Брејдс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брејдс
Brades
село
Натпис по повод настан во Брејдс
Натпис по повод настан во Брејдс

Брејдс во рамките на Монтсерат
Држава Обединето Кралство
Прекум. територија Монтсерат
Население
 • Вкупно391
Часовен појасAST (UTC-4)

Брејдс (англиски: Brades) или Брејдс Естејт (Brades Estate) — село и дефакто главен град на Монтсерат од 1998 г.[1]Населението на самото место брои 391 жител и се наоѓа во близина на заливот Литл и Каровиот Залив во северозападниот крај на Монтсерат. Официјалниот главен град Плимут е напуштен во 1997 г. со катастрофалниот избив на вулканот Суфриер која го затрупала местото со нанос. По овој настан, административниот центар е преселен во Брејдс, кадешто се изградени привремени управни објекти. Постојат неколку предлози за името на новиот главен град, кој е во тек на изградба во подрачјето на заливот Литл. Некои од нив се Порт Дајана, во чест на принцезата Дијана [2] и Сент Патрикс, во чест на 17-мартовското востание, но и за да се привлечат американски туристи од ирско потекло.

Нов главен град[уреди | уреди извор]

Населбата Литл Беј во северозападниот дел на островот е во фаза на изградба како нов главен град на Монтсерат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Leonard, T. M. (2005). Encyclopedia of the Developing World. Routledge. стр. 1083. ISBN 978-1579583880
  2. Монтсерат сака да го именува главниот град по принцезата Дијана - БиБиСи (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 16°47′34″ СГШ; 62°12′38″ ЗГД / 16.7927° СГШ; 62.2105° ЗГД / 16.7927; -62.2105