Филип Жилбер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филип Жилбер
Жилбер на Брабантсе Пејл 2015
Лични податоци
Цело име Филип Жилбер
Прекар Вепар на Ардените[1]
Роден 5 јули 1982 (1982-07-05) (воз. 35 г.)
Вервје,  Белгија[2]
Висина 1,79 м[3]
Маса 69 кг[3]
Податоци за клубот
Мом. клуб Квик-Степ Флорс
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за класици / Панчер
Професионални клубови
2003–2008
2009–2011
2012–2016
2017-
FDJeux.com
Сајленс-Лото
БМЦ Рејсинг Тим
Квик-Степ Флорс
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
3 индивидуални етапи (2009, 2015)
Тур де Франс
1 индивидуална етапа (2011)
Вуелта а Еспања
5 индивидуални етапи (2010, 2012, 2013)

Етапни трки

Три дена Де Пане (2017)
Трка околу Пекинг (2014)
Трка околу Белгија (2011)
Стер ЗЛМ Тур (2009, 2011, 2014)
Вуелта а Мајорка (2008)
Париз-Корез (2004)

Еднодневни трки и класици

MaillotMundial.PNG Светско друмско првенство (2012)
MaillotBélgica.PNG Национално друмско првенство (2011, 2016)
MaillotBélgica.PNG Национално хронометарско првенство (2011)
Џиро ди Ломбардија (2009, 2010)
Лиеж-Бастон-Лиеж (2011)
Трка околу Фландрија (2017)
Амстел Голд Рејс (2010, 2011, 2014, 2017)
Флеш Валон (2011)
Класика де Сан Себастијан (2011)
Гран при Квебек (2011)
Џиро дел Пиемонт (2009, 2010)
Брабантсе Пејл (2011, 2014)
Омлоп Хет Ниусблад (2006, 2008)
Париз-Тур (2008, 2009)
Страде Бјанке (2011)

Друго

Светска турнеја UCI (2011)
Златен велосипед (2011)
Последна промена
14 август 2017

Филип Жилбер (француски: Philippe Gilbert; р. 5 јули 1982) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Квик-Степ Флорс.

Жилбер е најпознат по освојувањето на друмската трка на Светските друмски првенства во 2012,[4] и еден од двајцата возачи, заедно со Давиде Ребелин, кои имаат победено на трите арденски класици - Амстел Голд Рејс, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж – во една сезона; овој потфат го постигнал во 2011.[5] Исто така, Жилбер ја завршил сезоната 2011 како конечен победник на Светската турнеја.[6] Жилбер бил обвинет за користење кортизон од анонимен поранешен колега во Лото во текот на одличниот период за него во Лото-Белисол, што Жилбер остро го отфрлил.[7]

Како специјалист за класици, Жилбер има освоено неколку класични велосипедски трки, вклучувајќи ги Париз-Тур (2008, 2009), Џиро ди Ломбардија (2009, 2010), Амстел Голд Рејс (2010, 2011, 2014, 2017), Флеш Валон (2011), Лиеж-Бастон-Лиеж (2011), Класика де Сан Себастијан (2011) и Трка околу Фландрија (2017). Исто така, има освоено етапи на секоја од трите големи трки; има освоено една етапа на Џиро д’Италија во 2009 и две во 2015, етапа на Тур де Франс во 2011 и пет етапи на Вуелта а Еспања, освојувајќи две во 2010 и 2012 и една во 2013. Во 2017 година, Жилбер станал трет возач зад Еди Меркс (1975) и Јан Рас (1979), кои ги освоиле Трка околу Фландрија и Амстел Голд Рејс во иста година.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Жилбер моментално живее во Монако,[8] со неговата жена Патриција и неговите синови Алан (р. 2010)[9] и Александар (р. 2013).[10]

Помладиот брат на Жилбер е исто така велосипедист.[11]

Кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Жилбер станал професионален возач во 2003 со приклучувањето во FDJeux.com по возењето како практикант за тимот од крајот на 2000. Во текот на оваа сезона тој ја освоил својата прва победа на една етапа од Тур де л’Авенир. Во 2004 тој започна со победа на една етапа на трката Тур Даун Андер, како и во пласманот за млад возач. Тој учествуваше на машката друмска трка на Летните олимписки игри 2004, каде заврши како 49-ти. Тој, исто така, победи и на Париз-Корез. Во 2005 тој освои неколку трки во Франција, кои му дозволија да победи на францускиот друмски велосипедски куп. Овие победи ги вклучуваат и Трофи де Гримпор, Тур ду Хаут-Вар и Полинорманди. Исто така, освоил и етапи на Четири дена Денкерк и Трка околу Медитеранот.

Сезона 2006[уреди | уреди извор]

2006 стана неговата најуспешна година, кога ја освои престижната Омлоп Хет Фолк по постојано напаѓање, сè додека не се одвои сам во последните 7 километри.[12] Во текот на сезоната, победи и на ГП де Фурми и ГП де Валони, како и етапите на Дофине Либере и Енеко Тур.

Сезона 2007[уреди | уреди извор]

На почетокот на 2007 тој отстрани лезија од рак на кожа на неговиот бут.[13] Поради ова тој мораше да го одложи почетокот на неговата сезона. Но, тоа не го спречи да се обидува себеси за време на Милано-Сан Ремо, каде што успеал да побегне на Поџио со Рикардо Рико, пред да бидат фатени на 1.200 метри пред крајот. Тој не можеше да освои ниедна трка во сезоната, сè до Тур де Лимузин, каде што ја освои својата единствена победа во 2007 со победа на етапа. На Париз-Тур тој беше фатен на 500 метри пред целта, заедно со Карстен Крон и Филипо Поцато.

Сезона 2008[уреди | уреди извор]

Жилбер ја започнал 2008 со освојувањето на планинскиот пласман на Тур Даун Андер и вкупниот пласман, како и две етапи на Вуелта а Мајорка. Исто така, завршил и трет на Милано-Сан Ремо, остварувајќи го неговиот прв подиум. Подоцна победил и на Хет Фолк по вторпат во неговата кариера, по соло нападот на скоро 50 километри пред крајот. Четири дена подоцна го освоил и ГП Самин. Ја завршил годината со победа на класикот Париз-Тур во завршниот спринт, каде победил помеѓу тројца сериозни конкуренти. Групата завршила само четири секунди подоцна.

Сезона 2009[уреди | уреди извор]

Во 2009 тој се придружува на Сајленс-Лото да го води белгискиот тим во класиците, завршувајќи трет на Трка околу Фландрија и четврти на обете Амстел Голд Рејс и Лиеж-Бастон-Лиеж. Исто така, ја освоил и својата прва етапа на Гранд Тур, победувајќи на 20-та етапа на Џиро д’Италиа[14] и освоил етапа и генералниот пласман на Стер Електротоер. Подоцна во сезоната, повторно го освоил Париз-Тур, напаѓајќи на последното искачување со Том Бонен и Борут Божич пред да ги отспринта на линијата. Недела дена подоцна, ја освоил и престижната трка Џиро ди Ломбардија по бегањето од групата со Самуел Санчез, победувајќи го него на крајот за една половина. Тоа било негова четврта последователна победа во 10 дена по победувањето на Копа Сабатини, Париз-Тур и Џиро дел Пиемонт. На крајот на сезоната, бил награден со наградата Фландриец на годината, со што бил признаен како најдобар белгиски возач на годината.[15]

Сезона 2010[уреди | уреди извор]

Во 2010 го освојува својот прв класик во годината, Амстел Голд Рејс, во април. По агресивната трка со многу напади, тој ја освоил трката по силен напад во последните 500 метри од искачувањето пред целта, удобно победувајќи со неколку метри разлика од групата.[16] Исто така, ја освоил и неговата прва етапа на Трка околу Белгија. Жилбер ја завршил сезоната 2010 во одлична форма. Следеле две етапни победи на Вуелта а Еспања со победите на Џиро дел Пиемонт и Џиро ди Ломбардија, повторувајќи ги неговата две победи во 2009 на двете трки. Џиро ди Ломбардија ја освоил со соло напад во немилосрдни временски услови.[17]

Сезона 2011[уреди | уреди извор]

Во 2011, Филип Жилбер ја освоил Монтепаски Страде Бјанче, трка која вклучува 70 километри по чакал. Тој, тогаш, имаше четири пати последователни победи: прво ја освои Брабант трка, потоа повторно како победник на Амстел Голд Рејс, победувајќи повторно на Кауберг. Три дена подоцна, ја освои и Флеш Валон победувајќи ги неговите конкуренти на последното искачување и конечно ја победи и Лиеж-Бастон-Лиеж, победувајќи ги браќата Шлек во спринт. Жилбер, така, стана вториот возач, по Давид Ребелин во 2004, кој успеал да победи на трите арденски класици во една година.[18] Во текот на првата половина на сезоната тој освои и етапи на Волта ао Алгарве, Тирено-Адриатико, како и генералниот пласман и етапа на обете Трка околу Белгија и Стер ЗЛМ Тур.

Жилбер на Тур де Франс 2011

На крајот на јуни, победи и на белгиското национално друмско првенство; во јули на првата етапа во должина од 191,5 километри на Тур де Франс 2011, победувајќи го Кадел Еванс за три секунди, со што стана и првата личност, која ја облече жолтата маичка како вкупен лидер.[19] Тој ја загуби маичката на екипниот хронометар следниот ден, но сепак ја носеше зелената маичка и точкастата маичка по втората етапа. По една недела по крајот на трката, Жилбер ја освои Класика де Сан Себастијан, и во средината на Август, ја освои и третата етапа на Енеко Тур, освојувајќи ја неговата 15. победа во годината.

Во септември Жилбер победил на Гран при Квебек и го преземал водството во Светската турнеја UCI со предноста од 80 бода кои му ја донеле победата.[20] По овој резултат, следело третото место на подиумот на Гран при Монтреал, и покрај тоа што изјавил дека не постоел притисок по победата во Квебек. Со тој пласман, Жилбер добил дополнителни 50 бода и го зацврстил водството.[21] Се тркал и на италијанскиот класик во октомври, Џиро ди Ломбардија, освојувајќи го осмото место, откако отпаднал на последното искачување.[22] На крајот ја завршил сезоната прв во пласманот на Светската турнеја, со 718 бода, додека неговиот најблизок ривал Кедел Еванс добил 584 бода.[23] Освоил 18 трки во сезоната, повеќе од било кој друг велосипедист во професионалниот велосипедизам.[24]

Сезона 2012[уреди | уреди извор]

Жилбер спринта за победа на друмската трка на Светските друмски првенства UCI 2012

Во 2012, Жилбер возел за БМЦ Рејсинг Тим.[25] Негови цели за неговата нова екипа биле да настапи добро на пролетните класици и да му помогне на колегата Кедел Еванс да го повтори неговиот подвиг од 2011 со освојување на Тур де Франс.[24] Ниедна од нив не се оствариле, бидејќи најдобриот резултат на еднодневните пролетни трки било третото место на Флеш Валон, каде бил поминат на последното искачување од Хоаким Родригез, кој го освоил историскио Мур де Хуј со мала разлика од 4 секунди.[26] Три дена претходно го освоил шестото место на Амстел Голд Рејс.[27] Пропуштил да ја оствари својата цел да му помогне на Кедел Еванс да дојде во жолто во Париз и неговиот најдобар пласман на етапа на Тур де Франс било четвртото место.[24] Исто така ги изгубил двете титули на белгиските национални првенства кои ги имал, друмската трка и индивидуалниот хронометар, завршувајќи како трет на хронометарската трка.[28]

На 26 август 2012, Жилбер конечно успеал да дојде до првата победа во сезоната со освојувањето на деветтата етапа на Вуелта а Еспања откако заминал во бегство заедно со Хоаким Родригез.[29] Подоцна ја остварил втората победа на трката, освојувајќи ја етапата деветнаесет на 7 септември.[30]

На 23 септември 2012, Жилбер ја освоил друмската трка на светското првенство и маичката виножито, пред Едвалд Боасон Хаген и Алехандро Валверде предизвикувајќи масовен налет на последното искачување на Кауберг.[31]

Сезона 2013[уреди | уреди извор]

Жилбер ја носи виножито-маичката на Трката околу Баскија 2013

Во 2013 година, Жилбер се упатил на Светските првенства без ниедна победа во својата виножито-маичка, во опасност за прва сезона без победи откако станал професионалец во 2003. Заминал на Вуелта со надеж дека втора година по ред, трката ќе биде отскочна даска за неговата сезона. Откако бил тесно поразен во спринт од Здењек Штибар на седмата етапа,[32] Жилбер конечно стигнал до победа во боите на виножитото кога го достигнал и поминал Едвалд Боасон Хаген за победа на етапата 12.[33]

Сезона 2014[уреди | уреди извор]

Во 2014, Жилбер ја повратил неговата претходна форма кога во пролетта по втор пат ја освоил Брабант Пејл и по трет пат Амстел Голд Рејс.

Сезона 2015[уреди | уреди извор]

Жилбер завршил трет на Брабантсе Пејл, неколку секунди зад колегата Бен Херманс.[34] На Амстел Голд Рејс, Жилбер не можел да ја повтори победата од 2014 година и стигнал на десеттото место на крајот, по нападот на последното искачување на трката, Кауберг.[35] Следната среда, Жилбер паднал на Флеш Валон.[36] Подоцна, учествувал на Лиеж-Бастон-Лиеж иако бил малку повреден и се одржал во главната група до Кот де Сен Николас, каде отпаднал и завршил на 36. место.[37] Стигнал до првата победа во сезоната на Џиро д’Италија, победувајќи ја водечката група на остра нагорнина на крајот на дванаесеттата етапа.[38] Ја повторил победата на осумнаесеттата етапа, каде учествувал во рано бегство. Откако отпаднал на последното искачување на етапата, се вратил до остатоците од бегството по спустот и ги нападнал за победа.[39]

Сезона 2016[уреди | уреди извор]

Жилбер ја освоил својата прва победа во февруари на еднодневната трка Вуелта а Мурсија, победувајќи во спринт од четворица.[40] Во 2016 година повторно го освоил националното друмско првенство.

Сезона 2017[уреди | уреди извор]

По четири сезони со БМЦ, Жилбер се приклучил на Квик-Степ Флорс за сезоната 2017.[41] Жилбер завршил втор на Дварс дор Вландерен зад колегата Ив Ламперт. Двоецот го направил одлучувачкиот потег заедно со Алексеј Луценко од екипата Астана и возачот на Орика-Скот, Лук Дарбриџ,[42] пред Ламперт да нападне на 7,5 километри пред целта и на крајот да ја освои трката со 39 секунди пред Жилбер, кој испринтал пред Луценко и Дарбриџ за второ место. Подоцна истата недела во трочлен спринт на белгиски возачи, Грег ван Авермет (БМЦ Рејсинг Тим) ја освоил Е3 Харелбеке пред Жилбер и возачот на Аг2р-Ла Мондијал, Оливер Несен.[43] Следната седмица, Жилбер ја освоил Три дена Де Пане по нападот на Мур ван Герардсберген на воведната етапа на трката и однел победа со 17 секунди пред најблискиот соперник.[44] На крајот ја освоил трката со 38 секунди пред возачот на Трек-Сегафредо, Матијас Брендле, заедно со спринтерскиот пласман, главно поради неговиот напад од првиот ден. Три дена подоцна, ја освоил Трката околу Фландрија со соло-бегство во последните 55 километри.[45] Две недели подоцна ја освоил и Амстел Голд Рејс по четврти пат и станал само трет возач кој ги освоил Трката околу Фландрија и Амстел Голд Рејс во иста година. Другите двајца биле Јан Рас и Еди Меркс. Подоцна било соопштено дека ја освоил трката, иако последните 130 километри на трката ги возел со помали проблеми на бубрегот. Повредата барала болнички третман по трката и го отстранила од настап на Флеш Валон и Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[46]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2003
Тур де л’Авенир
1. Етапа 9
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2004
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Париз-Корез
1. Етапа 3 Тур Даун Андер
2. Париз-Брисел
2005
1. Етапа 4 Четири дена Денкерк
1. Етапа 2 Медитеранска трка
1. Трофи де Гримпор
1. Тур ду Хаут-Вар
1. Полинорманди
1. Француски друмски велосипедски куп
2. Гран при де Валонија
2006
1. Етапа 2 Критериум ду Дофине Либере
1. Омлоп Хет Фолк
1. Етапа 7 Енеко Тур Бенелукс
1. Гран при де Валонија
1. Гран при де Фурмие
2. ГП д’Увертур ла Марселеза
2. Трофи де Гримпор
2. Ле Самин
2. ГП д’Исберг
2007
1. Етапа 1 Тур ду Лимузин
2. Ле Самин
2008
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Вуелта а Мајорка
1. Париз-Тур
1. Омлоп Хет Фолк
1. Планински пласман Тур Даун Андер
1. Трофео Мајорка
1. Трофео Солер
1. Ле Самин
2. Брабант трка
2. Етапа 1 Тур де Франс
3. Милано-Сан Ремо
2009
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Стер Електротур
1. Етапа 4
1. Џиро ди Ломбардија
1. Париз-Тур
1. Етапа 20 Џиро д’Италија
1. Џиро дел Пиемонт
1. Копа Сабатини
3. Трка околу Фландрија
4. Амстел Голд Рејс
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
6. Светско друмско првенство UCI
2010
Вуелта а Еспања
1. Етапа 3
1. Етапа 19
1. Џиро ди Ломбардија
1. Етапа 1 Трка околу Белгија
1. Амстел Голд Рејс
1. Џиро дел Пиемонт
3. Гент-Вевелгем
3. Трка околу Фландрија
3. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Брабант трка
6. Флеш Валон
9. Милано-Сан Ремо
2011
1. Светска турнеја UCI
1. MaillotBélgica.PNG Национален друмски првак
1. MaillotBélgica.PNG Национален хронометарски првак
1. Jersey black.svg Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 3
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
1. Етапа 4
2. Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 3
1. Етапа 1 Тур де Франс
Jersey yellow.svg на етапа 1
1. Лиеж-Бастон-Лиеж
1. Амстел Голд Рејс
1. Флеш Валон
1. Класика де Сан Себастијан
1. Гран при Квебек
1. Монтепаски Страде Бјанче
1. Брабант трка
1. ГП де Валони
1. Етапа 5 Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 Волта ао Алгарве
3. Милано-Сан Ремо
3. Гран при Монтреал
9. Трка околу Фландрија
2012
1. MaillotMundial.PNG Светски друмски првак
Вуелта а Еспања
1. Етапа 9
1. Етапа 19
2. Silver medal blank.svg Светско друмско првенство - екипен хронометар
3. Флеш Валон
6. Амстел Голд Рејс
2013
1. Етапа 12 Вуелта а Еспања
2. Национално хронометарско првенство
2. Брабант Пејл
3. Краен пласман Трка околу Белгија
5. Амстел Голд Рејс
5. Гран при д’Исберг
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Гулегем Курсе
9. Светско друмско првенство
10. Гран при де Валони
2014
1. Брабант Пејл
1. Амстел Голд Рејс
1. Стер ЗЛМ Тур
1. Пролог
1. Етапа 3
1. Jersey red.svg Краен пласман Трка околу Пекинг
1. Етапа 2
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман Тур де Пикарди
3. Класик Суд-Ардеш
4. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
4. РајдЛондон-Сари Класик
7. Светско друмско првенство
7. Краен пласман Енеко Тур
7. Џиро ди Ломбардија
8. Рома Максима
8. Лиеж-Бастон-Лиеж
9. Ла Дром Класик
10. Флеш Валон
2015
Џиро д’Италија
1. Етапа 12
1. Етапа 18
1. Гран при Пино Черами
2. Краен пласман Тур ду От Вар
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2. Класика де Сан Себастијан
3. Брабантсе Пејл
4. Краен пласман Енеко Тур
7. Краен пласман Тур де Валони
1. Етапа 3
7. Гран при Квебек
8. Омлоп Хет Ниувсблад
8. Краен пласман Дубаи Тур
9. Гран при Монтреал
10. Светско друмско првенство
10. Амстел Голд Рејс
2016
1. MaillotBélgica.PNG Национално друмско првенство
1. Вуелта а Мурсија
1. ГП Жозе Дибоа
2. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. MaillotAzul.PNG Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
6. Краен пласман Трка Дубаи
6. Тре Вали Варезине
6. Гран Пиемонте
8. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
2017
1. Jersey white.svg Краен пласман Три дена Де Пане
1. Jersey blue.svg Спринтерски пласман
1. Етапа 1
1. Трка околу Фландрија
1. Амстел Голд Рејс
1. Етапа 2 Тур де Свис
1. Jersey orange.svg Комбиниран пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
2. Дварс дор Вландерен
2. Е3 Харелбеке
4. Трка околу Белгија
9. Краен пласман БинкБенк Тур
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 5 Тур де Франс

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 32 СО 97 39
Jersey yellow.svg Тур 70 110 СО 112 38 46 62 СО
Jersey red.svg Вуелта 69 СО 54 50 59 СО 45 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Резултати од класиците[уреди | уреди извор]

Оваа табела ги покажува резултатите на Филип Жилбер во големите класици.

Година Милано-Сан Ремо Гент-Вевелгем Трка околу Фландрија Париз-Рубе Амстел Голд Рејс Флеш Валон Лиеж-Бастон-Лиеж Класика де Сан Себастијан Париз-Тур Џиро ди Ломбардија
2008 3. 62. 15. 29. 92. 89. Победник
2009 23. 3. 4. 35. 4. Победник Победник
2010 9. 3. 3. Победник 6. 3. 43. 63. Победник
2011 3. 36. 9. Победник Победник Победник Победник 67. 8.
2012 87. 39. 75. 6. 3. 16.
2013 32. 42. 5. 15. 7. 20.
2014 13. Победник 10. 8.
2015 55. 10. СО 36. 2. 10.
2016 81. 91.

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Филип Жилбер на стартот на Омлоп Хет Ниувсблад во 2009.
  • Белгиски спортист на годината: 2009, 2010
  • Национален медал за спортист: 2009
  • Златен велосипед: 2011
  • Кристален велосипед: 2008, 2009, 2010
  • Награда Фландриец: 2009, 2010
  • АИЈЦ трофеј: 2009

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Жилбер почестен како „Вепар на Ардените“ во Ајвел“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 27 октомври 2012 (конс. 3 јануари 2013 г).
  2. „Филип Жилбер“. http://sport.be.msn.com/philippegilbert/eng/about/. конс. 6 јуни 2013 г. 
  3. 3,0 3,1 „Профил на Филип Жилбер“. http://www.letour.fr/le-tour/2013/us/riders/bmc-racing-team/gilbert-philippe.html?xtmc=gilbert&xtcr=1. 
  4. Белгиецот Филип Жилбер победи на друмската трка за мажи на Кауберг“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 23 септември 2012 (конс. 3 јануари 2013 г).
  5. Atkins, Ben. „Philippe Gilbert’s Ardennes triple lifts him to World number one spot“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 25 април 2011 (конс. 3 јануари 2013 г).
  6. UCI presents Philippe Gilbert with 2011 WorldTour trophy at Peace and Sport International Forum“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 29 октомври 2011 (конс. 3 јануари 2013 г).
  7. Gilbert denies allegations of Cortisone abuse“, „CyclingNews“, Future Publishing Ltd., 16 март 2013 (конс. 6 октомври 2013 г).
  8. Gilbert moves to The Rock
  9. Филип Жилбер стана татко
  10. Philippe Gilbert, papa pour la seconde fois: Alexandre est né ce vendredi“, „LaProvince“, Copiepresse, 17 мај 2013 (конс. 27 мај 2013 г). (на француски)
  11. „Братот на Жилбер ќе вози на Лиеж-Бастон-Лиеж“. 13 април 2012. http://www.sbs.com.au/cyclingcentral/news/35945/gilbert-s-brother-to-ride-liege-bastogne-liege. конс. 24 јули 2013 г. 
  12. 61st Omloop Het Volk – 1.HC
  13. Gilbert undergoes skin cancer surgery
  14. Худ, Ендрју. „Филип Жилбер ја освои етапата 20 на Џиро 2009; Денис Менчов го држи водството“, 30 мај 2009 (конс. 28 јуни 2011 г).
  15. vrt (19 октомври 2010). „Филип Жилбер е 'Фландриец на годината'“. flandersnews.be. http://www.deredactie.be/cm/vrtnieuws.english/sports/1.618772. конс. 28 јуни 2011 г. 
  16. Амстел Голд Рејс 2010: Филип Жилбер стави крај на 16-годишното чекање за белгиска победа на Кауберг“, „Дејли Телеграф“, Телеграф Медиа Груп, 18 април 2010 (конс. 20 април 2010 г).
  17. Фаранд, Стивен. „Жилбер ја повтори победата на Џиро ди Ломбардија“, 16 октомври 2010 (конс. 28 јуни 2011 г).
  18. Меклери, Џон. „Лиеж-Бастон-Лиеж 2011: Филип Жилбер триумфираше во Белгија за комплетирање на историскиот хет-трик на арденски класици“, 24 април 2011 (конс. 28 јуни 2011 г).
  19. „Филип Жилбер ја освои првата етапа“. Гардијан. 2 јули 2011. http://www.guardian.co.uk/sport/2011/jul/02/tour-de-france-2011-philippe-gilbert. конс. 4 јули 2011 г. 
  20. Pasquale Stalter. „Жилбер победил на Гран при Квебек, Гесинк втор“, „Miroir du Cyclisme“, 9 септември 2009 (конс. 15 август 2012 г).
  21. Бен Аткинс. „Филип Жилбер го зголемил водството на Светската турнеја по третото место во Монтреал“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 12 септември 2011 (конс. 15 август 2012 г).
  22. Gilbert comes up short at Giro di Lombardia“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 октомври 2011 (конс. 15 август 2012 г).
  23. Бен Аткинс. „Philippe Gilbert presented with 2011 WorldTour trophy by Pat McQuaid“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 12 септември 2011 (конс. 15 август 2012 г).
  24. 24,0 24,1 24,2 Gilbert says other teams responsible for his lack of victories in 2012“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 август 2012.
  25. Филип Жилбер потпиша за BMC“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 август 2011 (конс. 1 јануари 2012 г).
  26. „BMC racing team's Gilbert third at La Flèche Wallonne“. BMC. BMC 2012. 18 април 2012. http://www.bmc-racing.com/int-en/athletes/bmc-racing-team/news/team/bmc-racing-teams-gilbert-third-at-fleche-wallonne.html. конс. 18 август 2012 г. 
  27. Brecht Decaluwé. „Амстел Голд Рејс го одбележа враќањето во форма на Жилбер“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 април 2012 (конс. 18 август 2012 г).
  28. Вандевале победил на белгиското хронометарско првенство“, „Cycling News“, 15 август 2012 (конс. 18 август 2012 г).
  29. Gilbert pakt eerste seizoenszege in Vuelta“, „Sporza“, Vlaamse Radio- en Televisieomroeporganisatie, 26 август 2012 (конс. 26 август 2012 г). (на холандски)
  30. Gilbert slaat opnieuw toe in de Vuelta“, „Sporza“, Vlaamse Radio- en Televisieomroeporganisatie (конс. 7 септември 2012 г). (на холандски)
  31. Philippe Gilbert of Belgium wins men's road race at cycling World Championships“, „CTN News“, Bell Media, 23 септември 2012 (конс. 23 септември 2012 г).
  32. Wood, Donald (30 август 2013). „Vuelta a Espana 2013 Results: Stage 7 Standings, Highlights and Recap“. http://bleacherreport.com/articles/1756003-vuelta-a-espana-2013-results-stage-7-standings-highlights-and-recap. конс. 10 септември 2013 г. 
  33. „Vuelta a España 2013, stage 12: Philippe Gilbert surges to victory in Tarragona as Vincenzo Nibali defends red jersey“. 5 септември 2013. http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/10289857/Vuelta-a-Espana-2013-stage-12-Philippe-Gilbert-surges-to-victory-in-Tarragona-as-Vincenzo-Nibali-defends-red-jersey.html. конс. 10 септември 2013 г. 
  34. Hermans holds off pack for Brabantse Pijl win“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 15 април 2015 (конс. 15 април 2015 г).
  35. Квјатковски спринташе за прва победа во виножито маичката на Амстел Голд Рејс“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 19 април 2015 (конс. 19 април 2015 г).
  36. Валверде победи на Флеш Валон 2015“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 22 април 2015 (конс. 22 април 2015 г).
  37. Повредениот Жилбер потфрли при крајот на Лиеж-Бастон-Лиеж“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 26 април 2015 (конс. 26 април 2015 г).
  38. Резултати: Џиро д’Италија 2015, етапа 12“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 21 мај 2015 (конс. 22 мај 2015 г).
  39. Колин Хенрис. „Џиро д’Италија 2015: Филип Жилбер победи на осумнаесеттата етапа додека Алберто Контадор доби уште време“, „Road Cycling UK“, MPORA, 28 мај 2015 (конс. 29 мај 2015 г).
  40. Philippe Gilbert wins Vuelta a Murcia“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 13 февруари 2016 (конс. 13 февруари 2016 г).
  41. http://www.cyclingweekly.com/news/racing/philippe-gilbert-joins-etixx-quick-step-bmc-2017-275247
  42. Dwars door Vlaanderen: Lampaert parlays Quick-Step tactics to victory“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 22 март 2017 (конс. 22 март 2017 г).
  43. Van Avermaet wins E3 Harelbeke“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 24 март 2017 (конс. 24 март 2017 г).
  44. Фаранд, Стивен. „Gilbert strikes first at the Driedaagse De Panne“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 28 март 2017 (конс. 29 март 2017 г).
  45. Рајан Бери. „Philippe Gilbert wins Tour of Flanders after epic solo break“, 2 април 2017 (конс. 2 април 2017 г).
  46. http://www.quickstepfloorscycling.com/en/news/detail/philipe-gilbert-out-of-remaining-ardennes-classics/3120

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Спортски позиции
Претходник
Стајн Деволдер
Белгиски национален друмски првак
2011
Наследник
Том Бонен
Претходник
Стајн Деволдер
Белгиски национален хронометарски првак
2011
Наследник
Кристоф Вандевале
Награди
Претходник
Свен Нис
Кристален велосипед
2008–2011
Наследник
актуелен