19 март
Изглед
Предлошка:Март 2026 19 март — 78-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (79-и во престапна година). Остануваат 287 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1628 | Англичаните во Америка ја основале колонијата Масачусетс. |
| 1903 | Идеологот на ТМОРО, Гоце Делчев со својата чета го разурна тунелот кај реката Драматица (Ангиста), Серско. Тоа беше последната негова акција против османлиската власт пред неговата смрт. |
| 1943 | Основана е Комунистичката партија на Македонија, како македонски оддел на Сојузот на комунистите на Југославија. |
| 2017 | Франк-Валтер Штајнмајер станува претседател на Германија. |
Родени:
| 1590 | Вилијам Брадфорд — англиски предводник на основачите на колонијата Плимут во Масачусетс. |
| 1629 | Алексеј I Романов — руски цар. |
| 1813 | Дејвид Ливингстон — шкотски истражувач на африканскиот континент. |
| 1818 | Петар Прерадовиќ — хрватски писател. |
| 1873 | Макс Регер — германски композитор, пијанист и музички педагог, претставник на доцниот романтизам. |
| 1888 | Јозеф Алберс — германско-американски сликар. |
| 1900 | Фредерик Жолио – Кири — француски физичар. |
| 1910 | Страхил Андреевски — македонски боксер. |
| 1933 | Филип Рот — американски писател. |
| 1942 | Салаедин Билал — македонски глумец од турска националност. |
| 1943 | Митко Маџунков — македонски писател. |
| 1947 | Глен Клоус — американска глумица. |
| 1949 | Валери Леонтјев — советски и руски поп-пејач. |
| 1955 | Брус Вилис — американски глумец. |
| 1956 | Егор Гајдар — руски економист. |
| 1959 | Тери Хол — англиски рок-музичар, член на групата The Specials |
| 1960 | Тодор Петров — македонски политичар. |
| 1966 | Ања Рупел — словенечка поп-пејачка, членка на групата Видеосекс. |
| 1971 | Лазар Еленовски — министер за одбрана на Република Македонија. |
| 1976 | Алесандро Неста — италијански фудбалер. |
| 1976 | Петар Грашо — хрватски поп-музичар. |
| 1977 | Емил Калешковски — македонски поет. |
| 1979 | Хидает Туркоглу — турски кошаркар. |
| 1979 | Иван Љубичиќ — хрватски тенисер. |
| 1981 | Коло Туре — фудбалер од Брегот на Слоновата Коска. |
| 1981 | Стив Камингс — британски велосипедист. |
| 1987 | Милош Теодосиќ — српски кошаркар. |
| 1988 | Максим Михајлов — руски одбојкар. |
| 1993 | Хаким Зијеш — марокански фудбалер. |
| 1995 | Ектор Белерин — шпански фудбалер. |
| 1997 | Рута Мејлутите — литванска пливачка. |
| 2003 | Николо Савона — италијански фудбалер. |
| 2003 | Мало Густо — француски фудбалер. |
Починале:
| 1241 | Александар III — шкотски крал. |
| 1721 | Климент XI — римски папа. |
| 1987 | Луј де Број — француски нобеловец. |
| 1982 | Адем Гајтани — македонски поет и преведувач. |
| 1997 | Вилем де Кунинг — холандско-американски сликар. |
| 2008 | Артур Ч. Кларк — британски писател на научна фантастика. |
| 2024 | М. Емет Волш — американски глумец. |