Германија измеѓу нив.[27]

Во 2013 година, стапките на детскиот брак достигнале 75% во Нигер, 68% во Централна Африканска Република и Чад, 66% во Бангладеш и 47% во Индија.[28]

Заштитата на децата од злоупотреба се смета за важна современа цел. Ова ја вклучува и заштитата на децата од експлоатација, како што е детскиот труд, трговијата со деца и продажбата, детската сексуална злоупотреба, вклучувајќи детска проституција и детска порнографија, искористување на децата за воени цели и нелегалните посвојувања. Постојат неколку меѓународни инструменти за овие цели, како што се:

  • Worst Forms of Child Labour Convention
  • Minimum Age Convention, 1973
  • Optional Protocol on the Sale of Children, Child Prostitution and Child Pornography
  • Council of Europe Convention on the Protection of Children against Sexual Exploitation and Sexual Abuse
  • Optional Protocol on the Involvement of Children in Armed Conflict
  • Hague Adoption Convention
  • Directive 2011/92/EU of the European Parliament and of the Council од 13 декември 2011 година за борба против сексуалната злоупотреба и сексуалната експлоатација на децата и детската порнографија.[29]

Итни случаи и конфликти[уреди | уреди извор]

Итните случаи и конфликти претставуваат детриментални ризици за здравјето, безбедноста и добросостојбата на децата. Постојат многу различни видови на конфликти и итни случаи, на пример, насилство, вооружен конфликт, војна, природни непогоди итн. Во 2010 година околу 13 милиони деца биле раселени поради вооружени конфликти и насилство ширум светот.[30] Каде што насилните конфликти се норма, животите на младите деца се значително нарушени и нивните семејства имаат големи тешкотии при понудата на чувствителна и доследна грижа потребна за здравиот развој на детето. Студиите за ефектот на итните случаи и конфликти врз физичкото и менталното здравје на децата од раѓање до 8 години покажуваат дека кога катастрофата е норма, стапката на PTSD е присутна кај 3 до 87 проценти од засегнатите деца.[31] Сепак, стапките на PTSD кај децата кои живеат во хронично конфликтни услови варира од 15 до 50 проценти.[32][33]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Child". TheFreeDictionary.com. конс. 5 January 2013. 
  2. "Child". Oxford University Press. конс. 5 January 2013. 
  3. "For example, the US Social Security department specifically defines an adult child as being over 18". Ssa.gov. Архивирано од изворникот на 1 October 2013. конс. 9 October 2013. 
  4. "American Heritage Dictionary". 7 December 2007. Архивирано од изворникот на 29 December 2007. 
  5. "Convention on the Rights of the Child" The Policy Press, Office of the United Nations High Commissioner for Human Rights
  6. "CHILDREN AND YOUNG PERSONS ACT". конс. 20 October 2017. 
  7. "Proposal to lower the Age of Contractual Capacity from 21 years to 18 years, and the Civil Law (Amendment) Bill". Singapore: Ministry of Law. конс. 21 October 2017. 
  8. 8 U.S.C. § 1101(b)(1)
  9. . "Essays on childhood". Elizabethi.org. конс. 9 October 2013. 
  10. "Socialization stages". Childdevelopmentinfo.com. Архивирано од изворникот на 28 March 2014. конс. 9 October 2013. 
  11. "Why Children Need Play | Scholastic". конс. 2017-11-16. 
  12. "Socialization stages". Childdevelopmentinfo.com. Архивирано од изворникот на 28 March 2014. конс. 9 October 2013. 
  13. Dworzynski, Katharina, et al. "How different are girls and boys above and below the diagnostic threshold for autism spectrum disorders?." Journal of the American Academy of Child & Adolescent Psychiatry 51.8 (2012): 788-797
  14. Fikadu Satena. "Juvenile courts". Law.jrank.org. конс. 9 October 2013. 
  15. Yun, Seira (2014 г). Breaking Imaginary Barriers: Obligations of Armed Non-State Actors Under General Human Rights Law – The Case of the Optional Protocol to the Convention on the Rights of the Child. „Journal of International Humanitarian Legal Studies“ том  5 (1-2): 213–257. 
  16. Melchiorre, A. (2004) At What Age?...are school-children employed, married and taken to court?
  17. Infant Mortality Rates in 2012 , UNICEF, 2013.
  18. W. J. Rorabaugh, Donald T. Critchlow, Paula C. Baker (2004). "America's promise: a concise history of the United States". Rowman & Littlefield. p.47.
  19. "Modernization - Population Change". Encyclopædia Britannica.
  20. "Education | Define Education at Dictionary.com". Dictionary.reference.com. конс. 3 August 2014. 
  21. ICESCR, Article 13.1
  22. "Out-of-School Children Initiative | Basic education and gender equality". UNICEF. конс. 3 August 2014. 
  23. "BBC News - Unesco: Conflict robs 28 million children of education". Bbc.co.uk. 1 March 2011. конс. 3 August 2014. 
  24. "UK | Education | Barriers to getting an education". BBC News. 10 April 2006. конс. 3 August 2014. 
  25. Melik, James (11 October 2012). "BBC News - Africa gold rush lures children out of school". Bbc.com. конс. 3 August 2014. 
  26. Gallagher, James. „Girls feel 'less talented' by age six“, „BBC News“, 27 јануари 2017. (на en-GB)
  27. "Rachel K. Jones and April Brayfield, Life's greatest joy?: European attitudes toward the centrality of children. Social Forces, Vol. 75, No. 4, Jun 1997. 1,239-69 pp. Chapel Hill, North Carolina". Popindex.princeton.edu. конс. 9 October 2013. 
  28. Child brides around the world sold off like cattle“, USA Today, 8 март 2013.
  29. Official Journal of the European Union
  30. UNICEF. 2010. The State of the World’s Children Report, Special Edition. New York, UNICEF.
  31. Shannon, M. P., Lonigan, C. J., Finch, A. J. and Taylor, C. M. 1994. Children exposed to disaster: I. Epidemiology of post-traumatic symptoms and symptom profiles. Journal of American Academy of Child and Adolescent Psychiatry, Vol. 33, pp. 80-93.
  32. De Jong, J. T. V. M. 2002. Trauma, War, and Violence: Public Mental Health in Socio Cultural Context. New York, Kluwer.
  33. Marope, P.T.M.; Kaga, Y. (2015). Investing against Evidence: The Global State of Early Childhood Care and Education. Paris, UNESCO. стр. 118–125. ISBN 978-92-3-100113-0. http://unesdoc.unesco.org/images/0023/002335/233558E.pdf.