Прејди на содржината

Копенхаген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Копенхаген
København
Лого на Копенхаген
грб
Копенхаген is located in Данска
Копенхаген
Копенхаген
Местоположба во Данска
Координати: 55°40′34″N 12°34′06″E / 55.67611°N 12.56833°E / 55.67611; 12.56833
Површина
  Градска88,25 км2 (3,407 ми2)
  Метро3.030 км2 (1,170 ми2)
Население (2012)[1][2]
  Градско551,900
  Густина0,063/км2 (0,16/ми2)
  Градскo1,213,822
  Метро1,937,611
  Метро639/км2 (1,660/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоkk.dk
Стар дел на Копенхаген
Копенхаген ноќе
Новото пристаниште

Копенхаген (дански København [købm̩ˈhɑwˀn] ( слушнете)) е главниот и најголем град на Данска. Се наоѓа на источниот брег на островот Зеланд и мал дел на островот Амагер. Според податоците од 2025 година, во пошироката градска зона живеат околу 1,4 милиони жители.

Копенхаген е политички, стопански и културен центар на Данска. Последните децении, со зацврстување на соработката со Шведска, Копенхаген, заедно со шведскиот град Малме, станал средиште на поголемото подрачје на Ересунд со околу 3,8 милиони жители. Ова е една од најразвиените области во Европска Унија.

Копенхаген веќе со години е еден од градовите со најквалитетен живот. Воедно и еден од најскапите градови на светот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Среден век

[уреди | уреди извор]

Градското подрачје било населено уште од праисториско време. Денешната населба била основана на почетокот на 11. век од Свен Рашљобрали. Во 1167 година, покрај постоечките рибарски и пристанишни населби, бил изграден замок, на место на денешниот дворец Кристијанборг, тогаш местото добива карактеристики на град. Градот набрзо станал важно пристаниште, при што се зачувал коренот на името на градот (-havn значи пристаниште). Затоа, 1167 година се смета за година на основање на Копенхаген. Со повелбата од Јакоб Ерландсен, од 1245 година, Копенхаген и официјално станува град. Истовремено, градот е важен трговски центар, па затоа бил честа мета на Ханзата. Копенхаген станува престолнина на Данска во 15 век, кога доаѓа до преместување на дотогашната престолнина од Роскилде.

Од времето на преместување на престолнината во Копенхаген градот ја утврдува својата положба, но и на данското стопанство и култура. Од 1658-1659 година градот успешно се одбранил од нападот на Шведска. Меѓутоа, во 1711 година, градот го зафатила чумата. Дошло до голем помор, при што населението од тогашните 65,000 жители е сведено на една третина.

Современ век

[уреди | уреди извор]

Во двете битки, во 1801 и 1807 година, Данско-Норвешката флота доживеала голем пораз во битка кај Копенхаген, од страна на британската флота. Во исто време градот многу настрадал, притоа загинале и многу граѓани. И покрај тоа, во следните неколку децении од 19 век, градот и целата држава забележуваат забрзан развој и брз пораст на населението, градското население значително се зголемило. Во текот на втората светска војна, Копенхаген бил окупиран, како и останатиот дел од државата. И покрај окупацијата, Копенхаген и Данска настрадале далеку помалку отколку многу од другите окупирани области во Европа. После војната настапува период на забрзано обновувување и осовременување на градот. Во 1961 година отворена е првата пешачка улица на светот, Строгет, и од тогаш се работи на брзо развивање на пешачки зони. Од 2000 година, Копенхаген е поврзан со шведскиот град Малме, Ересундскиот мост (мост-тунел). Последните неколку децении Копенхаген се смета за еден од најдобрите градови во светот за живот, и покрај високите животни трошоци.

Географија

[уреди | уреди извор]

Положба на градот

[уреди | уреди извор]

Географската положба на Копенхаген е доста поволна. Копенхаген се наоѓа на најјужниот проток Ересунд, кој ги одвојува Категат и Скагерак, односно Балтичко Море и Северно Море. На тој начин Копенхаген се наоѓа на средина на Северна Европа (Скандинавија). Најблискиот поголем град до Копенхаген е шведскиот град Малме, преку мореузот, 40 км источно, со спој на новиот Ересунд со мост-тунел. Од вториот по големина град во државата, Орхус, Копенхаген е оддалечен 300 километри источно. Од Берлин, Копенхаген е оддалечен 430км северно, а од Стокхолм 660км југозападно.

Копенхаген се наоѓа на источниот брег на големиот дански остров Зеланд, на местото каде најмногу се доближува до Скандинавски Полуостров. Помалиот дел од градот се наоѓа на островот Амагер, кој од Зеланд е раздвоен со т.н. Голем Канал. Надморската височина на градот се движи од 0 до 30 метри.

Климата во Копенхаген е умерено-континентална под влијание на Атлантски Океан и топлата Голфска струја. Затоа градот е окарактеризиран со блага и пријатна клима. Просечната годишна температура е 8°С. Најниската просечна температура во февруари е -1°С, а најголема во јули и август е 17°С. Годишната количина на врнежи се движи околу 613мм.

Копенхаген се развил како морско пристаниште на протокот Ересунд помеѓу Северно Море и Балтичко Море. Морето и денес е главен виновник за развој на градот (стопанството, градски превоз со многубројни канали и пристаништа).

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 17 век, Копенхаген бил еден од најголемите градови во Европа, но подоцна бил потиснат. Во текот на втората половина на 19 век и пред половината на XX век, градот брзо растел, зголемувајќи го бројот на населението неколкупати. По втората светска војна, бројот на населението полека растел, а подоцна и стангирал. Во тоа време, започнал раст во предградијата на Копенхаген. Денес (2025г.) во градските граници живеат околу 660.000 жители, а во поширока градска зона околу 1,4 милиони.

Етнички состав

[уреди | уреди извор]

Населението на Копенхаген до пред неколку децении било готово исклучително етнички данско. Меѓутоа, бројните доселеници од странските земји изменет е составот на населението, започнувајќи во 1967 година, кога се поканат странски работници (гастарбајтери). Исто така, денес во Копенхаген преку 21% од населението се родени во странство (7% од ЕУ и 14% од ЕУ), и тоа значајно повеќе од просекот на државата.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Копенхаген е „стопанското срце“ на Данска. Градот и денес е големо пристаниште, а последните децении особено се развиле дејности од областа на работењето, трговијата и услугите. Тука сите важни светски компании имаат свои претставништва.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Во Копенхаген покрај С-возот и автобуските линии постојат и 3 линии од подземната железница, т.е. метро.

Знаменитости на градот

[уреди | уреди извор]

Копенхаген има добро сочуван стар градски алтштат со препознатлив „скандинавски дух“ (едноставни фасади и живи бои, канали, готски цркви и сл.). Градот има и една од најголемите пешачки зони, која истовремено е најстара на светот и претставува гордост на градот.

Кружната кула во градот претставува една од главните туристички знаменитости на Копенхаген. Таа се наоѓа во самиот центар на градот. Заедно со неа е изградена и Црква Света Троица. Државното собрание бил некогашен двор на данското кралство, а во денешно време седиште на законодавството и министерството за надворешни работи. Монументалната зграда на Берзата се наоѓа на брегот на каналот Фредериксхолм. Зградата се одликува со шилести врвови со спирален облик, кој го сочинуваат четири вплетени змеовски опашки.

Копенхаген како мотив во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Копенхаген“ (англиски: Copenhagen) — песна на американскиот поп-пејач Скот Вокер.[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Statistics Denmark: Copenhagen City/Urban Area (Københavns Kommune, Hovedstadsområdet), 2012 (tables: FOLK1, BEF44)“. Statistics Denmark. Архивирано од изворникот на 2013-08-22. Посетено на 17 August 2012.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „OECD: Territorial Review Copenhagen, 2009, p. 34“. Københavns Kommune. Архивирано од изворникот на 19 January 2012.
  3. Scott Walker – Scott 3 (пристапено на 10.1.2024)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]