Гвајана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ова е статија за државата во Јужна Америка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Кооперативна Република Гвајана
Co-operative Republic of Guyana[1]
Знаме Грб
Гесло„Еден народ, една нација, една судбина“
Химна"Dear Land of Guyana, of Rivers and Plains"
Главен град Џорџтаун
6°46′ СГШ 58°10′ ЗГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик англиски
Признаени регионални јазици гвајански креолски, португалски, шпански, акаваио, макуши, ваи ваи, аравачки
Народности  43,5% индијци, 30,2% црнци, 17% мешани, 9,1% староседелци[2]
Демоним Гвајанец
Уредување полу-претседателска република
 -  Претседател Барат Џагдео
 -  Премиер Сем Хиндс
Независност
 -  Холандска Гвајана 1667-1814 
 -  Британска Гвајана 1814-1966 
 -  од Обединето Кралство 26 мај 1966 
 -  Република 23 февруари 1970 
Површина
 -  Вкупна 214,999 км2 (84-та)
 -  Вода (%) 8.4
Население
 -  проценка за 2009 772.298[2]1 (160-та)
 -  Попис 2002 751.223[3] 
 -  Густина 3.5 жит/км2 (225-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $3.082 милијарди[4] 
 -  По жител $4,029[4] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $1.154 милијарди[4] 
 -  По жител $1,509[4] 
ИЧР (2007) 0.729[5] (среден) (115-та)
Валута гвајански долар (GYD)
Часовен појас (UTC-4)
Се вози на лево
НДД .gy
Повик. бр. 592
1. Околу една третина од населението живее во главниот град.

Гвајана (англиски: Guyana) или официјално Кооперативна Република Гвајана (Co-operative Republic of Guyana[1]) е држава во свероисточниот брег на Јужна Америка. Поранешното име на Гвајана било Британска Гвајана што всушност била колонија и поради тоа денес е дел од англофонските држави. На исток, Гвајана граничи со Суринам, на југ со Бразил, на запад со Венецуела и Бразил и на север и северозапад излегува на Атлантскиот Океан. Вкупната површина на Гвајана е 214.999 километри квадратни каде живеат околу 772.298, главен град е Џорџтаун и официјален јазик е англискиот јазик. Според површината, Гвајана е третата најмала држава во Јужна Америка, веднаш пред Уругвај и Суринам.

Територијата денес позната како Гвајана била откриена од европските доселеници во 1498 година и 500 години била спорна точка помеѓу Шпанија, Франција, Холандија и Велика Британија. Денес, како резултат на британското влијание, е единствената држава во Јужна Америка дел од Комонвелтот на нациите. Својата независност Гвајана ја стекнала во 1966 година. Регионот „Гвајана“ низ колонијалната историја била поделена на неколку делови како: Шпанска Гвајана (источна Венецуела), Португалска Гвајана (северен Бразил), Британска Гвајана, Холандска Гвајана (Суринам) и Француска Гвајана.

Етимологија[уреди]

Името „Гвајана“ потекнува од зборот „guiana“ што е оригиналното име на регионот кој денес ги вклучува државите Гвајана, Суринам, Француска Гвајана, источни делови на Венецуела и северни делови од Бразил. Се верува дека името потекнува од народот Таино што би значело „земја на брзотечна река“ и се поврзува со големиот број реки во регионот, но сепак најчесто се верува дека значи „земја на многу реки“.

Историја[уреди]

Британска Гвајана.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Гвајана.

Првите европски колонии на територијата на денешна Гвајана пристигнеле во околу 1500 година. Пред нивното доаѓање овде живееле индиските племиња Араваци и Карибјани. Во почетокот на XVII век, Холанѓаните го дале почетокот на европската доминација на територијата. Така тие основале три колонии: Есекибо (1616), Бербајс (1627) и Демерара (1752). Во текот на втората половина на 18 век, контролата околу територијата на денешна Гвајана преминале во раце на Англичаните, а официјално Холандија се повлекла во 1814 година. Така, трите колонии станале под официјална контрола на британската круна, позната под името Британска Гвајана од 1831 година.

По забраната на ропството во 1834 година, црнците започнале да основат нови села и градови. Во тој период од Индија, Кина и Португалија пристигнале голем број на работници. Тоа културно разнообразие е зачувано до денес и е едно од причините за бурниот политички живот на земјата. Гвајана својата независност ја добила од Обединетото Кралство во 1966 година, а како кооперативна република била објавена во 1970 година. Во 1978 година земјата влегла во светските медиуми при масовното самоубиство на над 900 луѓе од сектата Џон Џонс.

Географија и клима[уреди]

Карта на Гвајана.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Гвајана.

Гвајана, географски, е поделена на пет региони и тоа: рамнина покрај брегот на Атлантскиот Океан каде живее најголем дел од населението, веднаш под оваа рамнина е песокливиот појас, потоа следува прашумата во средината на земјата, саваната на запад и висорамнините во пределот на границите на Бразил. Најголем, а воедно и главен град на Гвајана е Џорџтаун, каде живее голем дел од населението на државата т.е. 239.227 жители. Вкупната површина на Гвајана е 214.999 километри квадратни и има население од 772.298 жители.

Некои од највисоките планински врвови во Гвајана се Ајангана со 2.042 метри, Кабураи со 1.465 метри и Рораима со 2.835 метри надморска височина. За планината Рораима се верува дека била инспирација на шкотскиот познат писател Артур Конан Дојл за неговата книга „Изгубен свет“.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Гвајана.

Политиките на Гвајана се одвиваат во рамките на полу-претседателска република, каде престедателот е на чело на државата и на повеќепартискиот систем. Извршната власт е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на владата и на Националното собрание на Гвајана. Историски, политиката во Гвајана била извор на голем број тензии и насилства. Во 1992 година, за прв пат биле одржани „слободни и фер“ избори.

Административна поделба[уреди]

Региони на Гвајана.

Гввајана е поделена на 10 региони и тоа:[6][7]

бр. регион површина km² население население
на km²
1 Барима-Ваини 20,339 24,275 1.2
2 Померон-Супенам 6,195 49,253 8.0
3 Острови Есегвибо - Западна Демерара 2,232 103,061 46.2
4 Демерара-Махаика 1,843 310,320 168.4
5 Махаика-Бербисе 3,755 52,428 14.0
6 Источно Бербисе-Корентин 36,234 123,695 3.4
7 Кујуни-Мазаруни 47,213 17,597 0.3
8 Потаро-Сипаруни 20,051 10,095 0.5
9 Горно Такуту - Горно Есквибо 57,750 19,387 1.3
10 Горбо Демерара - Бербисе 19,387 41,112 2.1
Гвајана 214,999 751,223 3.49

Регионите се поделени на 27 окрузи.[8]

Економија[уреди]

Оризови полиња.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Гвајана.

Главната економска активност на Гвајана е земјоделството, како на пример шеќер, но има и ископување на боксит, злато, сеча на шума и риболов. Економијата на Гвајана има сериозни проблеми со недоволно образована работна сила и недостаток на инфраструктура. Во 2008 година, економијата забележала 3% развој.

Индустријата со шеќер е застапена со околу 28% од извозот на земјата. Во овој индустриски сектор се вработени најмногу луѓе од работоспособното население на државата. Покрај оваа индустриска гранка, во Гвајана има и останати поразвиени индустриски гранки кои во последно време забележуваат и странски инвестиции.

Население, јазик и религија[уреди]

Демографија на Гвајана.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Гвајана.

Населението на Гвајана изнесува 770.000 жители каде 90% од населението живее во крајбрежниот дел. Денешното население на Гвајана е хетерогено во расна и етничка смисла. Голем дел од населението се потомци на робови од Африка или донесени работници од Индија, Ирска, Холандија или Германија. Сите различни етнички групи кои опстојуваат во Гвајана заедно ги држи заедничкиот англиски јазик и локалниот гвајански креолски јазик.

Најголемата етничка група во државата се Индијците кои сочинуваат околу 43.5% од населението, потоа следуваат потомците на африканските робови со околу 30.2%, мешаните жители со 16.7% и староседелците се 10% од населението.

Официјален јазик во државата е англискиот јазик, но доста се зборува и гвајанскиот креолски јазик. Според пописот од 2002 година религиски Гвајана е составена од: христијани со 57%, хиндуси со 23.4%, муслимани со 7.3% и останати помали религиски заедници.[9]

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Гвајана.

Гвајана, заедно со Суринам, Француска Гвајана и Бразил се четирите не-хиспански нации во Јужна Америка. Културата на Гвајана е доста слична со културата на англофонските карипски држави и историски била поврзана со англиската империјална култура. Во оваа култура забележителни се и старите културни традиции на народите кои ја населуваат територијата.

Наводи[уреди]

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]