Грб на Парагвај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грб на Парагвај
Coat of arms of Paraguay.svg
Coat of arms of Paraguay (reverse).svg
Подробно
Усвоен1823
Штитдискови
Мото„Мир и правда“ и „Република Парагвај“

Грбот на Парагвај е официјалниот грб на оваа јужноамериканска држава. Овој грб датира од 1823 година, од времето на владеењето на Хозе Гаспар Родригез де Франсија со државата. Овој грб е еден од ретките во светот каде позадината и лицето се различни. Лицето се нарекува државен грб, додека позадината се нарекува национален грб. Лицето и позадината се мешаат во зависно од изворот.

Историја[уреди | уреди извор]

Грбот бил усвоен како грб на Парагвај на 30 септември 1812 година од страна на Врховниот совет на Парагвај, но нема запис за тоа како изгледал. Така, во 1823 година Франсија го објавил првиот приказ на грбот кој се користел до 1842. Краток период, односно во 1828 година се користела поразлична верзија. Грбот за прв пат бил назначен за симбол на Парагвај на 25 ноември 1842, но пак не бил даден опис за точниот изглед. Така денес има повеќе верзии на грбот.

Опис[уреди | уреди извор]

Предната страна или лицето е составена од бел диск на кој има приказ на златен лав седечка позиција. Лавот држи стап на кој има фригиска капа. Над лавот и капата има црвена лента во полукруг на која со златни букви е испишано „мир и правда“ или на шпански „Paz y Justicia“. Капата симболизира мир.

Позадината е составена бел диск на кој има црвен диск со бел центар. На црвениот диск е испишано името на државата, додека во средишниот дел има венец од палма и маслиново гранче во зелена боја. Во средината на венецот има мал син диск на кој има приказ на златна петокрака.

Поврзано[уреди | уреди извор]