Грб на Еквадор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Еквадор
Подробно
Усвоен31 октомври 1900
Челенкаандски кондор
ШтитРеката Гвајас во подножјето на вулканот Чимборасо, чамец, сонце и лента со знаци
Држачипо две еквадорски знамиња од лево и десно
Претходни варијанти1845

Грбот на Еквадор е официјалниот грб на оваа јужноамериканска држава. Грбот е во употреба уште од 1900 година, но истиот се заснова на постара верзија од 1845 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Грбот е составен од неколку елементи. Во централниот дел има овален штит во кој има приказ на вулканот Чимборасо, а во подножјето на вулканот има река, која ја претставува реката Гвајас. Планината и реката ги претставуваат убавините на двата големи географски региони на Еквадор, планинскиот и крајбрежниот. Во реката има приказ на брод, кој исто така се нарекува Гвајас. Тој во 1841 година е првиот брод изграден во Гвајагил, кој бил воедно и првиот пароброд изграден на западниот брег на Јужна Америка. Бродот има кадуцеј кој ги симболизира економијата и трговијата. Над планината има златно сонце на сина лента. Од двете страни на сонцето има по два астролошки знака, односно од лева знак за овен и бик, а од десна близнаци и рак. Овие знаци ги претставуваат месеците од март до јули, периодот кога се одвивала револуцијата во Еквадор во 1845.

Позади штитот има четири вкрстени еквадорски знамиња, односно по две од левата и по две од десната страница. Помеѓу предните две и задните две знамиња има венец. Венецот е составен од палма и ловорово гранче, каде венецот ја симболизира победата на републиката, а палмата е симбол на паднатите жртви за време на борбата за слобода. Над штитот има андски кондор кој ги симболизира големината и силата на Еквадор. Под штитот има фасции со секира кои ја симболизираат авторитарноста на власта.

Останати грбови[уреди | уреди извор]

Слободна покраина Гвајакил Гран Колумбија Еквадор Еквадор Еквадор Еквадор Еквадор
1820 1821 - 1830 1830 - 1835 1835 - 1843 1843 - 1845 1845 - 1860 1860 - денес

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]