Грб на Уругвај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Уругвај
Подробно
Усвоен19 март 1829
ТорзоМајско сонце
Штитовален штит поделен на четири дела
Држачивенец од ловор и маслинка

Грбот на Уругвај е официјалниот грб на оваа јужноамериканска држава. Грбот е усвоен на 19 март 1829 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Грбот е составен од три големи елементи. Во централниот дел има овален штит кој е поделен на четири дела, од кои горниот лев и долниот десен се во сина боја, а останатите во бела боја. Во горниот лев дел има златна терезија, која е симбол на правда и еднаквост. До овој дел е белиот горен, на која е прикажан Брдото во Монтевидео со тврдината, што симболизира сила.

Долниот лев дел има приказ на црн коњ во калоп, што е симбол на слобода. Во последниот дел, долниот десен, има златен вол, што е симбол на изобилство. Позади овалниот штит има Мајско сонце во изгрев што го симболизира издигнувањето на уругвајската нација. Последниот голем елемент е венецот кој е составен од гранче ловор и гранче маслинка и симболизира чест и мир. Гранчињата се споени си сина лента на дното.

Поврзано[уреди | уреди извор]