Грб на Гвајана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грб на Гвајана
Coat of arms of Guyana.svg
Подробно
Усвоен25 февруари 1966
Торзодекоративен шлем и индијанска капа
Штитштит на кој има приказ на лилјан, сини линии и националната птица.
Држачијагуари
МотоЕден народ, една нација, една судбина

Грбот на Гвајана е официјалниот државен грб на оваа јужноамериканска држава. Грбот бил официјално воведен на 25 февруари 1966 година, но кралицата Елизабета II го претставила овој грб на гвајанската јавност на 21 јануари, истата година.

Опис[уреди | уреди извор]

Грбот е составен од неколку елементи. Во централниот дел има штит, на кој има приказ на лилјан Викторија, кој е национален цвет во Гвајана, а под лилјанот има три брановидни сини ленти, кои ги симболизираат реките во државата и под нив има приказ на националната птица хоацин. Штитот го држат два јагуара, од кој левиот држи секира, а десниот гранки од шеќерна трска и ориз, кои ги симболизираат шеќерната и оризната индустрија во земјата. Над штитот има приказ на декориран шлем, што е кралска инсигнија, и индијанска традиционална капа, која ги симболизира староседелските народи. Под грбот се наоѓа бела лента со националното гесло, „Еден народ, една нација, една судбина“ или на англиски „One people, one nation, one destiny“.

Поврзано[уреди | уреди извор]