Страде Бјанке

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Страде Бјанке
Strade Bianche logo.svg
За трката
Датумпочеток на март
РегионТоскана,  Италија
Месно имеStrade Bianche - Eroica Pro (италијански)
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја UCI
ВидЕднодневна трка
Директор на тркатаМауро Вењи
Историја
Прво издание2007 (2007)
Изданија13 (до 2019)
Прв победник Александар Колобнев (РУС)
Најмногу победи Фабијан Канчелара (ШВА) (3 победи)
Неодамнешен победник Жилијан Алафилип (ФРА)

Страде Бјанке (италијански: Strade Bianche; службено: Страде Бјанке - Ероика Про) — годишна професионална велосипедска еднодневна трка која се одржува во Тоскана, средишна Италија, започнувајќи и завршувајќи во градот Сиена. Првото издание на трката било во 2007 година, секогаш во првата или втората сабота од март. Името „Страде Бјанке“ (италијански за „бели улици“) потекнува од историските бели патчиња со чакал кои се одлика на трката. Повеќе од 50 километри од трката се одржуваат на такви патишта.[1]

И покрај релативно кратката историја, Страде Бјанке брзо стекнала престиж.[2] Во 2017 година, трката била вклучена по прв пат во Светската турнеја.[3][4] Таа е организиран од RCS Sport и се одржува една седмица пред Тирено-Адријатико како рана пролетна подготовка на калдрмисаните класици во април. Швајцарецот Фабијан Канчелара го држи рекордот по број на победи, со три победи.[5]

Од 2015 година во истиот ден како машката трка се одржува и Страде Бјанке Доне, женска верзија на трката. Настанот е дел од Светската турнеја и се одржува на половина растојание од машката трка и содржи околу 17 километри патишта од чакал поделени на пет сектори.[6]

Историја[уреди | уреди извор]

Фабијан Канчелара победил во 2008 година во двобојот со Алесандро Балан.

Монте Паски Ероика[уреди | уреди извор]

Ероика Страде Бјанке („Херојска трка на патиштата од чакал“) била создадена во 1997 година како гранфондо, рекреативна велосипедска трка единствено за стари велосипеди, на патишта од чакал околу Сиена,[7] настан кој сѐ уште се одржува секоја година еден ден по професионалната трка.[1]

Во 2007 година била одржана и професионална трка, првично наречена Монте Паски Ероика, освоена од Русинот Александар Колобнев. Трката била одржана на 9 октомври; започнала во Гаиоле ин Кјанти и завршила во Сиена. Организаторот RCS ги прашал локалните велосипедски легенди Фјоренцо Мањи и Паоло Бетини да го промовираат настанот.[8] Монте деи Паски, најстарата банка во светот со седиште во Сиена, била главен спонзор на трката првите четири години.

Во 2008 година била префрлена на почетокот на март во календарот, поблизу до пролетниот дел од сезоната на пролетните класици.[9] Швајцарецот Фабијан Канчелара го освоил второто издание. Во 2009 година, организаторите го промениле името на трката во „Страде Бјанке - Ероика Тоскана“, а во 2010 година само во „Страде Бјанке“. Трката, исто така, била продолжена за 9 километри и бил додаден уште еден дел со чакал, зголемувајќи го тој дел на 57 километри.[10]

Страде Бјанке - Ероика Про[уреди | уреди извор]

Во 2014 година, почетокот на трката бил префрлен во ридскиот град Сан Џимињано.[11] Во 2015 година, името било официјално променето во „Страде Бјанке - Ероика Про“ по создавањето на женската верзија и добивањето категорија 1.HC од страна на Европската турнеја. Од 2016 година, Сиена е домаќин на почетокот и целта на Страде Бјанке.[1] Поради природата на трката и нејзиното место во календарот, на нејзе главно настапуваат возачи кои учествуваат на Тирено-Адријатико и на Милано-Сан Ремо.

Иако млад настан, трката стекнала статус на инстантен класик, привлекувајќи големо медиумско внимание и наскоро станал настан за многу велосипедисти.[2] Помеѓу победниците на првите десет изданија се Фабијан Канчелара, Филип Жилбер и Михал Квјатковски. Во 2013 година, Морено Мозер станал првиот италијански победник. Специјалистот за класици Канчелара е единствениот трикратен победник на трката, со што заслужил еден сектор со чакал да биде наречен по него.[5]

Рута[уреди | уреди извор]

Пјаца дел Кампо во Сиена, местото на целта на Страде Бјанке.

Тек[уреди | уреди извор]

Трката започнува и завршува во градот на УНЕСКО, Сиена.[1] Рутата се состои од 176 километри на ридест терен низ јужниот дел на Тоскана, вклучувајќи девет сектори со чакал, во вкупна должина од 52,8 километри.[12][13] Целта е на сликовиот Пјаца дел Кампо во Сиена по стрмно и тесно искачување кое води до срцето на средновековниот град.[14] Трката често се одлучува во завршните метри.[5][15]

Патишта од чакал[уреди | уреди извор]

Белите патишта од чакал, карактеристични за пејзажот на Тоскана, обезбедуваат посебност на трката. Тие обично се патишта до фармите, наречени „страде бјанке“ или „стерати“ на италијански, вртејќи низ ридовите и лозјата во областа Кјанти.[16] Најдолг и најнапорен сектор е Лучињано д’Асо (9,5 км), како и Ашано (11 км).[17] Некои од секторите се рамни, додека други сектори вклучуваат стрмни искачувања и кривулести спустови, што ги испробува вештините на велосипедистите за искачување и ракување со велосипедот. Положбата и знаењето за рутата често се покажуваат клучни.

Еден од „белите патишта“ во покраината Сиена, фотографирано за време на рекреативната трка „Ероика“.

Организаторите на трката биле поттикнати од двата светски познати класици, обединувајќи ги посебноста со стрмните искачувања на Трката околу Фландрија и пеколните сектори со калдрма на Париз-Рубе.[18] Често била нарекувана италијански одговор на најиконските еднодневни трки во Фландрија, како што била и претставена преку слоганот во 2015 година: „Најјужниот северен класик во Европа“ (La Classica del Nord più a sud d'Europa).[18]

Анџело Ѕомењан, еден од директорите на RCS, објаснил пред првото издание во 2007 година: „На велосипедизмот му треба нешто ново и на возачите им треба мотивација [...] Оваа трка е посебна и специјална“.[19] Слично, италијанскиот спринтер Даниеле Бенати бил подеднакво ентузијаст околу трката, изјавувајќи: „Беше сензација да се вратиш во времето. Не мислев дека патишта како овие, каде може да видиш само трактор, сѐ уште постојат [...] Ќе биде важна трка која ќе стане важен класик. Веќе можам да ја замислам атмосферата при пристигнувањето на Пјаца дел Палио“.[19]

Возачите кои имаат три победи на Страде Бјанке имаат сектор со чакал наречен по нив.[20] Фабијан Канчелара е првиот возач со свој сектор: секторот 8 во должина од 11,5 километри кај Монте Санте Марие.[21][22][5][23][24]

Победници[уреди | уреди извор]

Фабијан Канчелара (фотографиран во 2012 г.) ја освоил трката во 2008, 2012 и 2016 година.
Возач Тим
2007 Русија Колобнев, АлександарАлександар Колобнев (РУС) Тим ЦСЦ
2008 Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара (ШВА) Тим ЦСЦ
2009 Шведска Лефквист, ТомасТомас Лефквист (ШВЕ) Тим Колумбија-Хај Роад
2010 Казахстан Иглински, МаксимМаксим Иглински (КАЗ) Астана
2011 Белгија Жилбер, ФилипФилип Жилбер (БЕЛ) Омега Парма-Лото
2012 Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара (ШВА) РадиоШек-Нисан
2013 Италија Мозер, МореноМорено Мозер (ИТА) Канондејл
2014 Полска Квјатковски, МихалМихал Квјатковски (ПОЛ) Омега Парма-Квик Степ
2015 Чешка Штибар, ЗдењекЗдењек Штибар (ЧЕШ) Етикс-Квик Степ
2016 Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара (ШВА) Трек-Сегафредо
2017 Полска Квјатковски, МихалМихал Квјатковски (ПОЛ) Тим Скај
2018 Белгија Бенот, ТишТиш Бенот (БЕЛ) Лото-Судал
2019 Франција Алафилип, ЖилијанЖилијан Алафилип (ФРА) Декојнинк-Квик Степ

Повеќекратни победници[уреди | уреди извор]

Победи Возач Изданија
3  Фабијан Канчелара (ШВА) 2008, 2012, 2016
2  Михал Квјатковски (ПОЛ) 2014, 2017

Победи по држави[уреди | уреди извор]

Победи Држава
3  Швајцарија
2  Белгија
 Полска
1  Италија
 Казахстан
 Русија
 Франција
 Чешка
 Шведска

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 "Siena start for Strade Bianche in 2016". Cycling News. конс. 6 февруари 2016. 
  2. 2,0 2,1 "Almost as Good as Homemade". The Service Course. конс. 21 ноември 2015. 
  3. "UCI expands WorldTour to 37 events". Cycling News. конс. 2 октомври 2016. 
  4. "The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017". UCI. конс. 2 октомври 2016. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Вин, Најџел. "Fabian Cancellara wins Strade Bianche for a third time". Cycling Weekly. конс. 5 март 2016. 
  6. Фаранд, Стивен (16 јануари 2015). "Women's Strade Bianche race route revealed". cyclingnews.com. конс. 24 јануари 2015. 
  7. 2nd Edition Monte Paschi Eroica at the Daily Peloton - Pro Cycling News 24 март 2008.
  8. "Bettini "padrino" della Monte Paschi Eroica". Gazzetta dello Sport ((италијански)). 2 октомври 2007. конс. 29 ноември 2015. 
  9. Second Edition of Monte Paschi Eroica - Eroica's status grows with new springtime date 24 март 2008.
  10. 3rd Montepaschi Strade Bianche - Eroica Toscana - 1.1 7 март 2010.
  11. Фаранд, Стивен. "Strade Bianche Preview: Sagan, Cancellara, Wiggins and Valverde to clash on the dirt roads of Tuscany". CyclingNews. конс. 23 ноември 2015. 
  12. Strade Bianche Website 30 јуни 2014
  13. Падикомб, Стивен. "Strade Bianche 2015 preview". Cycling Weekly. конс. 29 ноември 2015. 
  14. Браун, Грегор. "Preview: Strade Bianche promises to be a strongman’s race". Velo News. конс. 29 ноември 2015. 
  15. Бенсон, Даниел. "Kwiatkowski wins Strade Bianche". CyclingNews. конс. 23 ноември 2015. 
  16. Хантер, Дејвид. "Strade Bianche 2015 Preview". Ciclismo Internacional. конс. 29 ноември 2015. 
  17. Фаранд, Стивен. "Strade Bianche Preview: Cancellara faces Sagan, Nibali, Stybar and Valverde". CyclingNews. конс. 23 ноември 2015. 
  18. 18,0 18,1 Ајези, Самуеле. "Strade Bianche: storia, curiosità, statistiche e pronostici". Fantagazzetta. Redazione Scommesse Fantagazzetta. конс. 21 ноември 2015. 
  19. 19,0 19,1 Браун, Грегор. "First Monte Paschi Eroica presented". Cycling News. конс. 30 ноември 2015. 
  20. "Strade Bianche Eroica Pro: storia, curiosità, statistiche e pronostici". fantagazzetta.com ((италијански)). конс. 5 март 2016. 
  21. More dirt road sectors for Strade Bianche in 2017“, „Cyclingnews.com“ (посет. 4 март 2017 г). (на (англиски))
  22. Fabian Cancellara's triple Strade Bianche wins honoured with special milestone“, „Cycling Weekly“, 3 март 2017 (посет. 4 март 2017 г). (на (англиски))
  23. Виндзор, Ричард. "Fabian Cancellara to have stretch of Strade Bianche named after him if he wins this weekend". Cycling Weekly. конс. 5 март 2016. 
  24. "Cancellara etches his name in Strade Bianche history". sbs.com.au. конс. 8 март 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]