Светлосна година (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Светлосна година
АвторОливера Николова
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман за деца и млади
Издадена
1998
Медиумпечатено издание

Светлосна година — роман за млади на македонската писателка Оливера Николова, првобитно издаден во 1998 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Внимание: Овој дел од статијата обелоденува содржина на книгата.

Напишана во прво лице, со јас раскажувачот Арна, Македонка во Виена, Австрија, авторката го следи животниот пат на Арна и Вили, нивната љубовна приказна, инспирирана од вистинска случка. Авторката ја пишува имајќи ги пред себе двете писма: писмото на Арна Савеска кое го чувал Вили и писмото на Вили Холер кое го чувала Арна. Во обраќањето на авторката на почетокот до читателите, таа пишува дека тие немаат повеќе потреба да се допишуваат, бидејќи се сакаат отворено, како што треба да се сакаат двајца млади луѓе. Книгата авторката ја посветува на Л. Насловот „Светлосна година“ пак е објаснет со дефиницијата од физиката- растојанието кое го поминува светлината за време на една година, а што е симбол на оддалеченоста на двата света, Австрија и животот на печалбарите-дојденци од Македонија. Книгата е напишана со лесен и ненаметлив стил, едноставен за следење на дејството/дејствата, близок до младите од сите времиња. Напишан во 1998, романот е современо и интересно четиво, и може да го задржи вниманието на младиот читател.[1]

Поглавја[уреди | уреди извор]

Романот започнува со поглавјето „Арна“ во кое се запознаваме со главната хероина, Арна, која во јас форма раскажува за „мачното снаоѓање на нашите луѓе во друга средина, проследено со потценување на сопствените вредности и чувството за неприпадност. Осознавањето токму на спротивното: дека различноста е преценета во однос на истоста на сите човечки битија е вистинската порака на „Светлосна година“. Љубовта и разбирањето на Другиот се решение на нашето време и на состојбите во кои не фрла животот“- пишува Оливера Ќорвезировска претставувајќи го новото издание на романот на Арс Ламина.[2]

Второто поглавје е „Трајче без чичко“ лик кој ги доосветлува првичните случувањата меѓу Арна и Вили, но и ја контрастира срамежливата и несигурна Арна со гордоста на Трајче за своето потекло.[3]

Третото поглавје е насловено „Симон“, кој е третиот лик на печалбар, кој авторката го внесува за да фрли отсјај на соништата на младите од втората генерација печалбари, кои сакаат да се вклопат во општеството во новата земја.[4]

„Вера“ е четвртото поглавје на книгата, лик на девојка која доаѓа да ја освои Австрија со својот талент за уметничко лизгање, а чиј татко врши истражувања на македонските иселеници во австрискиот архив.[5]

Петтото поглавје е „Вили“, дел во кој се дознава потеклото на Вили и мотивот за неговите постапки.[6]

Светлосна година претставува извонредно дело на македонската авторка Оливера Николова, и е топла приказна на љубовта и себепронаоѓањето.

Изданија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Оливера Николова, Светлосна година, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2021 .
  2. Оливера Николова, Светлосна година, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2021 стр. 7-62.
  3. Оливера Николова, Светлосна година, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2021 стр. 63-103.
  4. Оливера Николова, Светлосна година, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2021 стр. 104-142.
  5. Оливера Николова, Светлосна година, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2021 стр. 143-180.
  6. Оливера Николова, Светлосна година, Скопје, Арс Ламина публикации, Либи, 2021 стр. 181-198.
  7. Оливера Николова, Светлосна година, Скопје, Арс ламина, 2021

Поврзано[уреди | уреди извор]