Зоки Поки
Автор | Оливера Николова |
---|---|
Илустратор | Јана Андреевска (Издание на „Детска радост“, 2004) |
Земја | СР Македонија, СФРЈ |
Јазик | македонски |
Жанр | раскази за деца |
Издавач | Детска радост |
Издадена | 1963 |
ISBN | 9989-30-489-0 (Издание на „Детска радост“, 2004) Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN. |
„Зоки Поки“ — книга за деца од македонската писателка Оливера Николова.
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата содржи 31 расказ:[1]
- Кој е Зоки Поки и, ако сакате да го запознаете, каде можете да го најдете
- Во бањата
- Нефатливиот Зоки Поки
- Како брои Зоки Поки
- Со што може да купи сиот свет
- Зошто е масата?
- Големата авантура на Фигаро
- На улица
- Кој бил кукавица!
- Зоки Поки беше в парк
- Приказна за тажниот петел
- Гостин од село
- Кога бабата се лути
- Грижа
- Жешка супа
- Игра
- И мечето има грип
- Зоки се жртвува
- Што е смешно
- Новогодишна згода
- Цртеж
- Во зоолошката градина
- Според заслугата
- Зоки денгуба
- Зошто плаче Зоки?
- Колачиња
- Балон
- Големото патување
- Волшебната цреша
- Какво лето!
- Откритие
Изданија
[уреди | уреди извор]Првобитно, книгата била објавена во 1963 година од страна на „Детска радост“, а потоа следувале голем број изданија. Во текот на долг период, книгата била задолжителна лектира за учениците од основните училишта во Македонија. Исто така, „Зоки Поки“ е преведена на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, албански и германски јазик.[2]
- Издание на „Детска радост“ од 2004 година: Книгата, со димензии од 20 сантиметри и обем од 100 страници, е отпечатена во мек повез, во печатницата „Напредок“ во Тетово. Автор на илустрациите е Јана Андреевска, дизајнот и ликовно-графичкото уредување го направил Жарко Туниќ, додека Дениз Тесторидес ги направил лектурата и коректурата. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-489-0.[3]
За делото
[уреди | уреди извор]Уште при првото издание, книгата добила многу поволни критики и била означена како големо освежување во македонската детска литература. За неа, Јадранка Владова истакнала: „Зоки Поки“ е вистински текст-меѓник и несомнена иновација во македонската книжевност за деца... текст кој, пред сè, го почитува детето... прекрасен текст за раснењето... за универзалните, за општите места на детството...[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004.
- ↑ Јадранка Владова, „Божемните девојки на Марко“, во: Оливера Николова, Девојките на Марко. Скопје: „Култура“, 2001, стр. 130.
- ↑ Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004.
- ↑ Јадранка Владова, „Божемните девојки на Марко“, во: Оливера Николова, Девојките на Марко. Скопје: „Култура“, 2001, стр. 129-130.
|