Детето (филм од 1921)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Детето (англиски: The Kid) - американски филм од 1921 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Џеки Куган (Jackie Coogan), Една Пурвианс (Edna Purviance) и Хенри Бергман (Henry Bergman).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Една жена (ја игра Пурвианс) се породува и бебето го остава во автомобилот пред една богата куќа. Двајца крадци го крадат автомобилот, а потоа, кога го забележуваат бебето, него го оставаат на улица. Еден скитник (го игра Чаплин) случајно поминува тука и го наоѓа бебето. Најпрвин, тој се обидува да се ослободи од бебето, но притиснат од полицаецот, на крајот е принуден да го земем бебето дома и да се грижи за него. Во меѓувреме, мајката на бебето станува голема ѕвезда, која одвреме-навреме им помага на сиромашните. Еднаш, таа доаѓа во сиромашниот кварт и таму го среќава својот син (но, воопшто не претпоставува дека се работи за нејзиното дете), кому му поклонува играчка.

Кога детето се разболува, скитникот му кажува на лекарот како го пронашол детето и му ја покажува хартијата со пораката на мајката на детето во која таа замолува за нега на бебето. Лекарот пријавува во социјалната служба и во домот на скитникот доаѓаат социјалните работници, кои сакаат да го однесат детето во домот за сираци. Скитникот со сета сила се бори со нив и со полицаецот и успева да го земе детето, но тие повеќе не смеат да се вратат дома. Во меѓувреме, мајката на детето повторно доаѓа во сиромашниот кварт и таму го среќава лекарот, кој ѝ ја покажува белешката што ја напишала таа. Затоа, преспиваат во едно евтино преноќиште, каде што сопственикот дознава од весникот за изгубеното дете. Ноќта, тој го грабнува детето и го носи во полициската станица, а утредента доаѓа мајката за да си го земе детето. Очајниот скитник доаѓа пред својот дом и заспива на тротоарот, сонувајќи дека е во рајот. Тогаш, него го буди полицаецот, кој го става во автомобилот и го носи во куќата на мајката на детето. Така, скитникот повторно се среќава со детето.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]