Грб на Чиле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Чиле
Coat of arms of Chile.svg
Подробно
Усвоен26 јуни 1834
Челенкапердуви
Штитштит поделен на два хоризонтални дела со сребрена петокрака во средината.
Држачиод лево има јужноандски елен, а од десно има кондор.
Подножјепијадестал со националното гесло.
Мотошпански: Por la razón o la fuerza
Претходни варијанти21 октомври 1820

Грбот на Чиле е официјалниот грб на оваа јужноамериканска држава. Грбот датира од 1834 година и бил дизајниран од англискиот артист Чарлс Вуд Тејлор. Актуелниот чилеански грб бил официјално усвоен на 26 јуни 1834 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Грбот е составен од неколку елементи. Во централниот дел има штит со кафеави граници и истиот е поделен на два хоризонтални дела во горна сина и долна црвена боја. Во средината на штитот има сребрена петокрака. Од левата страна на штитот има јужноандски елен, а од десната страна има кондор кои имаат функција на држачи. Кондорот е најчеста птица на Андите, додека еленот е најредок цицач на територијата на Чиле. Двете животни имаат златни морнарички круни, кои го симболизираат херојството на чилеанската морнарица. Над штитот има три пердуви во сина, бела и црвена боја, симболи кои ги носеле поранешните претседатели на Чиле. Под штитот има кафеав пиедестал на кој има закачено бела лента со геслото: "Por la Razón o la Fuerza" или на македонски „Со причина или со сила“.

Останати грбови[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]