Даниел Теклехајманот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Даниел Теклехајманот
Теклехајманот на Тур де Франс 2015
Лични податоци
Цело имеДаниел Теклехајманот Гирмазион
Роден10 ноември 1988 (1988-11-10) (30 г.)
Дебарва, Еритреја Еритреја
Висина1,88 м
Маса71 кг
Податоци за клубот
Мом. клубКофидис
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Аматерски клубови
2009–2011 Сентре мондијал ди сиклисм
Професионални клубови
2008

2010
2012-2013
2014-2017
2018-
Аморе & Вита-Мекдоналдс (стажант)
Сервело ТестТим (стажант)
ГринЕЏ
МТН Кубека
Кофидис
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Африканско друмско првенство (2010)
Африканско хронометарско првенство (2010–2013)
Африканско екипно хронометарско првенство (2010–2013, 2015)
MaillotEritrea2.jpg Национално друмско првенство (2008, 2012, 2016)
MaillotEritrea2.jpg Национално хронометарско првенство (2011–2012, 2015-2016)
Последна промена
10 февруари 2018

Даниел Теклехајманот Гирмазион (тигриња: ዳንኤል ተክለሃይማኖት ግርማጽዮን; р. 10 ноември 1988) — еритрејски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Теклехајманот на Тур де Франс 2015

Теклехајманот бил член на тренинг програмата на Светскиот велосипедистички центар на UCI пред да потпише за новата австралиска велосипедска екипа ГринЕЏ во 2012 година.[2] Додека бил во Светскиот велосипедистички центар му била дијагностицирана тахикардија, која била отстранета со операција на почетокот во 2009 година. Се вратил со возење во мај истата година и завршил шести во генералниот пласман на Тур де л’Авенир.[3] Во 2010 година возел како стажант за Сервело ТестТим. Истата година ја освоил друмската трка, индивидуалниот хронометар и екипниот хронометар на африканските првенства, како на елитни, така и за возачи под 23 години. На Африканската турнеја UCI 2010-2011 ја освоил Трката околу Руанда и Квита Изина.[4] Учествувал на Летните олимписки игри, станувајќи првиот Еритреец кој настапил во спорт различен од атлетиката; ја завршил друмската трка на 73. место. Во 2012 година станал првиот Еритреец кој возел на Вуелта а Еспања, една од трите големи трки; ја завршил трката на 146. место.

Теклехајманот се приклучил на екипата МТН Кубека за сезоната 2014 на двегодишен договор.[5] Во 2015 година, на Критериум ди Дофине ја освоил првата маичка на трка во Светската турнеја во историјата на екипата, освојувајќи го планинскиот пласман.[6] Бил вклучен во составот на екипата за Тур де Франс 2015[7] заедно со колегата и сонародник Мерхави Кудус,[8] станувајќи еден од двајцата црни Африканци кои возеле на Тур.[9]

Теклехајманот стана прв црн африкански возач кој ја носел точкастата маичка по освојувањето на истата на шестата етапа на Тур де Франс 2015.[10]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
1. MaillotEritrea2.jpg Национално друмско првенство
5. Краен пласман Тур Ивоарин де ла По
2009
2. Краен пласман Трка околу Еритреја
1. Етапа 1
1. Етапа 3
6. Краен пласман Тур де л’Авенир
2010
Африкански првенства
1. Друмска трка
1. Индивидуален хронометар
1. Екипен хронометар
1. Краен пласман Трка околу Руанда
1. Етапа 2
1. Етапа 2 Куп де Насионс Вил Сагене
2011
Африкански првенства
1. Индивидуален хронометар
1. Екипен хронометар
1. MaillotEritrea2.jpg Национално хронометарско првенство
1. Краен пласман Квита Изина
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5 Трка околу Алжир
5. Краен пласман Тропикал Амиса Бонго
1. Етапа 4
2012
Африкански првенства
1. Индивидуален хронометар
1. Екипен хронометар
1. MaillotEritrea2.jpg Национално друмско првенство
1. MaillotEritrea2.jpg Национално хронометарско првенство
2013
Африкански првенства
1. Индивидуален хронометар
1. Екипен хронометар
1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2014
4. Краен пласман Мзанси Тур
2015
Африкански првенства
1. Екипен хронометар
2. Индивидуален хронометар
1. MaillotEritrea2.jpg Национално хронометарско првенство
1. Jersey white dots on red.svg Планински пласман Критериум ди Дофине
2016
1. Jersey white dots on red.svg Планински пласман Критериум ди Дофине
1. MaillotEritrea2.jpg Национално хронометарско првенство
1. MaillotEritrea2.jpg Национално друмско првенство
2017
3. Национално хронометарско првенство
7. Краен пласман Трка околу Австрија

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 111
Jersey yellow.svg Тур 49 85
Jersey red.svg Вуелта 146 47

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Teklehaimanot signs late deal with Cofidis“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 2 февруари 2018 (посет. 3 февруари 2018 г).
  2. Кери, Пјер. „Теклехајманот потпиша за ГринЕџ“, „cyclingnews.com“, 4 август 2011 (посет. 5 август 2011 г).
  3. Ли, Шон (17 август 2012). „Теклехајманот е етапен возач во прогрес“. theroar.com. конс. 8 јуни 2015. 
  4. Аринаитве, Остине. „Руанда: Теклехајманот победи на Квита Изина“, „allafrica.com“, 13 јуни 2011 (посет. 5 август 2011 г).
  5. Теклехајманот се сели во МТН-Кубека“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 10 октомври 2013 (посет. 14 декември 2013 г).
  6. МТН-Кубека ја прослави првата маичка од Светската турнеја на Критериум ди Дофине“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 15 јуни 2015 (посет. 15 јуни 2015 г).
  7. „Стартна листа за Тур де Франс 2015“. Velo News. конс. 2 јули 2015. 
  8. Камингс, Басија (10 јули 2015). „Даниел Теклехајманот: „Јас сум горд што сум Еритреец возејќи на Тур де Франс““. theguardian.com. конс. 10 јули 2015. 
  9. „Даниел Теклехајманот стана прв Африканец кој настапи на Тур де Франс“. thenational.ae. 4 јули 2015. конс. 5 јули 2015. 
  10. UCI World Cycling Centre: former trainee Teklehaimanot makes Tour de France history“, „Меѓународен велосипедистички сојуз“, 10 јули 2015 (посет. 2 август 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]