„Светска книга на факти“ на ЦИА

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Светска книга на факти)
Светска книга на факти
Корица на последното државно печатено издание на Светската книга на факти (изд. 2012-13)
АвторЦИА
Изворен насловThe World Factbook'
Јазиканглиски
Жанргодишник за земјите на светот
ИздавачУправа за разузнавање[1]
Издадена
ЦИА повеќе не објавува книжни изданија

Светската книга на факти (The World Factbook или CIA World Factbook; ISSN 1553-8133)[2] е прирачно дело што го изготвува Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) кое содржи информации за земјите во светот во облик на годишник. Книжните примероци се достапни од Националната служба за технички информации и Владината печатница. Истото го печатат и други печатници како Skyhorse. Делото е достапно и на неговиот портал, кој делумно се подновува секоја недела. Ова издание може и да се преземе во целст, за вонмрежна употреба. Покриени се 267 земји и територии - секоја има преглед во две до три страници на демографијата, географијата, комуникациите, управата, стопанството и одбраната.[3]

Книгата се подготвува во ЦИА со цел да им служи на службениците и функционерите во владата на САД, што се одразува врз стилот, форматот и опфатот на делото.[4] Книгата служи и како извор извор на податоци при изработката на академските трудови.[5] Како дело на владата на САД, книгата е во јавна сопственост таа земја.[6]

Извори на податоците[уреди | уреди извор]

При изготвувањето на Светската книга на факти, ЦИА се служи со следниве избори. Се консултираат и други јавни и приватни избори.[4]

  • Антарктички информативен програм (Национална научна фондација)
  • Медицински разузнавачки центар на Вооружените сили (Министерство за одбрана)
  • Пописна служба (Министерство за трговија)
  • Служба за трудова статистика (Министерство за труд)
  • Совет на раководители на националните антарктички програми
  • Агенција за воено разузнавање (Министерство за одбрана)
  • Министерство за енергетика
  • Министерство за надворешни работи
  • Служба рибен фонд и дива природа (Министерство за внатрешни работи)
  • Поморска управа (Министерство за транспорт)
  • Национална агенција за геопросторно разузнавање (Министерство за одбрана)
  • Управа на военоморнаричката инженерија (Министерство за одбрана)
  • Служба за островски работи (Министерство за внатрешни работи)
  • Служба за поморско разузнавање (Министерство за одбрана)
  • Службен весник за нафта и гас
  • Одбор за географски поими (Министерство за внатрешни работи)
  • Военотранспортна управа (Министерство за одбрана)

Наводи[уреди | уреди извор]

 Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од портали или документи од Светската книга на факти.

  1. Централна разузнавачка служба (25 април 2007). „Разузнавање и анализа - Производи“. Архивирано од изворникот на 2010-05-27. Посетено на 23 октомври 2010. Управата издава прирачници од јавен карактер достапни за секого. Годишникот „Светска книга на факти“ содржи профили на над 260 земји и други целини.(Архивирано од WebCite на ) (англиски)
  2. Управа за разузнавање (12 јули 2011). „ЦИА - Светска кнгиа на факти“. Архивирано од изворникот на 2008-08-12. Посетено на 14 јули 2011. Светската книга на факти содржи информации за историјата, населението, управата, стопанството, географијата, комуникациите, транспортот, војската и меѓународните односи на 267 земји и територии. (англиски)
  3. 4,0 4,1 {{нмс | author = Управа за разузнавање | title = Светска книга на факти - Учесници и авторскоправни информации | url = https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/docs/contributor_copyright.html Архивирано на 13 мај 2013 г. | accessdate = 23 септември 2006
  4. Централна разузнавачка агенција (5 април 2006). "Издадена Светска книга на факти за 2006 г.". Соопштение за печат.  посет. 11 јануари 2007 г Архивирано на 13 јуни 2007 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-06-13. Посетено на 2012-08-07. (англиски)
  5. Управа за разузнавање. „Светска книга на факти - Често поставувани прашања: Дали можам да ја користам целата книга (или нејзини делови) за моето мрежно место (книга, истражен проект, домашна задача итн.)?“. Архивирано од изворникот на 2019-01-08. Посетено на 23 септември 2006. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]