Од Википедија — слободната енциклопедија
Лиеж-Бастон-Лиеж (француски : Liège–Bastogne–Liège ; често нарекувана La Doyenne („Најстарата“)[1] [2] [3] ) — еден од петте монументи во европскиот професионален календар во друмскиот велосипедизам .[4] Се вози низ регионот на Ардените во Белгија , од Лиеж до Бастон и назад.
Лиеж-Бастон-Лиеж била дел од Светскиот друмски куп и е дел од белгиската серија арденски класици , која ја вклучува и Флеш Валон . Обете трки се организирани од Amaury Sport Organisation . Еднаш, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж биле организирани една по друга во т.н. Арденски викенд. Само седум возачи победиле на двете трки во иста година: Швајцарецот Ферди Киблер двапати (во 1951 и 1952), Белгијците Стан Окерс (1955) и Еди Меркс (1972), Италијанците Морено Аргентин (1991) и Давиде Ребелин , Шпанецот Алехандро Валверде (2006) и на крај Филип Жилбер во 2011 како дел од четирикратната победа со Амстел Голд Рејс и Брабант Пејл .
Возачи кои успеале да ја освојат трката повеќе од еднаш.
Активните возачи се напишани со закосени букви .
↑ http://www.letour.fr/stf/liege/1999/fr/lbl1.html
↑ Cycling Weekly, UK, 13 March 1993
↑ Cycling Weekly, UK, 7 March 1992
↑ Титулата „монумент“ нема официјално значење; често е употребувана од францускиот дневен печат со цел да го означи непроменливото место на трката во календарот, но терминот добива пошироко значење поради спортските коментатори на телевизиите, особено во САД