Сент Хелиер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сент Хелиер
Saint Helier / Saint-Hélier / Saint Hélyi
парохија
Saint Hélyi panoranmique 2.jpg
Saint Hélyi pèlerinnage 2011 08.jpgJersey Girl sculpture Saint Helier 2010 q.jpg
Jersey Opera House 2013 2.jpgSaint-Hélier - Cenotaph 20160706.jpgKing Street Jersey 2012 2.JPG
Caûchie d'la Ville Saint Hélyi Jèrri Janvyi 2010 e.jpgElizabeth Castle.jpg
Bangnérêsse du Hâvre des Pas Jèrri Octobre 2009.jpg
Глетки на Сент Хелиер
Знаме на Сент Хелиер
Знаме
Грб на Сент Хелиер
Грб
Парохијата Сент Хелиер во рамките на Џерси
Парохијата Сент Хелиер во рамките на Џерси
Крунски поседЏерси, Каналски Острови
Управа[1]
 • НачалникСајмон Кроукрофт
Површина
 • Вкупна10,6 км2 (41 ми2)
Население (2011)
 • Вкупно33,500
 • Густина0,32/км2 (0,82/ми2)
Часовен појасGMT
 • Лете (DST)UTC+01 (UTC)
Пошт. округJE2
Оддел3 и 4
Мреж. местоsthelier.je

Сент Хелиер (англиски: Saint Helier; француски: Saint-Hélier; нормандски: Saint Hélyi) — главен град на островот Џерси од групата Каналски Острови во Ламанш и една од неговите парохии (општини). Има население од 33.500 жители или 34,2 % од населението на Џерси. Иако е главен град на Џерси, самата управа е сместена во Сент Сејвиор, кој е во продолжение. Други приградски населби на градот навлегуваат и во парохиите Сент Лоренс и Сент Клемент. Поголем дел од парохијата е рурален.

Парохијата зафаќа површина од 10,6 км2, што сочинува 9 % од островот (вклучувајќи 2 км2 мелиорирано земјиште).

Историја[уреди | уреди извор]

Испосницата на св. Елиер сместена во заливот кај градот и е пристапна за пешаци при осека.

Се смета дека местото на Сент Хелиер за првпат е населено за време на римското владеење со Галија.

Местото го носи името на светецот-заштитник на островот е св. Елиер (Хелиер), кој умрел маченичка смрт во рацете на саксонските пирати во 555 г. Секирите на парохискиот грб го симболизираат ова мачеништво. Подоцна, во средниот век ова било мало рибарско селце, сместено на песоците меѓу морето и блатниот предел на копното.

Енориската црква „Св. Елиер“

Иако енориската црква „Св. Елиер“ сега е значително оддалечена од морето, таа првобитно била изградена на самиот брег, во најблиската точка до островчето наречено Хермитиџ (Hermitage - „испосница“), каде Елиер ја дожиевал својата судбина. Пред мелиоративните работи и изградбата на пристаништето, чамците се врзувале на самиот црковен ѕид, кој ја допирал водата.

Манастирот „Св. Елиер“ е основан во 1155 г. на плимен остров близу Хермитиџ. Истиот бил затворен за време на англиската реформација, а на местото било изградено утврдување и нов замок, кој станал главна крепост наместо дотпгашниот Оргеј. Овој нов замок е наречен „Елизабетин замок“ по кралицата Елизабета I од страна на управникот на Џерси во 1600–03 г., морепловецот Волтер Роли.

Статуата на кралот Џорџ II на главниот плоштад.

Сè до крајот на XVIII век, паланката се состоела од ред куќи, дуќани и складишта долж песоците од обете страни на црквата и соседното пазариште.

Во следниот период, кралот Џорџ II им дал 200 фунти на кметовите со цел изградба на пристаниште, бидејќи дотогаш чамците се ваделе на плажа и товарот се префрлал во запрежни коли кои возеле по песоците. Во знак на благодартност во 1751 г. е подигната статуа на кралот, а пазариштето (сретселото) е преименувано во „Кралски плоштад“ (Royal Square), иако на џерсиски истото и денес се нарекува „Старо пазариште“ (Lé Vièr Marchi).

На плоштадот се одиграла Битката на Џерси на 6 јануари 1781 г., кој бил последен обид на Французите да го заземат Џерси.

Постојаната опасност од француска инвазија ги натерало властите да го изградат утврдувањето Форт Риџент на возвишението Мон де ла Вил, кое е вид чука што се издига над котлината во која лежи гратчето.

Од 1820-тите натаму во Сент Хелиер почнале да се доселуваат Англичани, поттикнати од помирувањето со Франција и воведувањето на посовремени сообраќајни средства како парабродови и железници. Блатната котлина the северно од средишниот брег почнала да се развива и за 40 години целиот простор бил исполнет со нови домови во елегантен регентски стил.

Во втората половина на XIX век се јавила потреба за друмски пристап до пристаништето поради големото количество компири за извоз. Поради ова започнал голем зафат за проширување на улиците во кој настрадале голем број стари градби. Останале многу малку градби од пред XIX век, и поради тоа градот денес изгледа како да е изграден тогаш.

Население[уреди | уреди извор]

Поглед на гратчето во 1709 г.

Сент Хелиер е најнаселена парохија на Џерси, и брои 33.522 жители (2011).[2]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
199128.123—    
199627.523−2.1 %
200128.310+2.9 %
201133.522+18.4 %

Управна поделба[уреди | уреди извор]

Парохискиот дом на Сент Хелиер — седиште на управата.

Парохијата е управно поделена „дваесетки“ (vingtaines):

  • Градска дваесетка (la Ville)
    • кантон Долна градска дваесетка (Bas de la Vingtaine de la Ville)
    • кантон Горна градска дваесетка (Bas de la Vingtaine de la Ville)
  • Црвена Чорба (Rouge Bouillon)
  • Долна Попова Планина (Bas du Mont au Prêtre)
  • Горна Попова Планина (Haut du Mont au Prêtre)
  • Игуменска Планина (Mont à l'Abbé)
  • Свинска Планина (Mont Cochon)

Сент Хелиер е поделен и на 4 изборни единици.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Сент Хелиер е збратимен со следниве места:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Members“. Statesassembly.gov.je. Посетено на 2012-10-04.
  2. „Jersey Census 2011“ (PDF). Посетено на 2012-10-04.
  3. „St Helier 'twinned' with Madeiran capital Funchal“. BBC News. Посетено на 4 June 2019.
  4. „Trenton twinning tourism boost for Jersey?“. Jersey Evening Post (англиски). 2019-11-29. Посетено на 2019-11-29.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Balleine's History of Jersey, Marguerite Syvret and Joan Stevens (1998) ISBN 1-86077-065-7.
  • Jersey in Figures, 2003–2004, published by the States of Jersey.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]