Самохран родител

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Самохран родител — термин кој се однесува на случај кога еден од родителите, од објективни или субјективни причини, сами се грижат за своето дете или деца. Во објективни причини спаѓаат: смртта на брачниот другар, доверување на детето на еден од родители и да се грижи после разводот, по разводот, болест на партнерот, долг период на отсуство поради извршување на казна, воена служба, итн. Во субјективни причини се вбројуваат околностите на раѓање на детето надвор од бракот или вештачко оплодување на жената под услов таткото да остане непознат.  Околноста за само еден родител да се грижи за децата може да биде отежнувачка само во случаи кога еден од родителите, иако за тоа има можност, одбива финансиски и на друг начин да учествува во издржувањето и воспитувањето на детето. Во некои земји, поради недостаток на државна грижа и помош, самохраните родители се здружуваат во свои здруженија.

Во Македонија, на 8 мај 2016 година е формирано здружение на самохрани мајки „Една може“[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]