Орањестад (Свети Евстахиј)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Орањестад
Oranjestad
гратче
Шеталиште во Долниот Град на Орањестад
Шеталиште во Долниот Град на Орањестад

Орањестад во рамките на Свети Евстахиј
ЗемјаХоландија
Јавно телоСвети Евстахиј
Население
 • Вкупно1.000
Часовен појасAST (UTC-4)
КлимаAw
Тврдината Орање

Орањестад (холандски: Oranjestad) — главно и најголемо населено место на островот Свети Евстахиј во Карипска Холандија. Населението брои околку 1.000 жители.[1]

Географија и опис[уреди | уреди извор]

Ова е пристанишно гратче, поделено на два дела: Долен и Горен (Lower Town и Upper Town). Долниот Град излегува на пристаништето и се состои од појасот крај самото море, со продавници за нуркачка опрема и разни рушевини од колонијално време. Во Горниот Град се наоѓа обновениот центар на стариот град и претставува средиште на стопанските дејности на островот.

Во гратчето има бакалници, ресторани и барови, библиотека, неколку училишта, една клиника и зградите на управата. Има доста посетители од соседниот остров Свети Кристофер, кои доаѓаат да пазаруваат увозна стока по поевтини цени.

Историски места[уреди | уреди извор]

Најголемата знаменитост на Орањестад е тврдината Орање од XVII век во строгиот центар на градот, која е добро одржана и гледа кон морето. Изградена е на карпи кои се издигаат над брегот и има топови, целосно зачувани бастиони и воен двор. Во близина се наоѓа музејот, а недалку се и остатоците на една од најстарите синагоги на западната полутопка заедно со нејзините гробишта.

Други забележителни градби се делумно срушената холандска реформистичка црква од 1755 г. како и разни обновени куќи на трговците и онаа на управникот (Gezaghebber), која важи за најстара. Тука има и обновени домови во карипски стил со дрвена градба. Дел од градбите од XVIII век со време биле проголтани од морето и истите можат да се видат само со нуркање.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Факти за Свети Евстахиј — Светски атлас (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 17°29′00″ СГШ; 62°59′00″ ЗГД / 17.4833° СГШ; 62.9833° ЗГД / 17.4833; -62.9833