Артур Ч. Кларк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сер Артур Ч. Кларк
Clarke sm.jpg
Артур Ч. Кларк во неговата канцеларија во Колумбо, Шри Ланка, 28 Март 2005
Занимање Автор
Националност Британец
Државјанство САД и Шри Ланка
Жанр Научна фантастика]]
Предмет Наука
Значајни дела Childhood's End
2001: A Space Odyssey
Rendezvous with Rama
The Fountains of Paradise
Сопруг/а Мерлин Мејфилд (1953-1964)
мрежно место
http://www.clarkefoundation.org/

Сер Артур Чарлс Кларк бил англиски писател на научна фантастика и пронаоѓач.

Наречен „Пророк на вселенското време“, британскиот писател на научна фантастика Артур Ч. Кларк измислил и предвидел неколку концепти клучни за современо ползување на вселената. Највлијателна била неговата теорија во 1945 год. дека геостационарните сателити што ја обиколуваат Земјата еднаш дневно може да се употребуваат за комуникација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Мајнхед Самерсет во Англија. По средното училиште, затоа што немал пари да плати универзитетско образовање, се вработил како ревизор во едно министерство. Во текот на втората светска војна служел во РАФ како специјалист за радарот и учествувал на изградувањето на првиот систем за рано возбудување и автоматско пилотирање од теренот. Неговата единствена не-научно-фантастична книга Glide Path базирана е на таа работа. По војната завршил во Кралевски Колеџ во Лондон и магистрирал математика и физика 1948.

Се оженил со Американката Мерилин Мејфилд (Marilyn Mayfield) во јуни 1953. но веќе во декември истата година се развеле. Како што сам подоцна рекол "Тоа беше клучен доказ дека јас не сум за брак. Но мислам дека секој човек тоа мора да го проба барем еднаш во животот".

Сер Артур Чарлс Кларк

Неговиот најголем допринос на науката е идеата да геостационарните сателити можат да се користат како комуникациони релеи. Во негова чест. Меѓународна астрономска унија го нарекла геостационарна орбита (42.000 km) Кларковата орбита.

1951. напишал кратка приказна Стражар (енгл. The Sentinel) која го пратил на едно БиБиСи-ев натпревар . Приказната е одбиена на тој натпревар и комисијата ја оценила за многу лоша. Меѓутоа, 1964. таа приказна постанала главна инспирација за неговото веројатно најпознато дело и филм кој го напишал заедно со Стенлиј Кјубрик - 2001: Одисеја во свемирот (премиерна приказна 1968). Иако на корицата на книгата не наоѓало името на Кјубрико а ни на Карк. Кларк често говорел дека на книгата морало да стои : "Напишале Артур Кларк и Стенли Кјубрик“ а на филмот „Режисер Стенли Кјубрик и Артур Кларк“.

Од 1956. година живеел во Коломб во Шри Ланки. 1988. константирано е дека боледува од пост поли синдром и од тогаш бил врзан за инвалидска количка. Британската кралица Елизабета II во 1998. година го прогласила за витез.

Кларк оставил пишани инструкции за сахраната, кој гласат: „Апсолутно ниеден религиски ритуал од било која врста која се однесува на било која религиска вера не смее да има врска со мојата сахрана"