Каналски Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карта на Каналските Острови

Каналски Острови (анг. Channel Islands, нор. Îles d'la Manche, фр. Îles Anglo-Normandes или Îles de la Manche) — архипелаг од британски крунски поседи во каналот Ламанш, помеѓу Англија и Нормандија во Франција. Распоредени се во состав на две управништва (bailiwicks): Управништво Гернзи (Bailiwick of Guernsey) и Управништво Џерси (Bailiwick of Jersey). Се сметаат за остатоци од некогашното Војводство Нормандија и не му припаѓаат на самото Обединетото Кралство.[1] Имаат вкупно население од 158.000 жители. Главен град на Гернзи е Сент Питер Порт (16.488), а главен град на Џерси е Сент Хелиер (28.310). Островите зафаќаат вкупна површина од 194 км².

Управништвата се административно независни едно од друго уште од доцниот XIII век и речиси да немаат заеднички установи.

Географија[уреди | уреди извор]

Населени острови се Џерси, Гернзи, Олдерни, Сарк и Херм (главни); Жету, Бреку и Лиу (сите освен Џерси припаѓаат на Управништвото Гернзи). Помали ненаселени острови се: Менкјер, Екреус, Дирује и Пјер де Лек во состав на Управништвото Џерси) и Биру и Каскетс близу Олдерни. Поголемите острови завршуваат на „-и“, а помалите на „-у“, што е остаток од нордискиот јазик.

Највисока точка на островите е врвот Платонс во Џерси, со 143 м надморска височина.

Знамиња[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Каналски Острови - royal.gov.uk (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]