Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 - друмска трка за мажи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александар Винокуров ја предводи групата на бегството на олимписката друмска трка во Лондон на околу 10 километри пред целта
Велосипедизам на
Летните олимписки игри 2012
Друмски велосипедизам
Cycling (road) pictogram.svg
Друмска трка   мажи   жени
Хронометар мажи жени
Велодромски велосипедизам
Cycling (track) pictogram.svg
Спринт мажи жени
Екипен спринт мажи жени
Кеирин мажи жени
Екипна потера мажи жени
Омниум мажи жени
Планински велосипедизам
Cycling (mountain biking) pictogram.svg
Крос-кантри мажи жени
BMX
Cycling (BMX) pictogram.svg
BMX мажи жени

Друмската трка за мажи, дел од олимписките велосипедски настани на Летните олимписки игри, се одржала на 28 јули во средишниот и југозападниот дел на Лондон и северен Сари,[1] започнувајќи и завршувајќи пред Бакингемската палата.[2] Самуел Санчез од Шпанија е бранител на златото, но поради повредата здобиена на Тур де Франс, тој нема настапил во Лондон.[3] Се очекувало над еден милион луѓе да бидат присутни околу патеката - рекорд за еден олимписки настан, доколку биде исполнет.[4][5] Трката била освоена од 38-годишниот казахстански возач Александар Винокуров. Тој бил подобар во спринтот од Колумбиецот Ригоберто Уран, кој го освоил сребрениот медал и Александер Кристоф од Норвешка, кој ја освоил бронзата.[6]

Квалификации[уреди | уреди извор]

Првите десет држави во крајниот поредок на Светската турнеја 2011 се здобиле со право да настапат со пет возачи на трката. Тие репрезентации со по пет члена се: Шпанија, Белгија, Италија, Австралија, Велика Британија, Германија, Холандија, САД и Швајцаријата; иако Луксембург се наоѓал на деветтото место, нејзиниот состав бил составен од само двајца возачи. Од другите држави на Светската турнеја, Франција и Данска имале четворица возачи, Норвешка и Ирска тројца, Казахстан двајца и Словачка, Костарика и Латвија по еден возач. Првите шест држави од Европската турнеја UCI – Словенија, Русија, Португалија, Полска, Турција и Белорусија - како и Колумбија, Венезуела, Бразил, првите три од Американската турнеја UCI, Азиската турнеја ја предводел Иран, додека Африканската турнеја ја предводел Мароко, кои имале сите по три возачи. Останатите нации на трката биле претставувани од двајца или еден возач. Настапиле вкупно 145 учесници.

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Марк Кевендиш, фаворит за освојување на друмската трка, ја прославува победата на последната етапа на Тур де Франс 2012, шест дена пред олимписката трка.

Светскиот првак на друмската трка во 2011, Марк Кевендиш од Велика Британија бил сметан како фаворит на трката,[7] иако неговите шанси зависале од временските услови на крајот на трката. Возачите, кои завршиле на првото и второто место на Тур де Франс, Бредли Вигинс и Крис Фрум, биле дел од екипата на Велика Британија, која се очекувала да му помогне на Кевендиш за остварување на победата.

Други спринтери кои се натпреварувале за освојување на трката се: победникот на бодовниот пласман на Тур де Франс Петер Саган од Словачка, Том Бонен од Белгија, Метју Гос од Австралија, Андре Грајпел од Германија и Едвалд Боасон Хаген од Норвешка. Доколку трката не заврши со масовна спринтерска завршница, Саган и Бонен сè уште имаат шанси за победа, заедно со другите специјалисти за класици, како што се Фабијан Канчелара од Швајцарија, сребрен медалист на друмската трка во 2008 во Пекинг и Филип Жилбер од Белгија.

Бранителот на златниот медал, Самуел Санчез од Шпанија, нема да настапи на трката, поради повреда здобиена на Тур де Франс.[3]

Патека[уреди | уреди извор]

Бокс Хил ќе биде искачуван девет пати на трката

Трката е долга 250 километри.[8] Возачите од Бакингемската Палата ќе се упатат кон југозапад и ќе ја поминат реката Темза и потоа ќе се упатат низ парковите Ричмонд и Баши, ќе поминат крај судската палата Хемптон, пред да продолжат со деветте круга преку Бокс Хил, по кои возачите ќе се вратат пред Бакингемската палата на целта.[9] Се очекува над еден милион луѓе да бидат присутни покрај патеката[4] - доколку се постигне бројката, тоа ќе биде рекорд за некој олимписки настан.[5] Гужвите ќе бидат поттикнати од слободниот влез на 150 километри од вкупните 250 километри,[10] неодамнешниот британски успех на Тур де Франс 2012 и можноста домаќинот да го освои својот прв златен медал на Олимпијадата преку Марк Кевендиш. Првично биле пуштени 3.500 билети за површината на Бокс Хил, каде велосипедистите ќе поминат девет пати, но поради големата побарувачка бројката била зголемена на 15.000.[10]

Распоред[уреди | уреди извор]

Датум Време Крај Циклус
Сабота, 28 јули 2012 10:00 (UTC+01:00) 15:46 (UTC+01:00) Финале

Резултати[уреди | уреди извор]

Групата поминува низ Патни во југозападен Лондон на почетокот на трката
Трката поминува низ Тедингтон

Списокот на учесници бил објавен на 23 јули.[11] Резултатите биле објавени веднаш по трката.[12]

Во табелата подолу, „и.в.“ означува дека возачот ја поминал целта во иста група, како и велосипедистот пред него и затоа му било доделени исто завршно време.

Место Возач Време
Gold medal icon.svg  Александар Винокуров (КАЗ) 5:45:57
Silver medal icon.svg  Ригоберто Уран (КОЛ)
и.в.
Bronze medal icon.svg  Александер Кристоф (НОР) 5:46:05
4  Тејлор Фини (САД)
и.в.
5  Сергеј Лагутин (УЗБ)
и.в.
6  Стјуарт О’Грејди (АВС)
и.в.
7  Јирген Рулантс (БЕЛ)
и.в.
8  Грегори Раст (ШВА)
и.в.
9  Лука Паолини (ИТА)
и.в.
10  Џек Бауер (НЗЛ)
и.в.
11  Ларс Бом (ХОЛ)
и.в.
12  Јакоб Фуглсанг (ДАН)
и.в.
13  Руј Кошта (ПОР)
и.в.
14  Луис Леон Санчез (ШПА)
и.в.
15  Роман Кројцигер (ЧЕШ)
и.в.
16  Серхио Енао (КОЛ)
и.в.
17  Андриј Гривко (УКР)
и.в.
18  Алехандро Валверде (ШПА)
и.в.
19  Филип Жилбер (БЕЛ)
и.в.
20  Силвен Шаванел (ФРА)
и.в.
21  Јанез Брајкович (СЛО)
и.в.
22  Фумијуки Бепу (ЈАП)
и.в.
23  Роберт Гесинк (ХОЛ)
и.в.
24  Александар Колобнев (РУС)
и.в.
25  Ларс Петер Нордхауг (НОР)
и.в.
26  Џонатан Кастровјехо (ШПА) 5:46:13
27  Андре Грајпел (ГЕР) 5:46:37
28  Том Бонен (БЕЛ)
и.в.
29  Марк Кевендиш (ВБР)
и.в.
30  Арно Демар (ФРА)
и.в.
31  Франсиско Вентосо (ШПА)
и.в.
32  Мурило Фишер (БРА)
и.в.
33  Тајлер Фарар (САД)
и.в.
34  Петер Саган (СВК)
и.в.
35  Андреј Амадор (КРИ)
и.в.
36  Бернхард Ајзел (АВТ)
и.в.
37  Вонг Кам-по (ХКГ)
и.в.
38  Елија Вивијани (ИТА)
и.в.
39  Ектор Ранхел (МЕК)
и.в.
40  Дарил Импи (ЈАР)
и.в.
41  Радослав Рогина (ХРВ)
и.в.
42  Мати Брешел (ДАН)
и.в.
43  Асан Базајев (КАЗ)
и.в.
44  Хосе Хоакин Рохас (ШПА)
и.в.
45  Мигел Убето (ВЕН)
и.в.
46  Борут Божич (СЛО)
и.в.
47  Рамунас Навардаускас (ЛИТ)
и.в.
48  Јукија Араширо (ЈАП)
и.в.
49  Мануел Антонио Кардозо (ПОР)
и.в.
50  Рене Мандри (ЕСТ)
и.в.
51  Џексон Родригез (ВЕН)
и.в.
52  Владимир Исајчев (РУС)
и.в.
53  Јаухени Хутарович (БЛР)
и.в.
54  Иван Стевиќ (СРБ)
и.в.
55  Дејвид Мекен (ИРС)
и.в.
56  Алексејс Сарамотинс (ЛАТ)
и.в.
57  Мартин Елмигер (ШВА)
и.в.
57  Ники Серенсен (ДАН)
и.в.
59  Гедиминас Багдонас (ЛИТ)
и.в.
60  Михал Квјатковски (ПОЛ)
и.в.
61  Данаил Петров (БУЛ)
и.в.
62  Адил Јелул (МАР)
и.в.
63  Рајдер Хесједал (КАН)
и.в.
64  Лорен Дидје (ЛУК)
и.в.
65  Јуси Веиканен (ФИН)
и.в.
66  Дмитро Кривцов (УКР)
и.в.
67  Арнолд Алколеа (КУБ)
и.в.
68  Кристијан Ѓурасек (ХРВ)
и.в.
69  Нелсон Оливеира (ПОР)
и.в.
70  Томас Гил (ВЕН)
и.в.

Место Возач Време
71  Ларс Бак (ДАН)
и.в.
72  Гонзало Гаридо (КИН)
и.в.
73  Даниел Теклехајманот (ЕРИ)
и.в.
74  Себастијан Лангевелд (ХОЛ)
и.в.
75  Јан Барта (ЧЕШ)
и.в.
76  Густав Ларсон (ШВЕ)
и.в.
77  Вегард Ленген (НОР)
и.в.
78  Бранислав Самојлав (БЛР)
и.в.
79  Грега Боле (СЛО)
и.в.
80  Кедел Еванс (АВС)
и.в.
81  Даниел Шорн (АВТ)
и.в.
82  Ники Терпстра (ХОЛ)
и.в.
83  Сајмон Геранс (АВС)
и.в.
84  Мачеј Боднар (ПОЛ)
и.в.
85  Метју Гос (АВС)
и.в.
86  Тони Галопен (ФРА)
и.в.
87  Михаел Шер (ШВА)
и.в.
88  Тими Даган (САД)
и.в.
89  Николас Роуш (ИРС)
и.в.
90  Даниел Мартин (ИРС)
и.в.
91  Мајкл Роџерс (АВС)
и.в.
92  Грег ван Авермет (БЕЛ)
и.в.
93  Крис Хорнер (САД) 5:46:46
94  Ијан Станард (ВБР) 5:46:47
95  Берт Грабш (ГЕР)
и.в.
96  Михаел Албасини (ШВА)
и.в.
97  Ливе Вестра (ХОЛ)
и.в.
98  Денис Мењшов (РУС) 5:46:51
99  Сака Модоло (ИТА)
и.в.
100  Стејн Ванденберг (БЕЛ)
и.в.
101  Винченцо Нибали (ИТА) 5:46:53
102  Марсел Зиберг (ГЕР) 5:47:08
103  Бредли Вигинс (ВБР) 5:47:14
104  Тиџеј ван Гардерен (САД) 5:47:31
105  Џон Дегенколб (ГЕР) 5:48:49
106  Фабијан Канчелара (ШВА) 5:51:40
107  Марко Пиноти (ИТА) 5:54:04
108  Дејвид Милар (ВБР) 5:55:16
109  Крис Фрум (ВБР) 5:58:24
110  Јоанис Тамуридис (ГРЦ)
и.в.
-  Максимилијано Ричезе (АРГ) OTL
-  Бирон Гвама (ЕКВ) OTL
-  Мехди Сохраби (ИРН) OTL
-  Габор Каса (СРБ) OTL
-  Ахмет Акдилек (ТУР) OTL
-  Грегори Паницо (БРА) DNF
-  Едвалд Боасон Хаген (НОР) DNF
-  Азедин Лагаб (АЛЖ) DNF
-  Спас Ѓуров (БУЛ) DNF
-  Мухамад Отман (МАЛ) DNF
-  Мирач Кал (ТУР) DNF
-  Кемал Кучукбај (ТУР) DNF
-  Мураджан Халмуратов (УЗБ) DNF
-  Мањо Назарет (БРА) DNF
-  Тони Мартин (ГЕР) DNF
-  Криштијан Ловаси (УНГ) DNF
-  Амир Русли (МАЛ) DNF
-  Олег Бердос (МОЛ) DNF
-  Михал Голаш (ПОЛ) DNF
-  Андреј Некита (РОМ) DNF
-  Васил Кириенка (БЛР) DNF
-  Алиреза Хаги (ИРН) DNF
-  Грег Хендерсон (НЗЛ) DNF
-  Горги Надираѕе (ГРУ) DNF
-  Парк Сунг-бек (КОР) DNF
-  Суфијан Хади (МАР) DNF
-  Мануел Родас (ГТМ) DNF
-  Ден Крејвен (НАМ) DNF
-  Мухсин Лахсаини (МАР) DNF
-  Омар Хасанин (СИР) DNF
-  Хорхе Сото (УРУ) DNF
-  Фабио Дуарте (КОЛ) DNF
-  Микаел Буржен (ФРА) DNF
-  Амир Заргари (ИРН) DNF

Над временската граница (OTL)
Според одредбите на UCI за еднодневни друмски трки (член 2.3.039), „Секој возач, кој завршил во време поголемо за 5% од она на победникот не треба да биде пласиран“.[13] Според оваа одредба, победничкото време на Винокуров ја поставило временската рампа на 6 часа, 3 минути и 14 секунди.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Распоред на натпреварите на Олимпијадара“. Лондон 2012. конс. 2012-03-15. 
  2. „The Mall | Venues“. Лондон 2012. конс. 2011-10-25. 
  3. 3,0 3,1 Елкингтон, Марк. „Друмскиот првак Санчез надвор од Игрите“, „Reuters“, Thomson Reuters, 19 јули 2012 (посет. 25 јули 2012 г).
  4. 4,0 4,1 Bring it on! Cavendish and Co on Box Hill as sprint star targets road race glory“, 26 јули 2012 (посет. 27 јули 2012 г).
  5. 5,0 5,1 One million expected for road race at London 2012 Olympics“, 26 јули 2012 (посет. 27 јули 2012 г).
  6. „Винокуров го освои златото на друмската трка“. Лондон 2012. 28 јули 2012. 
  7. Ричард Вилијамс. „Тур де Франс 2012: Марк Кевендиш го освоил четвртиот спринт на Шанзелизе“. The Guardian. конс. 2012-07-24. 
  8. „Олимписки велосипедизам - Друмски - Информации, Историја, Правила“. Лондон 2012. конс. 13 јули 2012. 
  9. „Road Race format competition“. London 2012. конс. 2012-05-01. 
  10. 10,0 10,1 More spectators will enjoy best views of Olympic Cycling Road Race“, 25 јануари 2012 (посет. 27 јули 2012 г).
  11. „Олимписки игри 2012 Лондон: Почетниот список за друмската трка за мажи“. cyclingweekly.co.uk. 2012–07–23. 
  12. „Олимписки игри Лондон 2012: Друмска трка за мажи“. Олимписки игри 2012. 2012–07–28. 
  13. UCI Cycling Regulations, Part II: Road Races, UCI, 1 февруари 2012, стр. 31