Јамајка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Јамајка
Jamaica
Знаме Грб
Гесло"Out of many, one people"
Химна"Jamaica, Land We Love"
Кралска химна"God Save the Queen"
Главен град Кингстон
17°59′ СГШ 76°48′ ЗГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик англиски
Признаени регионални јазици Јамајкански јазик
Народности  91.2% Јамајканци, 6.2% мешано население, 3.2% Индојамајканци, 2.5% кинези, 1.2% белци, 0.3% латинци[1]
Демоним Јамајканец
Уредување Парламентарна демократија и Уставна монархија
 -  Монарх Елизабета II
 -  Генерален гувернер Патрик Ален
 -  Премиер Портиа Симсон Милер
Независност
 -  од Обединетото Кралство 6 август 1962 
Површина
 -  Вкупна 10.991 км2 (166-та)
 -  Вода (%) 1.5
Население
 -  проценка за јули 2008 2,804,332 (137-ма)
 -  Густина 252 жит/км2 (49-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2007
 -  Вкупен $20.650 милијарди [2] (113-та)
 -  По жител $7,688[2] (85-та)
БДП (номинален) проценка за 2007
 -  Вкупно $11.266 милијарди[2] 
 -  По жител $4,194[2] 
Џини (2000) 37.9 (medium
ИЧР (2005) 0.736 (medium) (101-ва)
Валута Јамајкански долар (JMD)
Часовен појас (UTC-5)
Се вози на лево
НДД .jm
Повик. бр. 1 876

Јамајка (англиски: Jamaica) е островска држава на Средна Америка и е дел од островската група Големи Антили. Островот Јамајка2 е 34 километри долг и околу 80 километри широк и има 10.990 квадратни километри. Јамајка се наоѓа во Карипското Море, на околу 145 километри јужно од Куба, и 191 километар западно од Хиспањола, островот на кој се наоѓаат државите Хаити и Доминиканска Република. Официјален јазик на Јамајка е англискиот јазик, а главен град на државата е Кингстон.

Јамајка првично станала шпански посед познат како Сантијаго, потоа во 1655 година Јамајка била под англиска управа, а подоцна британска колонија позната како „Јамајка“. Островот се здобил со целосна независност во 1962 година. Со 2.8 милиони жители, таа е третата најнаселена англофонска држава во Америка, после САД и Канада. Кралицата Елизабета II останала како монарх на Јамајка.[3]

Етимологија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Име на Јамајка.

Староседелски народ на Јамајка е народот Таино кој зборува на арауакански јазик и тие го дале името Шаjмака или Xaymaca, што во превод значи „земја на дрво и вода“ или „земја на извори“.[4]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Јамајка.
Народот Таино доминирал на островот до колонизацијата на Европејците.

Локалното население Араваци и Таино, кое е со потекло од Јужна Америка, се населиле на островот помеѓу 4000-та и 1000-та година п.н.е. [5] Кога пристигнал Кристофер Колумбо во 1494 година, имало преку 200 села каде што владееле caciques (шефови на селата). Јужниот брег на Јамајка бил најнаселениот, посебно околу пределот денес познат како „Олд Харбор“. [5] Кога Англија преземала контрола врз островот, народот Таино сè уште ја населувале Јамајка. The Jamaican National Heritage Trust, се обидуваат да лоцираат и документираат никаков доказ за староседелските народи. [6]

Кристофер Колумбо ја прогласил Јамајка како шпанска колнија, по пристигнувањето во 1494 година, и најверојатно тој пристигнал во регионот „Олд Харбор“, денес наречен „Дискавери Беј“.[7] Денес има дебата за тоа дали се приземјил во „Заливот Св. Ен“ или на „Дискавери Беј“. Заливот Св. Ен е местото каде што бродот „Света Глорија“ на Колумбо, најпрвин ја здогледал Јамајка. Една милја западно од заливот Сент Ен е местото на првата шпанска населба на островот, Севилја ла Нуева, која била напуштена околу 1524 година поради тоа што била прогласена за нездрава.[8] Главниот град бил преместен во Спениш Таун, тогаш наречен „Вила де ла Вега“, околу 1534 година и се наоѓа во денешна Сент Кетрин.[9]

Вилијам Пен.

Од сите британски колонии на Карибите, Спениш Таун ја има најстарата катедрала. [9] Шпанците биле насилно протерани од страна на Англичаните на Очо Риосво Сент Ен. Во 1655 Англичаните, под водство на Вилијам Пен и генералот Роберт Венаблс, ја зазеле и последната шпанска тврдина во Јамајка. [10] Името на Монтего Беј, главниот град на парохијата на Сент Џејмс, е изведено од шпанското име manteca bahíaаили „заливот на салото“ поради големата употреба на диви свињи во индустријата за произведување на маст (сало).[11]

Во 1660 година, населението на Јамајка е околу 4.500 белци и околу 1,500 црнци а во почетокот на 1670-те години, [12] црнците го формираат мнозинство од населението. [13]

Робови во Јамајка на плантажи.

Кога Aнгличаните ја окупирале Јамајка во 1655 година, шпанските колонисти избегале после ослободувањето на нивните робови. Робовите избегале во планините, приклучувајќи се кон оние што претходно избегале од Шпанците, за да живеат со народот Таино. Овие робови во бегство, кои станале познати како „јамајкански бегалци“, се бореле против Британците во текот на 18 век. Тоа име денес сè уште се користи за нивните современи наследници. За време на долгогодишното ропство, бегалците формирале слободни заедници во планинската внатрешноста на Јамајка, и таму ја одржувале нивната слобода и независност со генерации.

Во текот на првите 200 години под британско владеење, Јамајка станала една од светските водечки извозници на шеќер, произведувајќи повеќе од 77.000 тони шеќер годишно меѓу 1820 и 1824 година. По укинувањето на трговијата со робови (но не и ропството само по себе) во 1807 година [14] , Британците увеле индиски и кинески работници како вработени чираци, за да се дополни работната сила. Потомците на вработените чираци од индиско и кинеско потекло продолжиле да живеат во Јамајка и денес.

До почетокот на 19 век, големото ослонување на ропството во Јамајка, резултирало со надминување на бројот на белците од страна на црнците во сооднос од речиси 20 спрема 1. Иако Англија го забрани увозот на робови, некои сè уште се шверцувале во колониите. Британската влада изготвила закони држејќи го под строга контрола укинувањето на ропството, но тие исто така вклучиле и инструкции за подобрување на начинот на животот на робовите. Во овие инструкции се вклучени забрана на употребата на жита од областа, забрана за камшикување на жените, известување дека на робовите им е дозволено верско образование, услов да им се даде на робовите дополнителен слободен ден во текот на неделата, кога тие би можеле да го продаваат своето производство, како и забрана на неделните пазари.

Во Јамајка овие мерки биле попречувани од страна на Домот на народното собрание. Собранието тврдело дека робовите биле задоволни и се противело на мешањето на парламентот во островските работи, иако многу сопственици на робови стравувале за можни револти. По серија буни и менување на ставовите во Велика Британија, нацијата формално го укинала ропството во 1834 година, со целосно ослободување од робовладетелство, прогласено во 1838 година. Во 1834 година населението изнесува 371.070 од кои 15.000 белци, 5.000 слободни црнци, 40.000 „обоени“ или со мешани раси и 311.070 робови.

Британците основале определен број на ботанички градини. Тука спаѓале и градината Кеслтон, формирана во 1862 година, да ја замени градината Бат (создадена во 1779) која била предмет на навали. Градината Бат била местото за садење овошје донесено во Јамајка од Тихиот Океан од страна на Капетанот Вилијам Блај. Други градини биле плантажата Чинчона основана во 1868 година и градината Хоуп основана во 1874 година. Во 1872 година, Кингстон станал главен град на островот.

Во 1945 година, Сер Хорас Хектор Херн станал главен судија и чувар на протоколот во Јамајка. Тој застанал на чело на Врховниот суд во Кингстон, во периодот меѓу 1945 и 1950/1951. Потоа се пресели во Кенија, каде што бил назначен за главен судија.

Јамајка полека добила зголемување на независноста од Велика Британија и во 1958 година Јамајка станува провинција во Федерацијата Западни Инди. Јамајка стекнала целосна независност со напуштање на федерацијата во 1962 година.

Силен економски раст, во просек околу 6% на годишно ниво, ги одбележала првите десет години од независноста за време на конзервативните влади кои биле предводени од премиерите Александар Бустаманте, Доналд Сангстер и Хју Ширер. Растот бил поттикнат од силните инвестиции во боксит и алуминиум, туризам, индустриско производство и во помала мера земјоделскиот сектор.

Оптимизмот на првата декада бил придружен со растечко чувство на нееднаквост, и чувство дека придобивките од растот не биле искусени од страна на сиромашните во урбаните краеви. Ова, во комбинација со ефектите од забавувањето на глобалната економија во 1970 година, го поттикнал електоратот да ја промени власта, избирајќи ја ННП (Народна национална партија) во 1972 година. И покрај напорите за создавање на социјално-правична политика во образованието и здравството, Јамајка продолжила да заостанува економски, со својот бруто национален производ паднат во 1980 година до некои 25% под нивото од 1972 година. Зголемувањето на странските и локалните долгови, придружувани со големи фискални дефицити, резултирало со покана од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за финансирање од страна на САД и другите, и наметнување на ММФ мерки за штедење (со поголема од 25% каматна стапка на годишно ниво ).

Економското влошување продолжило и во средината на 1980-те, влошено од голем број фактори; првиот и третиот по големина производител на алуминиум, Алпарт и Алкоа, се затвориле, и тука имло значително намалување на производството од страна на вториот по големина производител, Алкан. Понатаму и туризмот се намалил и Јамајканските Рудници Рејнолдс се откажале од индустријата на Јамајка.

Политика[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Јамајка.
Поглед кон јамајканскиот парламент.


Јамајка е парламентарна демократска и уставна монархија, каде монархот е застапен од генералниот гувернер.[15] Шефот на државата е кралицата Елизабета II, која официјално ја користи титулата „Монарх на Јамајка“, кога ја посетува земјата или врши должности во корист на Јамајка. [16] Генералниот гувернер е номиниран од страна на премиерот и целиот кабинет и истиот е назначен од монархот. Сите членови на Кабинетот се назначуваат од страна на генералниот гувернер по совет на премиерот. Монархот и генералниот гувернер имаат главно церемонијални улоги, настрана од нивната силна резервна моќ, да го разрешат премиерот или парламентот.

Сегашниот устав на Јамајка е направен во 1962 година од страна на двопартиски заеднички комитет од законодавната власт на Јамајка. Уставот стапува во сила заедно со јамајканскиот договор за независност во 1962 од законодавното тело на Обединетото Кралство, кога и била дадена политичка независност на Јамајка.

Законодавното тело на Јамајка е дводомно и се состои од Собрание (долен дом) и Сенат (горен дом). Членовите на собранието (познати и како членови на парламентот или пратеници), се избираат директно, и членот на Претставничкиот дом, кој, по проценка на генералниот гувернер, најдобро може да командува со довербата на мнозинството од членовите на таа куќа, е назначен да биде премиер, од страна на генералниот гувернер.Сенаторите се номинирани заеднички од страна на премиерот и парламентарниот лидер на опозицијата и потоа се назначени од страна на генералниот гувернер.

Во февруари 2006 година, Портија Симпсон-Милер била избрана од страна на делегатите на владејачката Народна национална партија (ННП) за замена на П.Ј. Петерсон, како претседател на партијата. На крајот на март 2006 година, кога Петерсон ја напуштил канцеларијата, Симпсон-Милер станала прва жена премиер на Јамајка. Поранешниот премиер Петерсон бил на таа функција од оставката на Мајкл Менли во 1992 година. Петерсон бил реизбран три пати, последен пат во 2002 година.

На 3 септември 2007 година, Брус Голдинг од Работничката партија на Јамајка, бил избран за премиер со стекнување 33 места во негова корист и -27 места во корист на Портиа Симпсон-Милер и ННП на општите избори на Јамајка во 2007 година. Портиа Симпсон- Милер признала пораз на 5 септември 2007 година. На 11 септември 2007 година, откако бил инаугуриран од Генералниот гувернер Кенет Хал, Х. Брус Голдинг ја презел функцијата како премиер на Јамајка.

Јамајка има традиционално двопартиски систем, со моќ често да балансира помеѓу Народната Национална Партија и Работничката Партија на Јамајка (РПЈ). Во текот на изминатата деценија, се појавила нова политичка партија наречена Народно Демократско Движење (НДД), во обид да се спротивстави на двопартискиот систем, иако тоа станало во голема мера ирелевантно во овој систем, со добивање на само 540 гласови од над 800.000 гласови на изборите во септември .

Административна поделба[уреди]

Парохиите на Јамајка.

Јамајка е поделена на 14 парохии, кои се групирани во три историски окрузи, кои немаат административни цели.

Корнвол Гл. град km2 Мидлсекс Гл. град km2 Сури Гл. град km2
1 Хановер Лусиа   450 6 Кларендон Меј Пен 1,196 11 Кингстон Кингстон 25
2 Сент Елизабет Блек Ривер 1,212 7 Манчестер Мандевил    830 12 Портланд Порт Антонио 814
3 Сент Џејмс Монтего Беј   595 8 Сент Ен Сент Енс Беј 1,213 13 Сент Ендру Халф Веј Три 453
4 Трелавни Фалмаут   875 9 Сент Кетрин Спениш Таун 1,192 14 Сент Томас Морант Беј 743
5 Вестморленд Савана-ла-мар   807 10 Сент Мери Порт Марија    611

Војска[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Војска на Јамајка.
Дел од војската на Јамајка.

Одбранбените сили на Јамајка (ОСЈ) се мали, но тие се професионална воена формација. ОСЈ се засноваат на британскиот воен пример на организација, тренинг, оружје и традиции. Откако се избрани, кандидатите за офицери се праќаат на еден од неколкуте британски или канадски офицерски основни курсеви, зависно од тоа за каква функција се избрани. Обичните војници добиваат основна обука во депото за обука на ОСЈ, Њукасл или кампот во Сент Ендру. Како што е и кај британскиот пример, и подофицерите добиваат неколку нивоа на стручна обука, како што им се подига ранкот. Дополнителни воени училишта се достапни за специјализирани обуки во Канада, САД и Велика Британија.

ОСЈ потекнуваат директно од Британскиот Западно-индиски Пешадиски Полк, формиран за време на колонијалната ера. [17] Западно-индискиот Пешадиски Полк е употребуван од страна на Британската империја за регулирање на империјата од 1795 до 1926 година. Други единици во наследство на ОСЈ ги вклучува и раната колонијална полиција на Јамајка, Пешадиските волонтери на Првата светска војна на Кингстон и реорганизираните јамајкански пешадиски доброволци во Втората светска војна. Пешадискиот полк на Западните Инди е реформиран во 1958 година, како дел од Федерација на Западните Инди, а по распадот на Федерацијата е основана ОСЈ.

Одбранбените сили на Јамајка (ОСЈ) се состојат од пешадиски полк и резервен корпус, воздушно крило, крајбрежната стражарска флота и поддршка на инженерска единица. [18] Пешадискиот полк се состои од прв, втор и трет баталјон. Воздушното крило на ОСЈ е поделено на три воздушни единици, единица за тренинг, единица за поддршка и воздушно крило. Крајбрежната стража е поделена на поморски екипи и екипи за поддршка, кои се бават со поморска безбедност и поморско спроведување на законот, како и операции поврзани со одбрана. [19] Улогата на баталјонот за поддршка е да обезбеди поддршка за зајакнување на бројноста во борба и прашањето за компетентност на обуката со цел да се овозможи подготвеност на силата. [20] Првиот инженерски полк е формиран како резултат на зголемената побарувачка за воени инженери и нивната улога е да се обезбедат инженерски услуги кога и каде и да се потребни. [21] Седиштето на ОСЈ се состои од командант на ОСЈ, команда на персоналот, како и Агенција за разузнавање, Судско-адвокатска канцеларија, администрација и оддел за набавки. [22]

Во последните години ОСЈ се повикани на помош на полицијата во земјата, Полицискките сили на Јамајка (ПСЈ), во борбата против шверц со дрога и зголемувањето на стапката на криминалот, која е една од највисоките стапки на убиства во светот. ОСЈ активно ги раководат вооружените патроли заедно со ПСЈ во високо криминалните области и познатите небезбедни населби.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Јамајка.
Карта на Јамајка.

Јамајка е трет по големина остров на Карибите.[23] Островот е дом на Сините Планини во внатрешноста и е опкружен со тесна крајбрежна рамнина.[24] Поважни градови во Јамајка се главниот град Кингстон, Портмор, Спениш Таун, Мандевил, Очо Риос, Порт Антонио, Негрил, и Монтего Беј.[25] Јамајка е исто така дом на седмото по големина природно пристаниште во светот, Пристаништето Кингстон. Постојат неколку туристички атракции расфрлени низ целата земја, вклучувајќи го водопадот Dunn’s River во Сент Ен, водопадот YS во Сент Елизабет, Блу Лагун во Портланд, и Порт Ројал, кој воедно е и место на земјотресот кој помогнал да се формира Palisadoes (насип на песок) на островот.[26][27][28][29]

Климата во Јамајка е тропска, со топли и влажни временски услови, додека повисоките внатрешни региони се поумерени.[30] Некои региони на јужниот брег, како на пример Низината Лигуанеа и Рамнината Педро, се релативно суви области.[31] Јамајка лежи во ураганскиот појас на Атлантскиот Океан, и поради тоа островот понекогаш искусува значајни штети од бури.[32] Ураганите Чарли и Гилберт директно ја погодиле Јамајка во 1951 и 1988 година, соодветно, предизвикувајќи голема штета и многу смртни случаи. Во 2000-тите, ураганите Иван, Дин, и Густав, исто така, донеле тешки временски услови на островот.

Демографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Јамајка.
Потекло
Јамјканец на улица. Типичен карипски изглед.

Според пописот од 2001 година, населението во Јамајка се состои главно од луѓе со африканско потекло и изнесува околу 2,5 милиони. Најчестите етнички групи помеѓу сите Африканци донесени во Јамајка се Аканите и народот Игбо..[33] Исто така, има голема популација од разни раси на Јамајканци, од кои повеќето имаат некое ирско потекло, иако повеќето луѓе од мешаните раси на островот сега самите се нарекуваат едноставно како „Јамајканци“.[34][35][36][37] Јамајканци од индиско и кинеско потекло, најголемата малцинска група, изнесуваат вкупно 160.000 жители. Либанските, сириските, англиските, шкотските, ирските и германските Јамајканци сочинуваат околу 3,000 - 4,000 луѓе. Во последниве години се зголемува имиграцијата, доаѓајќи претежно од Кина, Хаити, Куба, Колумбија, како и други земји од Латинска Америка. Во последните години во Јамајка живеат околу 20.000 Латино-американци. Исто така во Јамајка живеат и околу 7.000 Американци.[38][39][40]

Јазик

Официјален јазик во Јамајка е англискиот јазик. Јамајканците првенствено зборуваат англиско-африкански креолски јазик, познат како јамајкански креолски јазик, кој станал познат нашироко преку ширење на реге музиката. Јамајканскиот креолски е формиран од африкански и староседелски зборови помешани со англискиот јазик, но и од други влијанија, како што е ирскиот англиски јазик.

Дијаспора
Распространетост на јамајканскиот дијалект во САД.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јамајканска дијаспора.

Многу од Јамајканците емигрирале во други земји, особено во Обединетото Кралство, САД и во Канада. Во САД, околу 20.000 Јамајканци годишно добиваат дозвола за постојан престој.[41] Големиот број на Јамајканци што живеат во странство станал познат како Јамајканска дијаспора. Емиграција на Јамајканци има исто така и во Куба.[42] Размерот на емиграцијата е широко распространета и истата е слична со останатите карипски држави, како што се Порторико, Гвајана или Бахамите. Се проценува дека во странство живеат до 2,5 милиони Јамајканци и јамајкански потомци. [43] Исто така се проценува дека околу 60% од високо образованите луѓе од Јамајка живеат во странство.[44]

Концентрациите на јамајканските иселеници се најголеми во голем број градови во САД, вклучувајќи ги Њујорк, Бафало, Мајами, Атланта, Чикаго, Орландо, Тампа, Вашингтон, Филаделфија, Хартфорд, Провиденс и Лос Анџелес. Јамајканците во Обединетото Кралство се проценуваат на 800.000, што ги прави најголемата афро-карипска група во земјата. Големи миграции од Јамајка во Велика Британија се случуваат главно во 1950-тите и 1960-тите години (кога земјата била сè уште под британска власт), во денешно време јамајкански заедници постојат во повеќето големи градови во Обединетото Кралство.[45] Во Канада, јамајканското население е сконцентрирано во Торонто, а има и помали заедници во градовите како Хамилтон, Монтреал, Ванкувер и Отава.

Затвор Саут Кемп.
Криминал
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Криминал во Јамајка.

Многу години, Јамајка ја има една од највисоките стапки на убиства во светот, според проценките на ООН. [46][47]Некои области на Јамајка, особено градовите како Кингстон, искусуваат високо ниво на криминал и насилство.[48] Многу Јамајканци се непријателски расположени кон ЛГБТ и интерсексуалците. Пријавени се разни групни напади против хомосексуалците[49][50][51], предизвикувајќи ги групите за човечки права да ја нарекуваат Јамајка „најхомофобично место на земјата“.[52]

Црква во Јамајка.
Религија
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Јамајка.

Христијанството е најраспространетата религија која се практикува во Јамајка. Според пописот од 2001 година, најголемите религиски групи во државата се Божјата Црква на Пророштво (24% од населението), Адвентистичка Црква на Седмиот Ден (11%), Пентакосталицизам (10%), Баптистизам (7%), Англиканство (4 %), Римокатолицизам (2%), Обединета Црква (2%), Методистичка црква(2%), Јеховини Сведоци (2%), Моравска црква (1%) и Плимутски браќа (1%).[53] Христијанството стекнало веродостојност откако британски христијански мисионери и баптистички мисионери приклучиле образовани поранешни робови во борбата против ропството. [54]

Според пописот од 2001 година, растафаријанското движење има 24.020 приврзаници. Други религии во Јамајка се бахајската вера, која брои можеби 8.000 припадници, 21, будизам и хиндуизам. Постои мала популација на Евреи, околу 200, кои себеси се опишуваат како либерално-конзервативни.[55] Првите Евреи во Јамајка влечат кон своите корени назад сè до раниот 15 век од Шпанија и Португалија.[56] Муслиманските групи во Јамајка имаат 5.000 приврзаници.


Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Јамајка.
Боб Марли е еден вид симбол за Јамајка.

Иако е мала нација, јамајканската култура има големо глобално присуство. Музичките жанрови реге, ска, менто, рокстеди, даб, и од неодамна, денсхол и рага, сите се произлезени од различните, популарни градски музички индустрии на островот. Јамајка, исто така, игра важна улога во развојот на панк музиката, преку регето и ска музиката. Реге музиката исто така влијаеше на американската рап музика, бидејќи и двата стила имаат заеднички корени како ритмички африкански стил на музика. Некои рапери, како The Notorious B.I.G. и Heavy D, се од јамајканско потекло. Меѓународно познатиот реге музичар Боб Марли е исто така од Јамајка.

Многу други меѓународно познати артисти се родени во Јамајка вклучувајќи ги Мајли Смол, Ли Пери, Питер Тош, Бани Вејлер, Биг Јут, Џими Клиф, Денис Браун, Дезмонд Декер, Берес Хамонд, Бини Мен, Шеги, Грејс Џонс, Шаба Ренкс, Супер Кет, Бују Бантон, Шон Пол, Ај Вејн, Баунти Килер, и многу други. Бендови и музички групи, кои дојшле од Јамајка се Black Uhuru, Third World Bend, Inner Circle, Chalice Reggae Band, Culture, Fab Five и Morgan Heritage. Музичкиот жанр џангл се појавил меѓу јамајканската лондонска дијаспора. Поради раѓањето на хип-хоп музиката во Њујорк, Њујорк исто така, и должи многу на јамајканската заедница во градот.

Јан Флеминг, кој живеел во Јамајка, постојано го користел островот како локација за романите на Џејмс Бонд, вклучувајќи ги и Live and Let Die, Doctor No, For Your Eyes Only, The Man with the Golden Gun и Octopussy и The Living Daylights. Покрај тоа, Џејмс Бонд користи и јамајканско скривалиште во филмот „Казино Ројал“. Досега, единствената филмска адаптација на Џејмс Бонд поставена во Јамајка е Doctor No.

Јамајкански оброк со лут сос.

Х. Г. де Лисер, новинар и автор (1878-1944), ја искористел својата родна земја, како локација за многу негови романи. Роден во Фалмаут, Де Лисер на млада возраст работел како новинар за весникот Jamaica Times и во 1920 година започнал со издавање на списанието Planter’s Punch. Еден од неговите подобро познати романи е „Белата вештерка од Розенхал“. Тој бил прогласен за почесен претседател на Јамајканската прес служба, и во текот на неговата професионална кариера работел за да ја промовира шеќерната индустрија на Јамајка.

Американскиот филм „Коктел“, во кој играл Том Круз, е еден од попопуларните филмови што ја опишуваат Јамајка. Погледот на младите деликвенти во Јамајка е претставен во музичкиот криминален филм од 1970-те, „Потешко тие доаѓаат“, во кој игра Џими Клиф како фрустриран (и психопатски) реге музичар, кој паѓа во убиствена криминална треска. Друг популарен филм базиран на Јамајка е комедијата од 1993 година Cool Runnings што е лабаво базиран на вистинска приказна за првиот јамајкански санкачки тим, обидувајќи се да победат на Зимските олимписки игри.

Ерол Флин живеел со неговата трета жена Патрис Вајмор во Порт Антонио во 1950-те. Тој бил одговорен за развој на туризмот во таа област, популаризирајќи патувања со сплавови од бамбус по реките. [57]

Островот е познат по својот стил на готвење со многу лут сос, што е многу популарен стил на готвење во јамајканската кујна. Јамајка е исто така дом и на Red Stripe пивото и јамајканското Blue Mountain кафе.

Наводи[уреди]

  1. World fact Book statistics
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Jamaica“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2008/02/weodata/weorept.aspx?pr.x=45&pr.y=11&sy=2004&ey=2008&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=343&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=. конс. 9 октомври 2008. 
  3. Jamaica country profile“, 26 мај 2010 (конс. 11 октомври 2010).
  4. „Taíno Dictionary“ (на Spanish). The United Confederation of Taíno People. архивирано од оригиналот на 16 октомври 2007. http://web.archive.org/web/20071016055722/http://www.uctp.org/VocesIndigena.html. конс. 18 октомври 2007. 
  5. 5,0 5,1 „The Taino of Jamaica (Jamaica)“. Jamaicans.com. 1 април 2001. http://www.jamaicans.com/articles/primearticles/taino.shtml. конс. 4 јули 2009. 
  6. „Jamaican National Heritage Trust“. Web.archive.org. 28 септември 2007. архивирано од оригиналот на 28 септември 2007. http://web.archive.org/web/20070928013715/http://www.jnht.com/archaeology/barbican_rescue.php. конс. 26 јуни 2010. 
  7. Pickering, Keith A.. „A Christopher Columbus Timeline“. http://www.columbusnavigation.com/cctl.shtml. конс. 30 септември 2010. 
  8. „History of Jamaica“. Jamaica National Heritage Trust. http://www.jnht.com/jamaica/hist_spanish.php. конс. 30 септември 2010. 
  9. 9,0 9,1 „Spanish Town“. Jamaica National Heritage Trust. http://www.jnht.com/heritage_site.php?id=217. конс. 30 септември 2010. 
  10. „Jamaica's English History“. Jamaica National Heritage Trust. http://www.jnht.com/jamaica/hist_english.php. конс. 30 септември 2010. 
  11. „Town of Montego Bay info“. Mobay.com. 7 мај 2007. http://www.mobay.com/town4.htm. конс. 4 јули 2009. 
  12. Donovan, J. (1910). Jamaica. Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company
  13. A failed settler society: marriage and demographic failure in early Jamaica, Journal of Social History, Fall, 1994, by Trevor Burnard
  14. The Sugar Revolutions and Slavery, U.S. Library of Congress
  15. „The Monarchy Today: Queen and Commonwealth“. http://www.royal.gov.uk/output/Page4923.asp. конс. 25 јуни 2007. 
  16. Queen of Jamaica http://www.royal.gov.uk/MonarchAndCommonwealth/Jamaica/Jamaica.aspx
  17. „Jamaica Defense Force History“. Jamaica Defense Force. http://www.jdfmil.org/overview/background/background2.php. конс. 10 октомври 2010. 
  18. „Jamaica Defense Force General Information“. Jamaica Defense Force. http://www.jdfmil.org/overview/background/background3.php. конс. 10 октомври 2010. 
  19. „JDF Coast Guard Roles“. Jamaica Defense Force. http://www.jdfmil.org/Units/coast_guard/cg_roles.php. конс. 10 октомври 2010. 
  20. „The Combat Support Battalion (Cbt Sp Bn)“. Jamaica Defense Force. http://www.jdfmil.org/Units/combat_Support/CSB_home.php. конс. 10 октомври 2010. 
  21. „1st Engineering Regiment History“. Jamaica Defense Force. http://www.jdfmil.org/Units/engineers/er_history.php. конс. 11 октомври 2010. 
  22. „Headquarters Jamaica Defence Force (HQ JDF)“. Jamaica Defense Force. http://www.jdfmil.org/Units/hq_jdf/hqjdf_home.php. конс. 11 октомври 2010. 
  23. „County Background – Jamaica“. Pan American Health Organization. http://www.bvsde.paho.org/bvsana/e/fulltext/perfiles/jamaica.pdf. конс. 11 октомври 2010. 
  24. „Geography of Jamaica“. Jamaica Gleaner. http://www.discoverjamaica.com/gleaner/discover/geography/geography.htm. конс. 11 октомври 2010. 
  25. „Jamaican Cities“. My Island Jamaica. http://www.my-island-jamaica.com/jamaican_cities.html. конс. 11 октомври 2010. 
  26. „Kingston tourist destinations“. Planet Aware. http://www.planetware.com/tourist-attractions-/kingston-jam-jam-jk.htm. конс. 11 октомври 2010. 
  27. „Jamaican tourist attractions“. Planet Aware. http://www.planetware.com/tourist-attractions-/jamaica-jam-jam-jam.htm. конс. 11 октомври 2010. 
  28. „Port Antonio tourist attractions“. Planet Aware. http://www.planetware.com/tourist-attractions-/port-antonio-jam-jam-jpa.htm. конс. 11 октомври 2010. 
  29. „Ocho Rios tourist attractions“. Planet Aware. http://www.planetware.com/tourist-attractions-/ocho-rios-jam-jam-joch.htm. конс. 11 октомври 2010. 
  30. „Jamaica Climate and Weather“. Word Travels. http://www.wordtravels.com/Travelguide/Countries/Jamaica/Climate. конс. 11 октомври 2010. 
  31. „Climate of Jamaica“. Jamaica Gleaner. http://www.discoverjamaica.com/gleaner/discover/geography/climate.htm. конс. 11 октомври 2010. 
  32. „Construction and Building in Jamaica“. Projects Abroad. http://www.projects-abroad.org/volunteer-in-latin-america/building/jamaica/. конс. 11 октомври 2010. 
  33. Richardson, David; Tibbles, Anthony; Schwarz, Suzanne (2007). „Liverpool and transatlantic slavery“. Liverpool University Press. стр. 141. ISBN 18-463-1066-0. http://books.google.com/books?id=IeM1rrKiQosC&pg=PA141. 
  34. „Pieces of the Past:The Arrival Of The Irish“. Jamaica Gleaner. 1 декември 2003. http://jamaica-gleaner.com/pages/history/story0058.htm. конс. 20 декември 2010. 
  35. Name * (23 јуни 2010). „How a huge Irish community came to be in Jamaica " Repeating Islands“. Repeatingislands.com. http://repeatingislands.com/2010/06/23/how-a-huge-irish-community-came-to-be-in-jamaica/. конс. 20 декември 2010. 
  36. "How a huge Irish community came to be in Jamaica: How the Irish ended up in the Caribbean Sea in the 1600s", DANIEL O'CARROLL, Irish Central magazine, Wednesday, June 23, 2010
  37. „A Short History of the Irish in Jamaica, Part 1 of 3 – The Wild Geese Today“. Thewildgeese.com. http://www.thewildgeese.com/pages/jamone.html. конс. 20 декември 2010. 
  38. Joshua Project. „Tajik, Afghani of Afghanistan Ethnic People Profile“. Joshua Project. http://www.joshuaproject.net/peopctry.php. конс. 4 јули 2009. 
  39. Special Reports | Brits Abroad“, BBC News, 6 декември 2006 (конс. 4 јули 2009).
  40. „The Portuguese of the West Indies“. Freepages.genealogy.rootsweb.ancestry.com. 31 јули 2001. http://freepages.genealogy.rootsweb.ancestry.com/~portwestind/diaspora/waves_of_migration.htm. конс. 4 јули 2009. 
  41. „United States immigration statistics“. Dhs.gov. 23 јуни 2009. http://www.dhs.gov/immigrationstatistics. конс. 4 јули 2009. 
  42. Jamaicans to Cuba“.. Encarta.msn.com. (конс. 4 јули 2009)
  43. Linking the Jamaican Diaspora. Jamaica Observer. June 20, 2004.
  44. Global migrants reach 191 million. BBC News. June 7, 2006.
  45. „Jamaica: Mapping exercise“. London: International Organization for Migration. јули 2007. http://www.iomlondon.org/doc/mapping/IOM_JAMAICA.pdf. конс. 27 мај 2010. 
  46. „Nationmaster Crime Stats“. Nationmaster.com. http://www.nationmaster.com/graph/cri_mur_percap-crime-murders-per-capita. конс. 4 јули 2009. 
  47. „Crime, violence and development: trends, costs, and policy options in the Caribbean“ (PDF). United Nations Office on Drugs and Crime. стр. 37. http://www.unodc.org/documents/data-and-analysis/Caribbean-study-en.pdf. конс. 26 декември 2007. 
  48. „North and Central America and Caribbean Jamaica“. „Travel advice by country“. United Kingdom, Foreign & Commonwealth Office. 20 март 2009. http://www.fco.gov.uk/en/travelling-and-living-overseas/travel-advice-by-country/north-central-america/jamaica#. конс. 20 март 2009. 
  49. Lacey, Marc. „Attacks Show Easygoing Jamaica Is Dire Place for Gays“, New York Times, 24 февруари 2008 (конс. 19 март 2009).
  50. „Jamaica: Shield Gays from Mob Attacks“. Human Rights Watch. 31 јануари 2008. http://www.hrw.org/en/news/2008/01/31/jamaica-shield-gays-mob-attacks. конс. 19 март 2009. 
  51. Amnesty International (2007-04-15). "Document – Jamaica: Amnesty International condemns homophobic violence". Соопштение за печат.  (консултирано на 2009-03-19)
  52. TIME: The Most Homophobic Place on Earth? By Tim Padgett. Wednesday, April 12, 2006
  53. „Jamaica“. State.gov. 14 септември 2007. http://www.state.gov/g/drl/rls/irf/2007/90259.htm. конс. 4 јули 2009. 
  54. Jamaican Christian Missions:Their Influence in the Jamaican Slave Rebellion http://www.eiu.edu/~historia/archives/2005/Elam.pdf
  55. Haruth Communications, Harry Leichter. „Jamaican Jews“. Haruth.com. http://www.haruth.com/JewsJamaica.html. конс. 4 јули 2009. 
  56. Dawes, Mark (10 јуни 2003). „Jews hold firm Life goes on in Old Synagogue“. Gleaner Co.. http://www.jamaica-gleaner.com/gleaner/20030610/mind/mind2.html. конс. 11 март 2010. 
  57. Dr. Rebecca Tortello The History of Jamaica – Captivated by Jamaica

Дополнителни информации[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Јамајка

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општо