Тур де Франс 2015

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тур де Франс 2015 Cycling (road) pictogram.svg
20150705 Tour onder de Dom-30.jpg
Детали за трката
Издание 102. Тур де Франс
Натпреварување Светска турнеја UCI 2015 2.UWT
Етапи 21
Датуми 4 – 26 јули 2015
Растојание 3.360 км
Држави FRA Франција
NED Холандија
BEL Белгија
Поаѓалиште Утрехт
Одредиште Париз
Екипи 22
Возачи на почеток 198
Возачи на крај 160
Просечна брзина 39,567 км/ч
Добитници на наградите
Победник GBR Крис Фрум (Тим Скај)
Второпласиран COL Наиро Кинтана (Мовистар)
Третопласиран ESP Алехандро Валверде (Мовистар)
Бодовен SVK Петер Саган (Тинкоф-Саксо)
Планински GBR Крис Фрум (Тим Скај)
Младински COL Наиро Кинтана (Мовистар)
Борбеност FRA Ромен Барде (Аг2р-Ла Мондијал)
Екипен ESP Мовистар
Route of the 2015 Tour de France.png
2014 2016
Документација Wikidata-logo S.svg

Тур де Франс 2015 — 102. издание на Тур де Франс, една од големите трки во велосипедизмот. Трката долга 3360,3 километри започнала во Утрехт, Холандија, на 4 јули 2015 година и завршила со етапа на Шанзелизе во Париз на 26 јули. Вкупно 198 возачи од 22 екипи настапиле на трката, која била освоена од Крис Фрум од Тим Скај. Второто и третото место биле освоени од возачите на Мовистар Тим, Наиро Кинтана и Алехандро Валверде, соодветно.

Возачот на БМЦ Рејсинг Тим, Роан Денис ја освоил првата етапа и со тоа прв ја облекол водечката жолта маичка. Возачот на Трек Фактори Рејсинг Фабијан Канчелара ја освоил на втората етапа, но ја изгубил веќе на следната етапа. Тука, Фрум влегол во водство, по првата завршница на нагорнина. Ја изгубил од возачот на Етикс-Квик Степ Тони Мартин на крајот на четвртата етапа, но повлекувањето на Мартин од трката по падот на шестата етапа го вратило Фрум во водство. Го зголемувал своето водство во текот на етапите на Пиринеите и успешно го одбранил од нападите на Кинтана во текот на завршните етапи на Алпите.

Фрум станал првиот британски возач кој два пати го освоил Тур, по неговата победа во 2013 година. Петер Саган од Тинкоф-Саксо го освоил бодовниот пласман. Фрум, исто така, го освоил планинскиот пласман. Најдобар млад возач бил Кинтана, а неговата екипа, Мовистар Тим, победници на екипниот пласман. На Ромен Барде од Аг2р-Ла Мондијал му била доделена наградата за најборбен возач.

Екипи[уреди | уреди извор]

Возачите на МТН Кубека од Еритреја Даниел Теклехајманот и Мерхави Кудус на деветнаесеттата етапа, станале првите црни Африканци кои настапиле на Тур де Франс.

Дваесет и две екипи учествувале на изданието на Тур де Франс 2015.[1] Сите седумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и се обврзани да учествуваат на трката.[2][3] На 14 јануари 2015 година, организаторот на Тур, Amaury Sport Organisation (ASO), ги објавиле петте екипи со специјални покани,[2] едната од нив, МТН Кубека, станала првата африканска екипа која учествувала на трката.[4][n 1]

Бројот на возачи по екипа бил девет, со што стартната листа изнесувала вкупно 198 возачи.[1] Од возачите кои ја започнале трката, 160 завршиле во Париз.[5] Имало возачи од 32 различни земји.[1] Еритрејските возачи Даниел Теклехајманот и Мерхави Кудус, обајцата од МТН Кубека, станале првите црни Африканци кои учествувале на Тур де Франс.[6] Просечната возраст на сите возачи била 29,67; најмлад бил Кудус, со 21 година, а најстар биле 41-годишниот Матео Тосато од Тинкоф-Саксо.[7] Кофидис била најмлада екипа, а Трек Фактори Рејсинг најстара.[8]

Екипи кои настапиле на трката:[1]

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

A photograph of Chris Froome.
A photograph of Alberto Contador.
A photograph of Nairo Quintana.
A photograph of Vincenzo Nibali.
„Големата четворка“, фаворити за генералниот пласман. Лево кон десно од горниот лев агол: Крис Фрум, Алберто Контадор, Наиро Кинтана и Винченцо Нибали.

За водство на Тур, главни кандидати за генералниот пласман, познати во медиумите како „големата четворка“, биле Крис Фрум (Тим Скај), Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо), Наиро Кинтана (Мовистар Тим) и Винченцо Нибали (Астана).[9][10][11][12][13] Сите имаат освоено најмалку една голема трка, достигнувајќи вкупно дваесет подиуми на големите трки.[14] Поранешните победници на Тур де Франс, Фрум (2013) и Контадор (2007 и 2009) се вратиле на трката по падовите во 2014 година.[12][14] Возачи сметани за аутсајдери биле биле Тиџеј ван Гардерен (БМЦ Рејсинг Тим), Тибо Пино (ФДЖ), Хоаким Родригез (Тим Катјуша), возачите на Аг2р-Ла Мондијал Жан Кристоф Перо и Ромен Барде.[9][11][13][15][16]

Фрум ја покажал својата форма во текот на сезоната со победите на Вуелта а Андалусија и Критериум ди Дофине, трка за подготовка пред Тур.[14] Контадор порано во сезоната победил на Џиро д’Италија и целел да стане прв возач по Марко Пантани во 1998 година кој ги освоил Џиро и Тур. Сакал да ги има сите три големи трки истовремено, претходно победувајќи на Вуелта а Еспања 2014.[17] Тринаесет дена пред почетокот на Тур, Контадор победил на Рут ду Суд, поразувајќи го Кинтана за седумнаесет секунди.[18] Кинтана завршил втор на Тур де Франс 2013, освојувајќи го планинскиот и пласманот за млад возач.[19] Бил отсутен во 2014 година бидејќи бил насочен на Џиро д’Италија 2014, кое го освоил.[14] Негова главна победа во 2015 година била Тирено-Адријатико.[19] Бранителот на титулата Нибали бил сметан за фаворит, иако негов најдобар резултат во сезоната било десеттото место на Тур де Романди и тринаесеттото на Дофине.[20]

Спринтери сметани за фаворити за бодовниот пласман и победи на рамните или ридестите масовни спринтови биле Александер Кристоф (Катјуша), Марк Кевендиш (Етикс-Квик Степ), Андре Грајпел (Лото-Судал), Петер Саган (Тинкоф-Саксо) и Џон Дегенколб (Џајант-Алпецин).[21][22][23][24][25][26] Кристоф и Кевендиш ја покажале својата форма во сезоната пред Тур, со осумнаесет и дванаесет победи, соодветно.[21] Грајпел бил исто фаворит, спроведуван од неговиот спринтерски воз, како Кевендиш.[24] Трикратниот победник на бодовниот пласман, Саган се очекувало да има потешкотии да ја повтори победата поради промената во бодовната структура на пласманот и поради фактот дека возел како поддршка за Контадор.[27] Дегенколб, кој ги освоил еднодневните класични трки Милано-Сан Ремо и Париз-Рубе во сезоната, застанал на чело на екипата Џајант-Алпецин поради отсуството на победникот на четири етапи во 2014 година, Марсел Кител,[28] кој не бил вклучен во составот поради недостиг на форма.[29]

Рута и етапи[уреди | уреди извор]

Дваесеттата етапа, претпоследна на трката, завршувала со искачување од 13,8 километри на Алп д’Ез; просечен наклон од 7,9% и дваесет и една серпентина.[30]

На 8 ноември 2013 година, ASO го најавила Утрехт како домаќин на првата етапа во 2015 година.[31][32] По шести пат, Тур започнал од Холандија, рекорд за една држава надвор од Франција. Претходните пет биле: 1954, во Амстердам; 1973, во Шевенинген; 1978, во Лејден; 1996, во Хертогенбос и 2010, во Ротердам.[33] Утрехт му платил на ASO четири милиони евра за да биде домаќин.[34] Целосната рута на Тур била претставена на 22 октомври 2014 година во Париз.[35]

По првата етапа во Утрехт, втората етапа го напуштала градот и завршувала во областа Зеланд во јужниот дел на Холандија. Третата започнала во Антверпен, Белгија и завршила на Мур де Хуј,[36] стрмно искачување вообичаено на еднодневната класична трка Флеш Валон.[37] Четвртата етапа започнала во Серен, Белгија, пред да заврши во Камбре, Франција;[36] вклучувала седум дела со калдрма во должина од 13 километри.[38] Од петтата до деветтата етапи се возела низ северна Франција, започнувајќи во регионот Север-Па де Кале и завршувајќи во Бретања. Потоа, возачите со авиони биле префрлени на југот на земјата за следните три етапи низ Пиринеите,[36] кои ја вклучувале најискачуваната планина на Тур, Кол ди Турмале, на единаесеттата етапа.[39] Етапите 13 до 16 создавале непрекинато четириетапно патување кон исток до Алпите. Четири етапи се случиле на и околу планинскиот масив, пред вториот авионски трансфер назад кон североисток за завршницата на Шанзелизе во Париз.[36] Трката вклучувала шест нови места за почеток или крај на етапата: Утрехт, на првата етапа; Зеланд, на втората етапа; Ливаро, на седмата етапа; Кол де ла Пјер Сен Мартин, на десеттата етапа; Мире, на тринаесеттата етапа и Севр, на етапата 21.[40]

На објавата на рутата, директорот на трката Кристијан Придом ја опишал како „нетипична“, додавајќи „Ако не се искачуваш, нема да победиш на Тур во 2015“. Најголеми разлики биле недостигот на хронометри и планински етапи.[35] Имало 21 етапи на трката во вкупна должина од 3360,3 км.[41][42] Најдолга етапа била четвртата со 223,5 километри, а етапата 21 со 110,5 километри најкратка.[36] Воведниот индивидуален хронометар бил 13,8 километри — поради што бил предолг за да биде наречен пролог — и екипниот хронометар на деветтата етапа бил 28 километри.[13][36] Третата и осмата етапа, иако официјално рамни, завршувале на Мур де Хуј и Мур де Бретањ соодветно, додека ридестата етапа 14 на Кот де ла Кроа Нев. Имало седум етапи одредени како планински, шест од нив со завршница на нагорнина: етапа 10, до Ла Пјер Сен Мартин; етапа 11, до Котре; етапа 12, до Плато де Бел; етапа 17, до Пра Луп; етапа 19, до Ла Тусир - Ле Сибел и етапа 20, до Алп д’Ез.[36][43] На 25 јуни било објавено дека поради лизгање на земјиште, рутата на дваесеттата етапа ќе биде изменета, одминувајќи го Кол ди Галибје и наместо тоа искачувајќи се до Кол де ла Кроа де Фер. Меѓутоа, должината на етапата, останала неизменета.[44] Деновите за одмор биле по деветтата етапа, во По, и шеснаесеттата етапа, во Гап.[36]

Видови на етапи и победници[36][45][46]
Етапа Датум Тек Растојание Вид Победник
1 4 јули Утрехт 13,8 км Time Trial.svg индивидуален хронометар  Роан Денис (АВС)
2 5 јули Утрехт до Зеланд[n 2] 166 км Plainstage.svg рамна етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
3 6 јули Антверпен до Уј 159,5 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Хоаким Родригез (ШПА)
4 7 јули Серен до Камбре 223,5 км Plainstage.svg рамна етапа со калдрма  Тони Мартин (ГЕР)
5 8 јули Арас до Амјен 189,5 км Plainstage.svg рамна етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
6 9 јули Абвил до Авр 191,5 км Plainstage.svg рамна етапа  Здењек Штибар (ЧЕШ)
7 10 јули Ливаро до Фужер 190,5 км Plainstage.svg рамна етапа  Марк Кевендиш (ВБР)
8 11 јули Рен до Мур де Бретањ 181,5 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Алекси Вијермоз (ФРА)
9 12 јули Ван до Плимелек 28 км Time Trial.svg екипен хронометар БМЦ Рејсинг Тим
13 јули По Stage rest day.svg ден за одмор
10 14 јули Тарб до Кол де ла Пјер Сен Мартин 167 км Mountainstage.svg планинска етапа  Крис Фрум (ВБР)
11 15 јули По до Котре 188 км Mountainstage.svg планинска етапа  Рафал Мајка (ПОЛ)
12 16 јули Ланмезан до Плато де Бел 195 км Mountainstage.svg планинска етапа  Хоаким Родригез (ШПА)
13 17 јули Мире до Родез 198,5 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Грег ван Авермет (БЕЛ)
14 18 јули Родез до Менд 178,5 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Стив Камингс (ВБР)
15 19 јули Менд до Валанс 183 км Hillystage.svg ридеста етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
16 20 јули Бур де Пеаж до Гап 201 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Рубен Плаза (ШПА)
21 јули Гап Stage rest day.svg ден за одмор
17 22 јули Дињ ле Бен до Пра Луп 161 км Mountainstage.svg планинска етапа  Зимон Гешке (ГЕР)
18 23 јули Гап до Сен Жан де Морен 186,5 км Mountainstage.svg планинска етапа  Ромен Барде (ФРА)
19 24 јули Сен Жан де Морен до Ла Тусир - Ле Сибел 138 км Mountainstage.svg планинска етапа  Винченцо Нибали (ИТА)
20 25 јули Модан до Алп д’Ез 110,5 км Mountainstage.svg планинска етапа  Тибо Пино (ФРА)
21 26 јули Севр до Париз 109,5 км Plainstage.svg рамна етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
Вкупно 3360,3 км[41]

Преглед на трката[уреди | уреди извор]

Тони Мартин (Етикс-Квик Степ) чекал до четвртата етапа да ја облече водечката жолта маичка откако завршил втор на секоја од воведните три етапи. Паднал на шестата етапа на Тур.

Воведниот индивидуален хронометар на трката во Утрехт бил освоен од Роан Денис од БМЦ Рејсинг Тим со разлика од пет секунди пред возачот на Етикс-Квик Степ Тони Мартин, додека возачот на Трек Фактори Рејсинг Фабијан Канчелара доцнел една секунда зад него. Денис поставил рекорд за најбрза просечна брзина на хронометар на Тур, со 55,446 км/ч. Неговата победа му ја донело водечката жолта маичка на трката.[47] На втората етапа, накрсните ветрови долж крајбрежната патека до целта во Зеланд предизвикале главната група да се подели на ешалони, поради што се јавиле временски разлики. Етапата завршила во масовен спринт, освоен од Андре Грајпел, донесувајќи му ја зелената маичка како предводник во бодовниот пласман. Денис бил во групата која завршила една минута и дваесет и осум секунди зад победникот. Канчелара завршил трет на етапата и го презел водството на трката, профитирајќи од временскиот бонус пропуштен од Мартин, кој стигнал деветти. Фаворитите за генералниот пласман кои добиле време како водечката група од дваесет и шестмина биле Крис Фрум, Алберто Контадор и Тиџеј ван Гардерен; другите фаворити завршиле во истата група како Денис.[48] На третата етапа, трката била неутрализирана по големиот пад на 58 километри пред целта кој оставил шест возачи надвор од трката, вклучувајќи го Канчелара.[49][50] Групата продолжила до завршното искачување, Мур де Хуј, каде Хоаким Родригез се одвоил од Фрум за да ја освои етапата за една секунда. Родригез ја добил првата точкаста маичка како предводник во планинскиот пласман, а Фрум ја презел жолтата, добивајќи време пред другите фаворити за генералниот пласман.[49] Бил трет ден по ред како Мартин завршувал втор зад тројца различни возачи.[51] Четвртата етапа со повремена калдрма му припаднала на Мартин, како и жолтата маичка по нападот на водечката група на 3 километри пред целта.[51]

На петтата етапа се случил масовен спринт и Грајпел бил подобар победувајќи ги Петер Саган и Марк Кевендиш, соодветно.[52] На шестата етапа, Здењек Штибар од Етикс-Квик Степ победил по бегството на завршниот мал спуст во пристанишниот град Авр.[53] Пад во завршниот километар го приморало Мартин да го напушти Тур со скршена клучна коска, втор носител на жолтата маичка кој се откажал по Канчелара.[50] Рекорд бил поставен по етапата, кога Даниел Теклехајманот станал првиот црн Африканец кој повел во планинскиот пласман.[54] Иако Фрум водел во трката, ниеден велосипедист не ја носел жолтата маичка на седмата етапа, бидејќи Мартин ја завршил етапата и заслужил да ја носи.[55] Кевендиш ја освоил седмата етапа во масовен спринт во Фужер, Бретања. Фрум ја добил жолтата маичка по етапата.[56] Осмата етапа, завршувала на Мур де Бретањ, ја донела првата француска победа на Тур, кога возачот на Аг2р-Ла Мондијал Алекси Вијермоз отпочнал напад во последниот километар за победа.[57] Фаворитите за генералниот пласман завршиле заедно освен Винченцо Нибали, кој загубил десет секунди. Саган ја презел зелената маичка.[58] БМЦ Рејсинг Тим го освоила екипниот хронометар на деветтата етапа со една секунда пред Тим Скај.[59] Екипата на Наиро Кинтана, Мовистар Тим, завршила трета, четири секунди зад победникот. Екипата на Алберто Контадор, Тинкоф-Саксо била четврта, дваесет и осум секунди зад нив, а следела Астана на Нибали, дополнителни седум секунди позади.[60] Првиот ден за одмор се случил следниот ден во По.[36]

Возачот на Тинкоф-Саксо Петер Саган (сликан на етапа 19) ја носел зелената маичка од крајот на единаесеттата етапа до крајот на Тур, освојувајќи ја четвртата последователна титула во бодовниот пласман.

На десеттата етапа било првото пристигнување на трката во Ла Пјер Сен Мартин на Пиринеите. Дневното бегство било достигнато и поминато на последното искачување од избрана група. Фрум нападнал на 6,4 километри пред целта за победа, додека колегата Ричи Порт и Кинтана доцнеле минута. Етапата довела до временски разлики во предводниците во генералниот пласман. Најголем губитник бил Нибали, кој стигнал дваесет и први, со четири минути зад Фрум, кој го зголемил водството од второпласираниот Тиџеј ван Гардерен на две минути и педесет и две секунди. Фрум ја зел точкастата маичка, а Грајпел зелената.[61] Единаесеттата етапа била уште една планинска етапа; била освоена од Рафал Мајка (Тинкоф-Саксо), кој бил дел од рано бегство и нападнал на падините на Кол ди Турмале. Сам поминал низ целта во Котре една минута пред второпласираниот Даниел Мартин (Канондејл-Гармин). Саган ја вратил зелената маичка.[62] Родригез дошол до втора победа на трката на дванаесеттата етапа; бил дел од рано бегство составено од дваесет и двајца возачи кои стигнале до последното искачување до Плато де Бел. Фрум го зачувал своето водство.[63]

На тринаесеттата етапа, бегалците биле достигнати во рамките на последниот километар. Грег ван Авермет од БМЦ Рејсинг Тим ја однел победата пред Саган.[64] На четиринаесеттата етапа, бегство од дваесет и четири возачи достигнало до последното искачување, Кот де ла Круа Нев. Откако бегството се поделило, Тибо Пино и Ромен Барде повеле на врвот, пред Стив Камингс од МТН Кубека да ги престигне за победа.[65] Саган бил дел од бегството, освојувајќи максимални бодови на средниот спринт. Над четири минути откако Камингс завршил, Фрум го претекнал Кинтана додека другите фаворити биле малку оддалечени. Кинтана се искачил на второто место во генералниот пласман, заменувајќи го Ван Гардерен.[66] Петнаесеттата етапа ја имал главната потешкотија на Кол де л’Ескрине, кое повеќето спринтери го поминале со водечката група, освен Кевендиш. Грајпел ја освоил третата етапа на Тур, следен од Џон Дегенколб и Александер Кристоф, соодветно.[67] На следната етапа, со Кол де Манс како последно искачување, Рубен Плаза (Лампре-Мерида) избегал од водечката група на бегството на качувањето. Саган го бркал низ спустот, но не успеал и Плаза дошол до соло победа во Гап.[68] Следниот ден бил вториот ден за одмор, поминат во Гап.[36]

Возачот на Тим Скај Крис Фрум (сликан на етапа 19) ја носел жолтата маичка од крајот на седмата етапа до завршната етапа, стигнувајќи до втора победа на Тур де Франс.

На седумнаесеттата етапа, прва од четирите алпски етапи, третопласираниот Ван Гардерен во генералниот пласман се повлекол од трката поради болест.[69] Етапата била освоена од возачот на Џајант-Алпецин Зимон Гешке, кој избегал од бегството на помалку од 50 километри пред целта во Пра Луп.[70] Петтопласираниот во генералниот пласман Контадор паднал на спустот од Кол д’Ајос, губејќи над две минути од предводникот на трката Фрум.[71] На осумнаесеттата етапа, БАрде нападнал од бегството близу врвот Кол ди Гландон и направил разлика на спустот пред да вози за победа во Сен Жан де Морен. Барде се искачил до десеттото место во генералниот пласман и го делел првото место со Родригез во планинскиот пласман, заменувајќи го Фрум.[72] На деветнаесеттата етапа, Нибали се одвоил од групата на фаворитите близу врвот Кол де ла Кроа де Фер, достигнувајќи ја и претекнувајќи ја групата на бегството и победил во Ла Тусир - Ле Сибел. Кинтана стигнал втор, четириесет и четири секунди зад него, додека Фрум завршил триесетти.[73] На претпоследната етапа на Тур, избрана група на возачи нападнале на Кол де ла Кроа де Фер и стигнале до завршницата на Алп д’Ез, каде се сретнале со растуреното рано бегство. Пино нападнал и ја однел победата пред Кинтана, кој стигнал втор по нападот на групата од генералниот пласман на Алпите. Кинтана освоил разлика од осумдесет секунди пред Фрум, но не било доволно и морал да се задоволи со второто место на крај.[74]

Последната етапа во Париз била освоена од Грајпел, негова четврта победа на Тур.[75] Фрум ја завршил трката со втора победа на Тур де Франс, станувајќи првиот Британец кој ја освоил трката во два наврати. Го победил второпласираниот Кинтана за седумдесет и две секунди, додека неговиот колега од Мовистар Тим Алехандро Валверде бил трет. Фрум исто така го освоил планинскиот пласман, прв пат возач кој ја освоил трката по Еди Меркс во 1970.[76] Иако не успеал да победи на некоја етапа во текот на трката, Саган ја освоил четвртата последователна титула во бодовниот пласман со вкупно 432 бода, 66 повеќе од Грајпел.[5][77] Најдобар млад возач бил Кинтана, следен од Барде и возачот на Џајант-Алпецин Варан Баргиј, соодветно. Мовистар Тим завршиле како победници во екипниот пласман, со педесет и седум минути пред второпласираниот Тим Скај.[5]

Пласмани[уреди | уреди извор]

Постоеле четири главни индивидуални пласмани на Тур де Франс 2015, како и екипниот пласман. Најважен бил генералниот пласман, кој бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време е предводник на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот на овој пласман се смета за победник на Тур.[78][79] Се вратиле временските бонуси на Тур по прв пат од изданието во 2008 година.[80] На сите етапни завршници, исклучувајќи ги двете хронометарски етапи, првите тројца возачи добивале бонуси од 10, 6 и 4 секунди, соодветно.[81] На повторното воведување, директорот на трката Кристијан Придом рекол: „Сакам да ја отвориме трката, сакаме трката да биде одлучувана секој ден на Тур“.[80] Ако се случи пад во последните три километри од етапа; ова не ги вклучувало хронометрите и завршниците на нагорнина, вклучени возачи добивале исто време како групата со која биле кога се случил падот.[82] Дождот на последната етапа приморал завршните времиња за генералниот пласман да бидат земени на првиот премин на целта пред десетте круга на калдрмата на Елисејските полиња. Возачите биле обврзани да ја поминат целта на последниот круг за своето време.[83]

Распоред на „коефициентите“ за бодовниот пласман на етапите[79][84]
Вид на етапа 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21
Не е особено тешка Green dot.svg Green dot.svg Green dot.svg Green dot.svg Green dot.svg Green dot.svg
Среднопланинска Green dot.svg Green dot.svg Green dot.svg Green dot.svg Green dot.svg Green dot.svg
Кратка со нерамен терен Green dot.svg
Многу тешка Green dot.svg Green dot.svg Green dot.svg Green dot.svg
Кратка многу тешка Green dot.svg Green dot.svg
Хронометар Green dot.svg Green dot.svg

Предводникот на бодовниот пласман ја добивал зелената маичка.[78] Возачите добивале бодови за завршување помеѓу најдобрите на етапата или на средните спринтови во текот на етапите.[79] Бодовниот систем бил исто така променет. Етапна победа вредела 50 бода наместо 45, второто место носело 30 наместо 35, а третото 20 наместо 30. Правилото за спринтерски бодови тежнеело да ја направи етапната победа повредна.[80] Бодовите достапни на секоја етапна завршница биле одредувани од „коефициенти“.[85] Новиот систем бил на сила само на шест етапи на Тур класифицирана како рамни (етапите 2, 5, 6, 7, 15 и 21). На седум етапи (етапата со калдрма и шест ридести етапи, етапите 3, 4, 8, 10, 13, 14 и 16) возачот кој ќе победел добивал 30 бода, 25 за вториот, итн.[79][86] За планинските етапи (етапите 11, 12, 17, 18, 19, 20) и индивидуалниот хронометар (етапа 1), победникот добивал 20 бода. Немало бодови доделени на екипниот хронометар на деветта етапа.[79]

Немало промени во планинскиот пласман, каде бодовите биле доделувани на возачите кои први се искачиле на врвот на најтешките искачувања. Искачувањата биле категоризирани како екстра категорија (hors catégorie), прва, втора, трета или четврта категорија, со повеќе бодови достапни на повисоко категоризираните искачувања.[79] Предводникот на пласманот ја носел точкастата маичка.[78] Удвоени бодови се добивале на завршници на нагорнина на етапите 10, 12, 17, 19 и 20.[79]

Пласманот за млад возач, означен со бела маичка,[78] бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но пласманот бил ограничен на возачи кои биле родени на или по 1 јануари 1990 година.[79] Екипниот пласман бил пресметувани користејќи ги завршните времиња на тројцата најдобри возачи од екипа по секоја етапа (не на екипниот хронометар); водечката екипа биал екипата со најмало вкупно време. Бројот на етапни победи и пласмани по екипа го одредувале исходот во случај на изедначување.[79] Возачите во екипата која водела во овој пласман биле означувани со жолти броеви на грбот на нивните маички и жолти кациги.[78] Дополнително, постоела награда за борбеност, доделувана по секоја етапа, сметано од страна на жири, дека направил „најголем напор и покажал најдобри квалитети за спортски дух“.[81] Немало награди за борбеност на хронометрите и на завршната етапа.[5][87][88] Победникот носел црвен број на следната етапа.[78] На завршувањето на Тур, Ромен Барде ја освоил крајната награда за борбеност на цела трка.[5][81]

Вкупно 2.030.150 евра биле доделени како награди на трката. Крајниот победник во генералниот пласман добил 450.000 евра, второпласираниот и третопласираниот возач добиле 200.000 и 100.000 соодветно; сите кои ја завршиле трката биле наградени со пари. Носителите во пласманите биле наградувано за секоја етапа што воделе; крајните победници во бодовниот и планинскиот пласман добиле 25.000 евра, додека најдобриот млад возач и најборбениот возач по 20.000 евра. Биле достапни и екипни награди, како 10.000 евра за екипниот хронометар и 50.000 евра за победниците во екипниот пласман. 8.000 евра биле доделувани на победниците на секоја етапа на трката.[89] Имало и две специјални награди по 5.000 евра секоја, Сувенир Жак Годе, доделен на првиот возач кој го поминал споменикот на Годе на врвот Кол ди Турмале на единаесеттата етапа и Сувенир Анри Дегранж, доделен на првиот возач кој го поминал врвот на највисокото искачување на Тур.[46] Сувенирот Анри Дегранж бил првично поставен на Кол ди Галибје на дваесеттата етапа,[90] но поради промената на рутата бил заменет со Кол д’Ајос на седумнаесеттата етапа.[44] Рафал Мајка го освоил Жал Годе, а Зимон Гешке го освоил Анри Дегранж.[62][70]

Водство во пласманите по етапа
Етапа Победник Генерален пласман
Jersey yellow.svg
Бодовен пласман
Jersey green.svg
Планински пласман
Jersey polkadot.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Екипен пласман
Jersey yellow number.svg
Награда за борбеност
Jersey red number.svg
1 Роан Денис Роан Денис Роан Денис недоделена Роан Денис ЛотоНЛ-Џамбо недоделена
2 Андре Грајпел Фабијан Канчелара Андре Грајпел Том Димулен БМЦ Рејсинг Тим Михал Квјатковски
3 Хоаким Родригез Крис Фрум Хоаким Родригез Петер Саган Јан Барта
4 Тони Мартин Тони Мартин Винченцо Нибали
5 Андре Грајпел Мајкл Метјус
6 Здењек Штибар Даниел Теклехајманот Периг Кеменер
7 Марк Кевендиш Крис Фрум Антони Делаплас
8 Алекси Вијермоз Петер Саган Бартош Хузарски
9 БМЦ Рејсинг Тим недоделена
10 Крис Фрум Андре Грајпел Крис Фрум Наиро Кинтана Тим Скај Кенет Ванбилсен
11 Рафал Мајка Петер Саган Даниел Мартин
12 Хоаким Родригез Мовистар Тим Михал Квјатковски
13 Грег ван Авермет Томас де Гент
14 Стив Камингс Пјер Лик Перишон
15 Андре Грајпел Петер Саган
16 Рубен Плаза
17 Зимон Гешке Зимон Гешке
18 Ромен Барде Хоаким Родригез Ромен Барде
19 Винченцо Нибали Ромен Барде Пјер Ролан
20 Тибо Пино Крис Фрум Александар Жење
21 Андре Грајпел недоделена
На крај Крис Фрум Петер Саган Крис Фрум Наиро Кинтана Мовистар Тим Ромен Барде
  • На втората етапа, Тони Мартин, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Роан Денис ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. Дополнително, Том Димулен, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка од истата причина.[87]
  • На седмата етапа, ниеден возач не ја носел жолтата маичка откако Тони Мартин, кој бил прв во генералниот пласман, се повлекол од трката поради повреда.[55]
  • На деветтата етапа, Варан Баргиј, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Петер Саган ја носел зелената маичка како предводник во бодовниот пласман.[91]
  • На десеттата етапа, Наиро Кинтана, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Петер Саган ја носел зелената маичка како предводник во бодовниот пласман.[88] Дополнително, Бартош Хузарски, награден на осмата етапа, го носел црвениот број бидејќи немало награда за борбеност на деветтата етапа.[92]
  • На единаесеттата и дванаесеттата етапа, Ричи Порт, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкастата маичка, бидејќи Крис Фрум ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.[93][94]
  • На етапите 13-18, Хоаким Родригез, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкастата маичка, бидејќи Крис Фрум ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.[95]
  • На дваесет и првата етапа, Ромен Барде, кој бил трет во планинскиот пласман, ја носел точкастата маичка, бидејќи Крис Фрум ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман, а Наиро Кинтана, кој бил втор ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.[96]

Поредок[уреди | уреди извор]

Легенда
  Jersey yellow.svg   Го означува предводникот во генералниот пласман[78]   Jersey green.svg   Го означува предводникот во бодовниот пласман[78]
  Jersey polkadot.svg   Го означува предводникот во планинскиот пласман[78]   Jersey white.svg   Го означува предводникот во пласманот за млад возач[78]
  Jersey yellow number.svg   Го означува предводникот во екипниот пласман[78] A white jersey with a red number bib. Го означува предводникот на наградата за најборбен возач[78]

Генерален пласман[уреди | уреди извор]

Краен генерален пласман (1–10)[5]
Место Возач Екипа Време
1  Крис Фрум (ВБР) Jersey yellow.svg Jersey polkadot.svg Тим Скај 84ч 46' 14"
2  Наиро Кинтана (КОЛ) Jersey white.svg Jersey yellow number.svg Мовистар Тим + 1' 12"
3  Алехандро Валверде (ШПА) Jersey yellow number.svg Мовистар Тим + 5' 25"
4  Винченцо Нибали (ИТА) Астана + 8' 36"
5  Алберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо + 9' 48"
6  Роберт Гесинк (ХОЛ) ЛотоНЛ-Џамбо + 10' 47"
7  Бауке Молема (ХОЛ) Трек Фактори Рејсинг + 15' 14"
8  Матијас Франк (ШВА) ИАМ Сајклинг + 15' 39"
9  Ромен Барде (ФРА) Jersey red number.svg Аг2р-Ла Мондијал + 16' 00"
10  Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар + 17' 30"

Пласман за млад возач[уреди | уреди извор]

Краен пласман за млад возач (1–10)[5]
Место Возач Екипа Време
1  Наиро Кинтана (КОЛ) Jersey white.svg Jersey yellow number.svg Мовистар Тим 84ч 47' 26"
2  Ромен Барде (ФРА) Jersey red number.svg Аг2р-Ла Мондијал + 14' 48"
3  Варан Баргиј (ФРА) Џајант-Алпецин + 30' 03"
4  Тибо Пино (ФРА) ФДЖ + 37' 40"
5  Боб Јунгелс (ЛУК) Трек Фактори Рејсинг + 1ч 32' 09"
6  Петер Саган (СВК) Jersey green.svg Тинкоф-Саксо + 2ч 13' 43"
7  Адам Јејтс (ВБР) Орика-ГринЕЏ + 2ч 15' 24"
8  Вилко Келдерман (ХОЛ) ЛотоНЛ-Џамбо + 3ч 02' 55"
9  Емануел Бухман (ГЕР) Бора-Аргон 18 + 3ч 07' 35"
10  Мерхави Кудус (ЕРИ) МТН Кубека + 3ч 09' 24"

Екипен пласман[уреди | уреди извор]

Краен екипен пласман (1–10)[5]
Место Екипа Време
1 Мовистар Тим Jersey yellow number.svg 255ч 24' 24"
2 Тим Скај + 57' 23"
3 Тинкоф-Саксо + 1ч 00' 12"
4 Астана + 1ч 12' 09"
5 МТН Кубека + 1ч 14' 32"
6 Аг2р-Ла Мондијал + 1ч 24' 22"
7 Тим Јуропкар + 1ч 48' 51"
8 БМЦ Рејсинг Тим + 2ч 41' 46"
9 ИАМ Сајклинг + 2ч 42' 16"
10 ЛотоНЛ-Џамбо + 2ч 46' 59"

Поредок во Светската турнеја[уреди | уреди извор]

Трката била осумнаесетта од дваесет и осумте трки во рамки на сезоната од Светската турнеја, каде возачите од екипите се натпреваруваат поединечно за бодови кои допринесуваат кон пласманот.[97] Биле доделени бодови на првите дваесет возачи во генералниот пласман и на првите петорица на секоја етапа.[98] Вкупно 338 бода биле освоени од Крис Фрум кој се искачил на второто место во поединечниот пласман, зад Алехандро Валверде. И покрај силните резултати на Мовистар Тим, Тим Скај го презел водството во екипниот пласман поради бодовите на Фрум. Со тројца возачи во првите десет, Шпанија останала предводник во националниот пласман.[99]

Поединечен пласман на Светската турнеја (1–10)[100][101]
Место Прет. Велосипедист Екипа Бодови
1 1  Валверде, АлехандроАлехандро Валверде (ШПА) Мовистар Тим 482
2 16  Фрум, КрисКрис Фрум (ВБР) Тим Скај 422
3 2  Контадор, АлбертоАлберто Контадор (ШПА) Тинкоф-Саксо 407
4 15  Кинтана, НаироНаиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим 365
5 3  Порт, РичиРичи Порт (АВС) Тим Скај 314
6 7  Родригез, ХоакимХоаким Родригез (ШПА) Катјуша 292
7 6  Томас, ГерајнтГерајнт Томас (ВБР) Тим Скај 283
8 4  Кошта, РујРуј Кошта (ПОР) Лампре-Мерида 275
9 5  Шпилак, СимонСимон Шпилак (СЛО) Катјуша 269
10 9  Дегенколб, ЏонЏон Дегенколб (ГЕР) Џајант-Алпецин 265

Поврзано[уреди | уреди извор]

Портал „Велосипедизам

Наводи и забелешки[уреди | уреди извор]

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Алжирско-мароканска екипа учествувала на Тур де Франс 1950, кога биле дозволени само национални и регионални екипи.[4]
  2. Целта на втората етапа била на вештачкиот остров Нелтје Јанс, иако официјално бил именуван како поширокиот регион Зеланд.[46]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Стартна листа“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/le-tour/2015/us/starters.html. конс. 15 јули 2015 г. 
  2. 2,0 2,1 Браун, Грегор. „МТН-Кубека станува прва африканска екипа која учествува на Тур де Франс“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 14 јануари 2015 (конс. 12 јули 2015 г).
  3. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uci.ch/mm/Document/News/Rulesandregulation/16/82/39/2-ROA-20150619-E_English.pdf. конс. 9 август 2015 г. 
  4. 4,0 4,1 Рајан, Бери. „Тур де Франс 1950 и заборавената прва африканска екипа“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 3 јули 2015 (конс. 11 јули 2015 г).
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 „Пласмани на етапа 21“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/le-tour/2015/us/stage-21/classifications.html. конс. 16 август 2015 г. 
  6. Камингс, Басија. „Daniel Teklehaimanot: 'I'm proud to be an Eritrean riding the Tour de France'“, „theguardian.com“, Guardian Media Group, 10 јули 2015 (конс. 1 август 2015 г).
  7. „Тур де Франс 2015 – Статистика“. http://www.procyclingstats.com/race/Tour_de_France_2015-statistics. конс. 17 август 2015 г. 
  8. „Тур де Франс 2015 – Просечна возраст на екипите“. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=149964&c=6&statistic=sl_avg_team_age. конс. 15 јули 2015 г. 
  9. 9,0 9,1 Крис Фрум очекува „битка за паметење““, „BBC Sport“, 3 јули 2015 (конс. 15 јули 2015 г).
  10. Фотерингем, Аласдер. „Chris Froome feels in fine form to win Tour's battle of the 'galacticos'“, „The Independent“, Independent Print, 3 јули 2015 (конс. 15 јули 2015 г).
  11. 11,0 11,1 Фотерингем, Вилијам. „2015 Tour de France: Meet the contenders that should make it a classic“, „theguardian.com“, Guardian Media Group, 20 јуни 2015 (конс. 15 јули 2015 г).
  12. 12,0 12,1 Chris Froome, Alberto Contador back in control as Andre Greipel wins second stage“, „ABC Online“, Australian Broadcasting Corporation, 5 јули 2015 (конс. 15 јули 2015 г).
  13. 13,0 13,1 13,2 Кларк, Стјуарт. „Four things we learned from the Tour de France warmup races“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 22 јуни 2015 (конс. 15 јули 2015 г).
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 Leading Tour de France contenders“, „Eurosport“, Discovery Communications, 1 јули 2015 (конс. 16 јули 2015 г).
  15. Вилкоксон, Џон. „The Top 10 Tour Contenders“, „Peloton Magazine“, Move Press, 4 јули 2015 (конс. 16 јули 2015 г).
  16. Јост, Вајт. „What’s up with the 2015 Tour de France Contenders?“, „Bicycling“, Rodale, Inc., 8 јуни 2015 (конс. 16 јули 2015 г).
  17. Alberto Contador eyes Giro-Tour double“, „BBC Sport“, BBC, 3 јули 2015 (конс. 15 јули 2015 г).
  18. Худ, Ендру. „Contador downplays Route du Sud win ahead of Tour“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 24 јуни 2015 (конс. 16 јули 2015 г).
  19. 19,0 19,1 Quintana to tune up for Tour de France at Route du Sud“, Immediate Media Company, 26 јуни 2015 (конс. 16 јули 2015 г).
  20. Vincenzo Nibali confident he is peaking at right time“, „Sky Sports“, 4 јули 2015 (конс. 16 јули 2015 г).
  21. 21,0 21,1 Браун, Грегор. „Kristoff leads sprinters to Tour de France“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 24 јуни 2015 (конс. 15 јули 2015 г).
  22. Елтон-Волтерс, Џек. „Who will win the battle of the sprinters at the Tour de France?“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 1 јули 2015 (конс. 16 јули 2015 г).
  23. Top 5 sprinters to watch for the Tour de France“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 1 јули 2015 (конс. 16 јули 2015 г).
  24. 24,0 24,1 Фотерингем, Вилијам. „Mark Cavendish’s path cleared by Kittel’s absence“, „theguardian.com“, Guardian Media Group, 30 јуни 2015 (конс. 16 јули 2015 г).
  25. Sprint kings: Who will take the green jersey at the 2015 Tour de France?“, „Eurosport“, Discovery Communications, 24 јуни 2015 (конс. 16 јули 2015 г).
  26. Хенрис, Колин. „Tour de France 2015: green jersey favourites – form guide“, Mpora, 2 јули 2015 (конс. 17 јули 2015 г).
  27. Tinkoff-Saxo target yellow and green with Contador and Sagan“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 29 јуни 2015 (конс. 29 јуни 2015 г).
  28. О’Ши, Садб. „Degenkolb to lead Giant-Alpecin at the Tour de France“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 3 јули 2015 (конс. 17 јули 2015 г).
  29. О’Ши, Садб. „Marcel Kittel will not ride Tour de France“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 25 јуни 2015 (конс. 25 јуни 2015 г).
  30. Liggett, Raia & Lewis 2005, стр. 203.
  31. Браун, Грегор. „2015 Tour de France to start in Utrecht“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 8 ноември 2013 (конс. 31 јули 2015 г).
  32. Liggett, Raia & Lewis 2005, стр. 16.
  33. Utrecht – Grand Depart Tour de France 2015“, „Holland.com“, 9 декември 2014 (конс. 12 јули 2015 г).
  34. Браун, Грегор. „Utrecht pays a reported €4m for Tour de France start“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 4 ноември 2014 (конс. 12 јули 2015 г).
  35. 35,0 35,1 Analysis: A Tour route with a difference“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 23 октомври 2014 (конс. 11 јули 2015 г).
  36. 36,00 36,01 36,02 36,03 36,04 36,05 36,06 36,07 36,08 36,09 36,10 „2015 Route“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/le-tour/2015/us/overall-route.html. конс. 11 јули 2015 г. 
  37. The Mur de Huy: where La Flèche Wallonne will be won or lost“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 20 април 2015 (конс. 28 јули 2015 г).
  38. Tour de France 2015 stage 4 preview“, Time Inc. UK, 6 јули 2015 (конс. 11 јули 2015 г).
  39. Сидвелс, Крис. „Icons of cycling: the Col du Tourmalet“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 15 јули 2015 (конс. 31 јули 2015 г).
  40. Томас, Колин. „Tour de France 2015: A beginner's guide by the numbers“, „Sporting News“, 1 јули 2015 (конс. 12 јули 2015 г).
  41. 41,0 41,1 „The history of the Tour de France – 2015 Tour“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/HISTO/us/TDF/2015/index.html. конс. 13 август 2015 г. 
  42. „The history of the Tour de France – 2014 Tour“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/HISTO/us/TDF/2014/index.html. конс. 2 септември 2015 г. 
  43. „Tour de France 2015 – stage by stage“. Guardian Media Group. http://www.theguardian.com/sport/ng-interactive/2015/jul/01/tour-de-france-2015-stage-by-stage. конс. 12 јули 2015 г. 
  44. 44,0 44,1 Stage 20 : Modane – L'Alpe d'Huez... via the Croix de Fer“, „Тур де Франс“, Amaury Sport Organisation, 25 јуни 2015 (конс. 4 јули 2015 г).
  45. „2015 Tour de France“. BikeRaceInfo. McGann Publishing. http://bikeraceinfo.com/tdf/tdf2015.html. конс. 28 јули 2015 г. 
  46. 46,0 46,1 46,2 Tour de France 2015: Stage-by-stage guide“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 10 јули 2015 (конс. 12 јули 2015 г).
  47. Вудпауер, Зеб. „Dennis sets record speed to claim first maillot jaune in Utrecht“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 4 јули 2015 (конс. 4 јули 2015 г).
  48. Вудпауер, Зеб. „Greipel wins storm-swept stage to Neeltje Jans“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 5 јули 2015 (конс. 5 јули 2015 г).
  49. 49,0 49,1 Вудпауер, Зеб. „Rodriguez wins on the Mur de Huy“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 6 јули 2015 (конс. 6 јули 2015 г).
  50. 50,0 50,1 Фотерингем, Аласдер. „Tony Martin's crash injuries show multiple pile-ups are an unpleasant feature of the race“, „The Independent“, Independent Print, 11 јули 2015 (конс. 5 август 2015 г).
  51. 51,0 51,1 Мекмајкл, Сајмон. „Tour de France Stage 4: Tony Martin attacks to finally get into yellow“, „road.cc“, Farrelly Atkinson, 7 јули 2015 (конс. 7 јули 2015 г).
  52. Мекмајкл, Сајмон. „Tour de France Stage 5: André Greipel takes second win, Mark Cavendish third“, „road.cc“, Farrelly Atkinson, 8 јули 2015 (конс. 8 јули 2015 г).
  53. Stybar wins stage 6 on short, punchy hill in Le Havre“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 9 јули 2015 (конс. 9 јули 2015 г).
  54. UCI World Cycling Centre: former trainee Teklehaimanot makes Tour de France history“, „Меѓународен велосипедистички сојуз“, 10 јули 2015 (конс. 2 август 2015 г).
  55. 55,0 55,1 Chris Froome not wearing yellow jersey“, „BBC Sport“, BBC, 10 јули 2015 (конс. 12 јули 2015 г).
  56. Остен, Ијан. „At Tour de France, Mark Cavendish Sprints to Stage 7 Win“, „The New York Times“, 10 јули 2015 (конс. 4 август 2015 г).
  57. Stage 8: Vuillermoz takes first French victory of 2015 Tour“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 11 јули 2015 (конс. 11 јули 2015 г).
  58. Вестемајер, Сузан. „Vuillermoz wins on the Mûr-de-Bretagne“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 11 јули 2015 (конс. 11 јули 2015 г).
  59. Вин, Најџел. „Chris Froome retains Tour de France lead as BMC win team time trial“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 12 јули 2015 (конс. 12 јули 2015 г).
  60. BMC win team time trial in Plumelec“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 11 јули 2015 (конс. 11 јули 2015 г).
  61. Froome crushes competition in first major summit finish“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 14 јули 2015 (конс. 14 јули 2015 г).
  62. 62,0 62,1 Флечер, Патрик. „Majka goes on solo romp to win in Cauterets“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 15 јули 2015 (конс. 15 јули 2015 г).
  63. Вин, Најџел. „Chris Froome safe in Tour de France lead as Joaquim Rodriguez wins stage 12“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 16 јули 2015 (конс. 16 јули 2015 г).
  64. Вајсло, Лора. „Van Avermaet wins uphill sprint in Rodez“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 17 јули 2015 (конс. 17 јули 2015 г).
  65. Фотерингем, Вилијам. „Steve Cummings grabs Tour de France stage while Chris Froome stretches lead“, „theguardian.com“, Guardian Media Group, 18 јули 2015 (конс. 5 август 2015 г).
  66. Бенсон, Даниел. „Cummings soars to victory in Mende“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 18 јули 2015 (конс. 18 јули 2015 г).
  67. Виндзор, Ричард. „André Greipel makes it three as he wins Tour de France stage 15“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 19 јули 2015 (конс. 19 јули 2015 г).
  68. Tour de France stage 16: Plaza gives Lampre-Merida a win in Gap“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 20 јули 2015 (конс. 20 јули 2015 г).
  69. Tejay van Garderen pulls out of race“, „Sky Sports“, 22 јули 2015 (конс. 23 јули 2015 г).
  70. 70,0 70,1 Бул, Ник. „How Simon Geschke saved Giant-Alpecin’s 2015 Tour de France“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 22 јули 2015 (конс. 22 јули 2015 г).
  71. Вудпауер, Зеб. „Col d'Allos crash all but ends Contador's Giro-Tour de France double dream“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 22 јули 2015 (конс. 22 јули 2015 г).
  72. Паулисон, Спенсер. „Romain Bardet wins stage 18 with bold move“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 23 јули 2015 (конс. 23 јули 2015 г).
  73. Вин, Најџел. „Vincenzo Nibali wins stage 19 of Tour de France as Chris Froome under pressure“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 24 јули 2015 (конс. 26 јули 2015 г).
  74. Паулисон, Спенсер. „Pinot wins Tour stage 20 on Alpe d’Huez, Froome holds on in yellow“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 25 јули 2015 (конс. 26 јули 2015 г).
  75. André Greipel claims final sprint, Chris Froome wins the 102nd Tour de France“, „Тур де Франс“, Amaury Sport Organisation, 26 јули 2015 (конс. 8 јули 2015 г).
  76. Chris Froome completes historic British win“, „BBC Sport“, BBC, 25 јули 2015 (конс. 26 јули 2015 г).
  77. McEwen: Tour de France course made Sagan unbeatable in green“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 26 јули 2015 (конс. 28 јули 2015 г).
  78. 78,00 78,01 78,02 78,03 78,04 78,05 78,06 78,07 78,08 78,09 78,10 78,11 ASO 2015, стр. 30.
  79. 79,0 79,1 79,2 79,3 79,4 79,5 79,6 79,7 79,8 ASO 2015, стр. 37.
  80. 80,0 80,1 80,2 Hood, Andrew. „Tour de France resurrects time bonuses, reshuffles points competition“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 24 октомври 2014 (конс. 12 јули 2015 г).
  81. 81,0 81,1 81,2 ASO 2015, стр. 38.
  82. ASO 2015, стр. 33.
  83. Rain neutralises Tour de France finish“, „Yahoo! Sports“, Yahoo!, 26 јули 2015 (конс. 10 август 2015 г).
  84. ASO 2015, стр. 33–35.
  85. ASO 2015, стр. 35.
  86. The changing face of the Tour de France’s green jersey“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 24 јуни 2015 (конс. 24 јуни 2015 г).
  87. 87,0 87,1 „Classifications stage 1 – Utrecht > Utrecht“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/le-tour/2015/us/stage-1/classifications.html. конс. 29 јули 2015 г. 
  88. 88,0 88,1 „Classifications stage 9 – Vannes > Plumelec“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/le-tour/2015/us/stage-9/classifications.html. конс. 29 јули 2015 г. 
  89. ASO 2013, стр. 19–24.
  90. ASO 2015, стр. 24.
  91. „Classifications stage 8 – Rennes > Mûr-de-Bretagne“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/le-tour/2015/us/stage-8/classifications.html. конс. 29 јули 2015 г. 
  92. Van Garderen poised to take yellow during TTT to Plumelec“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 12 јули 2015 (конс. 15 јули 2015 г).
  93. „Classifications stage 10 – Tarbes > La Pierre-Saint-Martin“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/le-tour/2015/us/stage-10/classifications.html. конс. 29 јули 2015 г. 
  94. „Classifications stage 11 – Pau > Cauterets - Vallée de Saint-Savin“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/le-tour/2015/us/stage-11/classifications.html. конс. 29 јули 2015 г. 
  95. „Joaquim Rodríguez Oliver“. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/le-tour/2015/us/riders/team-katusha/rodriguez-oliver-joachim.html. конс. 26 јули 2015 г. 
  96. „Classifications stage 20 – Modane Valfréjus > Alpe d'Huez“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/le-tour/2015/us/stage-20/classifications.html. конс. 29 јули 2015 г. 
  97. Вин, Најџел. „UCI WorldTour calendar 2015“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 14 октомври 2014 (конс. 22 август 2015 г).
  98. ASO 2015, стр. 3.
  99. UCI WorldTour: Froome wins the Tour de France“, „Меѓународен велосипедистички сојуз“, 26 јули 2015 (конс. 25 октомври 2015 г).
  100. „UCI WorldTour Ranking – 2015“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 26 јули 2015. http://www.uci.html.infostradasports.com/cache/2/TheASP.asp@PageID%3D102007&SportID%3D102&CompetitionID%3D24055&SeasonID%3D488&EventID%3D12146&GenderID%3D1&ClassID%3D1&EventPhaseID%3D1186645&Phase1ID%3D1186663&TaalCode%3D2&StyleID%3D0&Cache%3D2.html?432186. конс. 25 октомври 2015 г. 
  101. „UCI WorldTour Ranking – 2015“. Меѓународен велосипедистички сојуз. 21 јуни 2015. http://www.uci.html.infostradasports.com/cache/2/TheASP.asp@PageID%3D102007&SportID%3D102&CompetitionID%3D24055&SeasonID%3D488&EventID%3D12146&GenderID%3D1&ClassID%3D1&EventPhaseID%3D1186645&Phase1ID%3D1186662&TaalCode%3D2&StyleID%3D0&Cache%3D2.html?849437. конс. 25 октомври 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Тур де Франс 2015“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).