Прејди на содржината

Грб на Суринам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Суринам
Подробно
Усвоен25 ноември 1975
Штитокруглест штит кој е поделен на два дела со дијамант во средината и ѕвезда во истиот.
Држачилуѓе облечени во локална староседелска облека.
МотоПравда, побожност, верност


Грбот на Суринам е официјалниот грб на оваа јужноамериканска држава. Грбот бил усвоен на 25 ноември 1975 година.

Грбот е составен од округлест штит, кој е поделен на два дела со дијамант во средината. На левиот дел има приказ на златен брод, што ја симболизира трговијата со робови во Суринам и пренесувањето Африканци во Јужна Америка. На десната половина има приказ на палма, што ја симболизира правдата, односно „секој правен човек ќе расцвета како палма“. Зелениот дијамант всушност претставува стилизирано срце, симбол на љубовта, а врвовите на дијамантот ги симболизираат правците на ветрот. Во дијамантот има приказ на златна ѕвезда, чии краци ги симболизираат континентите од каде потекнуваат луѓето на Суринам, односно: Африка, Азија, Америка, Австралија и Европа. Овој штит го држат двајца луѓе облечени во локална староседелска облека, а сите тие се потпираат на црвена лента на која со црни букви пишува: Правда, побожност, верност (Justitia - Pietas - Fides).

Поврзано

[уреди | уреди извор]