Суринам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Суринам
Republiek Suriname  (холандски)
Знаме Грб
ГеслоJustitia - Pietas - Fides  (латински)
"Правда - Должност - Лојалност"
ХимнаGod zij met ons Suriname   (холандски)
('Господе биди со нашиот Суринам')

Местоположба на Суринам
Главен град
(и најголем)
Парамарибо
5°50′N 55°10′W / 5.833° СГШ; 55.167° ЗГД / 5.833; -55.167
Службен јазик холандски
Признаени регионални јазици Сранан Тонго, хинду, англиски, сарнами, јавански, маратски, боџпури, хака кинески, кантонски кинески, бони, сарамаакн, парамакан, ндјука, квинти, матаваи, карибан, аравачки калина
Демоним суринамски
Уредување уставна демократија
 •  Претседател Роналд Венетијан
независност Од Холандија 
 •  Датум 25 ноември 1975 
Површина
 •  Вкупна 163,821 км2 (91ва)
 •  Вода (%) 1,1
Население
 •  проценка за Јули 2005 г. 470.784 (168ма)
 •  Попис 2004 487,024 
 •  Густина 2,7 жит/км2 (234та)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $4,077 милијарди[1] 
 •  По жител $7.762[1] 
БДП (номинален) проценка за 2007 г.
 •  Вкупно $2,415 милијарди[1] 
 •  По жител $4,599[1] 
ИЧР (2013) 0.705[2]
висок · 100та
Валута Суринамски долар (SRD)
Часовен појас ART (UTC-3)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC-3)
Се вози на лево
НДД .sr
Повик. бр. 597

Суринам (холандски: Suriname), или официјално Република Суринам (Republiek Suriname) е независна држава во Јужна Америка. Суринам на север излегува на Атлантски Океан, на југ граничи со Бразил, на запад со Гвајана и на исток со Француска Гвајана. Суринам има вкупна површина од 163.821 км2, каде живеат околу 487,024 според пописот од 2004. Главен град на државата е Парамарибо, а службен јазик е холандскиот јазик.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Името Суринам можеби потекнува од група на народ сроден со народот Тајно, кој зборувале сличен јазик со аравачкиот јазик и таа група на народ се нарекувала „Суринени“. Суринените за првпат ја населиле областа пред доаѓањето на Европејците.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Јавански емигранти во Суринам сликани во периодот 1880-1900 година.

Индијанското племе Суринени, биле едно од најстарото население во регионот каде денеска се наоѓа државата Суринам. Во текот на 16 век ова племе било потиснето од страна на други јужноамерикански племиња, како што биле Араваците и Карибјаните. На 12 октомври 1492 година Кристофер Колумбо го открил Новиот Свет. Во текот на 1499 година Америго Веспучи го открил северниот брег на Јужна Америка. Во текот на 17 век имало неколку обида Холанѓаните и Англичаните да го колонизираат регионот на денешната држава Суринам.[4] На крајот од тој период, Холандија успеала да наметне своја контрола. Холандија целосно го искористувала трудот на робовите кои по потекло биле од Африка. Поради лошиот однос на претпоставените, голем број на робови успевале да побегнат низ џунглите. Тие робови, кои често се нарекувале како џуки, честопати се враќале и ги напаѓале позициите на Холанѓаните[5][6] . Во текот на 1863 година било укинато ропството, со кое Холандија станала меѓу последните земји кои го сториле тоа. Но сепак робовите биле ослободени дуги во 1873 година. Во текот на 1954 година Суринам добил можност сам да управува со својата земја, но Холандија си ја зачувала својата контрола над нејзината одбрана и надворешни работи. Во 1973 година локалните власти предводени од NPK започнале преговори со холандские власти за давање и признавање на независноста на Суринам, која била овозможена на 25 ноември 1975 година.

Прв претседател на земјата бил Јохан Фериер заедно со Хенк Арон, водач на Сунирамската национална партија. Сепак околу една третина од вкупното население на земјата емигрирало во Холандија, плашејќи се главно дека новата држава нема да може самостојно да опстане. Денеска, една третина од фудбалската репрезентација на Холандија по потекло е токму од Суринам. Во текот на 1980-тите се случиле редица од воени преврати и удари кое довело до прекинување на односните со Холандија. Во текот на 1987 година биле спроведени првите избори и изгласен првиот устав. Во 1990 година повторно бил направен државен удар кој пак траел само една година зада во 1991 година повторно се спроведат избори. Денеска Холандија повторно одржува добри односи со Суринам. Главни проблеми на земјата се слабата економија.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Карта на Суринам.

Суринам е најмала независна држава во Јужна Америка. Суринам се наоѓа на Гвајанскиот штит и државата е составена од два географски региона. Северниот регион е низинскиот крајбрежен регион и во овој регион се наоѓа најголем број од населението. Јужниот дел од државата се состои од тропски прашуми и слабо населени савани покрај границата со Бразил и овој регион зазема 80% од вкупната површина на земјата.

Во Суринам има два планински венеци: Бахујски Планини и Ван Аш Ван Вијк. Највосока планина е Јулијанатоп, која е висока 1286 метри. Покрај неа, во државата се наоѓаат и Тафелберг со 1026 метри, Касикасима со 718 метри, Голијатберг со 358 метри и Волцберг со 240 метри.

На север Суринам излегува на Атлантскиот Океан, на запад се граничи со Гвајана, на југ со Бразил и на исток со Француска Гвајана. Вкупната површина на државата изнесува 163,821 км2 со вкупно население од 491,989 според проценките од 2011. Јужната граница со Француска Гвајана и со Гвајана е опспорена и таа граница се движи по реките Марони и Корантин. Покрај тоа, Суринам има граничен спор и во морето со Гвајана.[7][8]

Суринам има топла тропска клима и температури кои не варираат многу низ годината. Средна температура во Суринам е од 21 до 32 степени. Државата има две влажни сезони, од април до август и од ноември до февруари. Исто така, државата има и две суви сезони, од август до ноември и од февруари до април.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Претседателската палата во Суринам.

Република Суринам е уставна, демократска република која се заснова на уставот од 1987 година. Законодавната власт во државата е составена од еднодомен парламент со 51 член. Пратениците во Суринам се избираат преку парламентарни избори за мандат од пет години.Секој округ во државата е управуван од комисионер, кој пак е назначен од самиот претседател.

Претседателот на Суринам се избира за мандат од пет години преку двотретинско мнозинство во Националното собрание на Суринам. Претседателот ги назначува 16-те министри. Во исто време се избира и заменик претседателот на Суринам за мандат од пет години, за кој е потребно просто мнозинство од гласовите во Собранието. Законодавната власт во државата е предводена од Врховниот суд. Членовите на овој суд се назначени од претседателот и имаат доживотен мандат.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Државата е поделена на десет административни окрузи. Секој округ е под раководство на комисар, кој е назначен од претседателот. Секој округ е поделен на т.н. ресорти.

Districts of Suriname
Districts of Suriname
округ ад. центар површина (км2) површина (%) население
(попис 2012[9]
население (%) гус. на население. (жител/км2)
1 Брокопондо Брокопондо 7,364 4.5 15,909 2.9 2.2
2 Комевејне Нов Амстердам 2,353 1.4 31,420 5.8 13.4
3 Корони Тотнес 3,902 2.4 3,391 0.6 0.9
4 Маровејне Албина 4,627 2.8 18,294 3.4 4.0
5 Никери Нов Никери 5,353 3.3 34,233 6.3 6.4
6 Пара Онвервахт 5,393 3.3 24,700 4.6 4.6
7 Парамарибо Парамарибо 182 0.1 240,924 44.5 1323.8
8 Сарамака Гронинген 3,636 2.2 17,480 3.2 4.8
9 Сипаливини none 130,567 79.7 37,065 6.8 0.3
10 Ваника Лелидорп 443 0.3 118,222 21.8 266.9
СУРИНАМ Парамарибо 163,820 100.0 541,638 100.0 3.3

Стопанство[уреди | уреди извор]

Министерството за финансии на Суринам.

Економијата на Суринам е главно предводена од производството на боксит, кое зазема околу 15% од БДП на државата и 70% од нејзиниот извоз. Останати производи кои Суринам ги извезува се ориз, банани и морски ракчиња. Покрај тоа, во последно време Суринам почнал да извезува и нафта[10] и злато[11]. Околу четвртина од населението во државата работи во земјоделскиот сектор. Еконимијата на Суринам е доста зависна од трговијата и главни трговски партнери се Холандија, САД, Канада и Карипските Острови.

Економската слика на државата е:

  • БДП (2010): 4.794 милијарди долари.
  • Просечен годишен раст на БДП (2010): 3.5%.
  • БДП по глава на жител (2010): 9,900 долари.
  • Инфлација (2007): 6.4%.
  • Приросни ресурси: боксит, злато, нафта, железо, хидроелетричен потенцијал, морски плодови.
  • Земјоделски производи: ориз, банани, дрво, палми, кикирики, цитрус и останати шумски производи.
  • Индустрија: алуминиум, злато, риба...
  • Трговија (2005):
    • Извоз: 1.391 милијарди долари
    • Увоз: 1.297 милијарди долари[12]

Демографија[уреди | уреди извор]

Етнички групи и рази[уреди | уреди извор]

Суринам во 2005 имал вкупно население од 438.144 жители, но со проценките од 2007 Суринам брои 494.347 жители. Постојат неколку етнички групи:

Најголемиот дел од населението (околу 90%) живее во Парамарибо. Исто така голем број на суринамци живее во Холандија, околу 330.00 (2005).

Расната застапеност е:

Категорија Застапеност
кафеави (мешани, хинду и јаванци) 49,5%
црни (марони, афросуринамци и други) 35,6%
жолти (кинези) 11%
бели (еврипејци, блискоисточни и евреи) 2%
црвени (индијанци/ домородни суринамци) 1,9%

Јазик[уреди | уреди извор]

Холандскиот јазик е службениот јазик во образованието, владата, бизнисот и медиумите. Суринам во 2004 година станал трет член на Холандскиот јазичен сојуз. Холандскиот е мајчин јазик на околу 60% од суринамците, бидејќи другите го зборуваат како втор или трет јазик.[14] Како втор јазик се смета холандскиот креплски јазик, а додека трет е суринамскиот хинди кој е дијалект на боџпурикиот јазик.

Религија[уреди | уреди извор]

Во земјата нема доминантна религија. Христијанството, како католицизмот така и варијациите на протестантството, се доминантни кај Креолците и Мароните. Голем дел од Хиндустанците се хиндуисти, но дел практикуваат ислам и христијанство. Со своите 20% муслимани, Суринам е најголемата муслиманска земја по процентуална застапеност во Новиот Свет.[15]

Култура[уреди | уреди извор]

Парамарибо во 1955 година.

Суринам е мултиетничко општество и народот е од различно етничко потекло. Поради тоа, суринамската култура е доста богата и разновидна, како во поглед на традиционалните вредности, така и во религискиот сегмент.

Национални празници

1 јануари- Нова Година
3 февруари - Кинеска Нова Година
30 марти (варира) - Холи
24 април - прв ден Велигден
25 април- втор ден Велигден
1 мај- Ден на трудот
5 јуни- Имиграција на Индијците
1 јули- Кети Коти, Ден на еманципацијата (крај на ропството)
8 август- Имиграција на Јаванците
9 август- Ден на староседелските народи
25 ноември- Ден на независноста на Суринам
25 декември- Божиќ
26 декември - втор ден Божиќ

Покрај овие празници, во државата се слават и останати индуски и исламски празници и нивниот датум варира бидејќи се сметаат по исламскиот или хиндускиот календар.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Suriname“. International Monetary Fund. Посетено на 2008-10-09.
  2. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  3. The New Encyclopædia Britannica, Encyclopaedia Britannica, Volume 5. Edition 15. Publisher Encyclopaedia Britannica, 2002, p. 547.
  4. „Encyclopedia Britannica: A Dictionary of ARTS, SCIENCES, and General LITERATURE, Volume XI“ (Ninth Edition—Popular Reprint. изд.). Посетено на 2008-05-04. In 1614 the states of Holland granted to any Dutch citizen a four years' monopoly of any harbour or place of commerce which he might discover in that region (Guiana). The first settlement, however, in Suriname (in 1630) was made by an Englishman, whose name is still preserved by Marshal's Creek.
  5. The Boni Maroon Wars in Suriname by Wim S.M. Hoogbergen
  6. Stedman, John Gabriel (1962) The Journal of John Gabriel Stedman, 1744-1797, soldier and author, including an authentic account of his expedition to Surinam in 1772 Mitre Press, London, OCLC 924217
  7. Permanent Court of Arbitration - Guyana/Suriname
  8. Award of the Tribunal
  9. „Suriname at GeoHive“. Geohive.com. Посетено на 13 July 2014.
  10. (англиски) Rigzone Staatsolie Launches Tender for 3 Offshore Blocks
  11. (англиски) Cambior Development of the Gross Rosebel Mine in Suriname Архивирано на 8 август 2007 г.
  12. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-01-07. Посетено на 2011-12-31.
  13. 13,0 13,1 http://www.joshuaproject.net/peopctry.php
  14. Algemeen Bureau voor de Statistiek. „Update Census 7“ (PDF). ABS. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-09-10. Посетено на 2008-07-24.
  15. Muslim Minorities in the West: Visible and Invisible By Yvonne Yazbeck Haddad, Jane I. Smith, pg 271

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Влада
Основни информации