Астрид Линдгрен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Астрид Ана Емилија Линдгрен (14 ноември 1907 година - 28 јануари 2002 година) била шведска писателка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Линдгрен во 1924 година

Астрид Линдгрен пораснала во Нас, во близина на Вимберби, Смајланд, Шведска, а многу од нејзините книги се засноваат на сеќавањата и пејзажите од нејзиното семејство и од детството. Таа била ќерка на Самуел Август Ериксон (1875-1969) и Хана Џонсон (1879-1961), а имала две сестри, Стина и Ингегерд, и еден брат, Гунар, кој станал член на шведскиот парламент. По завршувањето на училиштето, Линдгрен се вработила во еден локален весник во Вимберби. Таа имала врска со главниот уредник, кој бил оженет и кој на ѝ предложил брак во 1926 година, откако таа забременила. Меѓутоа, таа ја одбила понудата и се преселила во Стокхолм, учејќи дактилографија и стенографија (подоцна, таа ги напишала повеќето свои нацрти во стенографија). Откако го родила синот Ларс во Копенхаген, таа го оставила во згрижувачко семејство. Линдгрен работела во Уредувачкиот одбор за детска литература во издавачката куќа „Rabén & Sjögren“ во Стокхолм.

Творештво[уреди | уреди извор]

Атсрид Линдгрен почнла да пишува сосема случајно, кога нејзината малечка ќерка Карин, додека лежела болна, побарала да ѝ раскажува приказни за Пипи Долгиот Чорап, ликот кој во тој миг го измислила таа. Според зборовите на Линдгрен, „бидејќи ќерка ми и другите деца што ги слушаа моите приказни ја засакаа Пипи и ме поттикнуваа сè повеќе да им раскажувам, еден ден седнав и почнав да ги запишувам моите приказни...“ Нејзината прва книга за деца е „Брит-Мари се наоѓа себеси“, објавена во 1944 година.[1]

Линдгрен напишала повеќе околу 50 книги за деца и сликовници, а најпознати нејзини дела се: „Пипи Долгиот Чорап“ (1945), „Емил и Ленеберга“, „Карлсон на покривот“ (1958) и „Шесте деца на Булбери“, „Мио, мојот син“, „Рона, ќерката на крадецот“ (1981) и „Браќата Лионхарт“. Во јануари 2017 година, таа била прогласена за 18-тата најпреведувана авторка во светот,[2] и четвртата најпреведувана писателка за деца по Енид Блитон, Ханс Кристијан Андерсен и Браќата Грим. Нејзините книги се продадени во околу 165 милиони примероци ширум светот. Освен книги за деца, Линдгрен е авторка и на неколку драми и филмски сценарија. Таа е добитничка на повеќе награди во Шведска, на германската награда за книга за деца, а во 1958 година ја добила и меѓународната награда Андерсен.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Белешка за авторот“, во: Астрид Линдгрен, Пипи Долгиот Чорап. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 209.
  2. „UNESCO's statistics on whole Index Translationum database“. Databases.unesco.org. Посетено на 22 February 2014.