Карлсон од покривот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Карлсон од покривот или Карлсон кој живее на покривот (шведски: Lillebror och Karlsson på taket) - книга за деца на шведската писателка Астрид Линдгрен, првобитно објавена во 1955 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Повеста се состои од следниве глави:[1]

  1. Карлсон што живее на покривот
  2. Карлсон гради кула
  3. Карлсон си игра на шатор
  4. Карлсон се обложува
  5. Палавштините на Карлсон
  6. Карлсон - сениште
  7. Карлсон игра на сцена со дресираното куче Алберг
  8. Карлсон на роденден

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Повеста „Карлсон од покривот“ е објавена на македонски јазик во 1978 година од издавачката куќа „Детска радост“, како дел од книгата „Повести за Карлсон“ која ги содржи трите повести. Книгата е издадена како деветти наслов во едицијата „Ѕуница“, а преводот од руски јазик го направил Евтим Манев. Автор на кориците и на внатрешните илустрации е Владо Јоциќ. Книгата е отпечатена во печатницата на НИП „Нова Македонија“ во тираж од 2 000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Астрид Линдгрен, Повести за Карлсон. Скопје: Детска радост, 1978.
  2. Астрид Линдгрен, Повести за Карлсон. Скопје: Детска радост, 1978.