Стив Камингс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стив Камингс
Камингс на Трката околу Британија 2016
Лични податоци
Цело име Стивен Филип Камингс
Прекар Стив-о
Роден 19 март 1981 (1981-03-19) (воз. 37 г.)
Клетербриџ, Вирал, Обединето Кралство
Висина 1,90 м[1]
Маса 75 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Дименжн Дата
Дисциплина Друмски и велодромски велосипедизам
Улога Возач
Аматерски клубови
Биркенхед Нортх Енд СС
Професионални клубови
2005–2006
2007
2008–2009
2010–2011
2012–2014
2015-
Ландбувкредит-Колнаго
Дискавери Канал
Барловорлд
Тим Скај
БМЦ Рејсинг Тим
Тим Дименжн Дата
Значајни победи
Друмски

Големи трки

Тур де Франс
2 индивидуални етапи (2015, 2016)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2012)

Етапни трки

Трка околу Британија (2016)
Медитеранска трка (2014)

Еднодневни трки и класици

MaillotReinoUnido.PNG Национален друмски првак (2017)
MaillotReinoUnido.PNG Национален хронометарски првак (2017)
Велодромски
Светски велодромски првенства UCI
Екипна потера (2005)
Комонвелтски игри
Екипна потера (2006)
Последна промена
9 февруари 2018

Стивен Филип „Стив“ Камингс (англиски: Stephen Philip "Steve" Cummings; р. 19 март 1981) — англиски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Дименжн Дата.

Биографија[уреди | уреди извор]

Камингс ја освоил екипната потера на Светските велодромски првенства 2005 во Лос Анџелес и на Комонвелтските игри 2006. Исто така освоил бронза во индивидуална потера. На Олимпијадата 2004 во Атина, Камингс и Велика Британија оствариле време од 3:59.

Во 1999 година возел за Биркенхед Норт Енд СС како јуниор, со 17 години, Камингс ја освоил друмската трка Меморијал Еди Сенс, трка отворена за сите категории. Тоа било првпат во период од 46 години да победи јуниор. Истата година го освоил националното друмско првенство за јуниори.

Во 2006 година возел за Ландбувкредит-Колнаго и бил втор на Трофео Лаигвелја, зад Алесандро Балан од Лампре-Фондитал. Во 2007 се префрлил во екипата Дискавери Ченл, пред да замине во Барловорлд во 2008 година.

Негова прва професионална победа била во 2008, на втората етапа на Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија.

Тим Скај[уреди | уреди извор]

Камингс на етапата 1 на Џиро д’Италиjа 2010

Камингс му се приклучил на новосоздадениот британски Тим Скај за сезоната 2010.

Во 2011, возејќи за Скај, ја имал најуспешната трка за него во професионална кариера, на Волта ао Алгарве. Ја освоил третата етапа која завршувала на нагорнина пред Алберто Контадор, со што го преземал водството на трката, кое го задржал до последниот хронометар; завршил на седмото место.

Во септември, Камингс завршил втор на Трката околу Британија. Подоцна истиот месец објавил дека ќе му се приклучи на БМЦ Рејсинг Тим за сезоната 2012.[2]

Камингс бил дел од екипата на Велика Британија, која му помогнала на Марк Кевендиш да победи на друмската трка на Светското друмско првенство во Копенхаген. Потоа завршил 4. во генералниот пласман на првото издание на Трката околу Пекинг.

БМЦ Рејсинг Тим[уреди | уреди извор]

Во февруари 2012, Камингс ја скршил својата карлица во несреќа додека настапувал на Волта ао Алгарве. [3] Во април повторно имал лоша среќа, откако се здобил со фрактура на левиот зглоб на Трката околу Баскија.[4] Повторно се вратил од овие повреди и настапил на Тур де Франс, каде бил помошник за неговиот лидер Кедел Еванс и завршил 95. во генералниот пласман.[5] На Вуелта а Еспања 2012 стигнал до првата победа на Гранд Тур. На етапата 13, се одвоил со шест други возачи во првиот час на етапата. Бегството се одржало до самиот крај, а на 4 километри пред целта нападнал и направил разлика. Го одржал неговото водство и победил со четири секунди предност пред останатите членови на бегството, Камерон Мајер од Орика-ГринЕЏ и возачот на Тим Скај Хуан Антонио Флеча.[6]

МТН-Кубека[уреди | уреди извор]

Камингс на Тур де Франс 2015

Во октомври 2014 година, Камингс објавил дека ќе се приклучи на МТН Кубека за сезоната 2015.[7]

На 18 јули 2015 година, Камингс ја освоил четиринаесеттата етапа на Тур де Франс 2015, победувајќи ги француските возачи Тибо Пино и Ромен Барде, 1,5 километри по искачувањето од втора категорија. Тоа било прва етапна победа на Тур де Франс за Камингс и неговата африканска екипа МТН Кубека.[8] На 8 јули 2016 имал уште една победа од бегство на Тур де Франс, овој пат на седмата етапа, со разлика од 65 секунди пред Дарил Импи и Даниел Наваро.[9]

Во јули 2016 година бил додаден во репрезентацијата на Велика Британија за Летните олимписки игри, заменувајќи го Питер Кенох.[10]

Камингс ја имал својата најважна победа на етапна трка во кариерата на Трката околу Британија 2016. Завршил втор на втората етапа, освојувајќи минута пред неговите сопрници. Подоцна го презел водството на шестата етапа и ја задржал позицијата во останатите два дена.[11]

На Трката околу Баскија 2017, Камингс имал сериозен пад, завршувајќи на операција. По долг период на опоравување, ги освоил националните првенства, друмското и хронометарското, станувајќи само втор возач кој ги освоил обете титули по истиот подвиг на Дејвид Милар во 2007 година.[12]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

1999
1. Друмска трка Меморијал Еди Сенс
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално јуниорско друмско првенство
2001
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално велодромско првенство - екипна потера
2004
2. Silver medal blank.svg Олимписки игри - екипна потера
2005
1. Jersey rainbow.svg Светско велодромско првенство - екипна потера
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално велодромско првенство - екипна потера
2. Национално друмско првенство
2006
1. Gold medal blank.svg Комонвелтски игри 2002 - екипна потера
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално велодромско првенство - екипна потера
2. Трофео Лаигвелја
2008
1. Етапа 2 Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија
1. Копа Берноки
2. Краен пласман Трка околу Данска
2. Етапа 5
2. Краен пласман Трка околу Британија
4. Етапа 19 Џиро д’Италија
11. Хронометар Пекинг 2008
2009
1. Ден 3 Џиро дел Капо
4. Копа Берноки
7. Трофео Лаигвелја
2010
4. Краен пласман ГП Сиклисте ла Марселеза
15. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2011
1. Етапа 3 Волта ао Алгарве
2. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Трка околу Британија
4. Краен пласман Трка околу Пекинг
9. Краен пласман Трка околу Полска
9. Краен пласман Медитеранска трка
2012
1. Етапа 13 Вуелта а Еспања
1. Етапа 5 Трка околу Пекинг
2013
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Катар
2014
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Медитеранска трка
1. Етапа 4 (ITT)
2. Краен пласман Трка Дубаи
4. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
8. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
2015
1. Трофео Андрат-Мирадор д’ес Коломер
1. Етапа 14 Тур де Франс
6. Краен пласман Тирено-Адријатико
6. Краен пласман Сиркут Сиклист Сарт
2016
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Британија
1. Етапа 7 Тур де Франс
1. Етапа 4 Тирено-Адријатико
1. Етапа 3 Трка околу Баскија
1. Етапа 7 Критериум ди Дофине
2017
Национални првенства
1. MaillotReinoUnido.PNG Друмска трка
1. MaillotReinoUnido.PNG Хронометар
1. Етапа 1 Џиро ди Тоскана
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 12 на Тур де Франс

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 110 96 55 149
Jersey yellow.svg Тур 151 95 86 140 141
Jersey red.svg Вуелта 156 102

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Биографија за спортист - КАМИНГС Стивен“. Официјална страница на Олимпијадата Пекинг. http://results.beijing2008.cn/WRM/ENG/BIO/Athlete/3/225153.shtml. 
  2. Бул, Ник. „Стив Камингс го напушта Скај за БМЦ“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 30 септември 2011 (посет. 1 јануари 2012 г).
  3. „Steve Cummings faces Olympic fitness battle after breaking pelvis“. BBC Sport. 18 февруари 2012. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling-road/17084510. посет. 18 февруари 2012 г. 
  4. Alasdair Fotheringham. „Cummings puts injuries behind him for biggest career win“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 31 август 2012 (посет. 31 август 2012 г).
  5. Tour de France 2012, stage 20: race details and standings“, „The Telegraph“, Telegraph Media Group Limited 2012, 22 јули 2012 (посет. 31 август 2012 г).
  6. Бери Рајан. „Камингс сам до победа во Ферол“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 31 август 2012 (посет. 31 август 2012 г).
  7. Вин, Најџел (1 октомври 2014). „Стив Камингс потпиша со МТН-Кубека“. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/steve-cummings-signs-mtn-qhubeka-138421. посет. 1 октомври 2014 г. 
  8. „Cummings celebrates a big day out at the Tour de France“. Cyclingnews.com. 18 јули 2015. http://www.cyclingnews.com/news/cummings-celebrates-a-big-day-out-at-the-tour-de-france. посет. 18 јули 2015 г. 
  9. „Tour de France 2016: Steve Cummings wins stage seven“. BBC Sport. 8 јули 2016. http://www.bbc.co.uk/sport/cycling/36749245. посет. 8 јули 2016 г. 
  10. „Rio 2016: Steve Cummings replaces Peter Kennaugh in GB road race team“. BBC Sport. http://www.bbc.co.uk/sport/olympics/36838598. посет. 19 јули 2016 г. 
  11. Вилијам Фотерингем. „Steve Cummings claims Tour of Britain for biggest win of career“, The Guardian, 11 септември 2016 (посет. 12 септември 2016 г).
  12. „Steve Cummings: 'That was the worst race I have ever done in my life'“. 25 јуни 2017. http://www.cyclingweekly.com/news/racing/steve-cummings-worst-race-ever-done-life-337177. посет. 26 јуни 2017 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]