Флеш Валон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Флеш Валон
La Flèche Wallonne logo.png
Лого на трката
За трката
Датумкрај на април
РегионВалонија, Белгија
Месно имеLa Flèche Wallonne (француски)
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕднодневен класик
ОрганизаторAmaury Sport Organisation
Историја
Прво одржување1936 (1936)
Одржувања83 (до 2019)
Прв победник Филип Демерсман (БЕЛ)
Најмногу победи Алехандро Валверде (ШПА)
(5 победи)
Неодамнешен победник Жилијан Алафилип (ФРА)

Флеш Валон или Валонска стрела (француски: La Flèche Wallonne) — професионална велосипедска друмска трка за мажи, која се одржува на крајот на април секоја година во Валонија, Белгија.

Првиот од двата белгиски арденски класици, Флеш Валон (Валонска стрела) најчесто се одржува во средината на неделата помеѓу Амстел Голд Рејс и Лиеж-Бастон-Лиеж. Едно време, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж се возеле една по друга, викенд именуван како „Le Weekend Ardennais“ (обете трки се организирани од Amaury Sport Organisation). Само седум возачи имаат постигнато победи на „Арденскиот двоец“ со победа на двете трки во истата година: Ферди Кублер двапати (во 1951 и 1952), Стан Окерс (1955), Еди Меркс (1972), Морено Арџентин (1991), Давиде Ребелин (2004), Алехандро Валверде (2006) и Филип Жилбер (2011).

Историја[уреди | уреди извор]

Флеш Валон бил создаден за зголемување на продажбата на весникот Les Sports во текот на 1930-тите и првпат била возена во 1936. Иако можеби не е сметана како една од класичните 'монументи', трката е широка прифатена како класик и се вбројувала во Светскиот друмски куп UCI и UCI ProTour. Станала дел од календарот на Светскиот ранкинг во 2009.

Како многу велосипедски трки, текот на трката била значително менувана низ годините, како во должината, така и самата рута. Настанот бил првпат возен на патиштата од Турне до Лиеж (растејќи од 236 километри до 300 километри - најголемото растојание - во 1938), но потоа Монс станал почетна точка. Од 1948, трката започнувала од Шарлерој; од 1960 трката била возена во обратна насока, започнувајќи го ЛИеж и завршувајќи го Шарлерој (или од 1965, Марсинел). Неколку години трката започнувала и завршувала во истото место: Вервие (1974–1978) или Хуи (1983–1985). Од 1986, трката започнувала во Спа и завршувала во Хуи. Од 1990, растојанието на трката не преминало повеќе од 210 километри.

Денес, трката започнува во Шарлерој и оди кон исток до Хуи, каде возачите прават три круга на тешкото искачување Мур де Хуи, со неколку секции стрмни повеќе од 15%. Крајот е на врвот на Мур по третото искачување.

Само четири воачи ја имаат трката трипати, двајца од нив Белгијци и двајца Италијанци. Сепак, белгиските возачи доминирале раните години на настанот, победувајќи ги првите 11 изданија на трката и малку повеќе од половината изданија вкупно (38 победи, вклучувајќи ја 2011). Италијанците ја освоиле трката 18 пати.

Победници[уреди | уреди извор]

Година Земја Возач Екипа
1936  Белгија Демерсман, ФилемонФилемон Демерсман
1937  Белгија Брекевелт, АдолфАдолф Брекевелт
1938  Белгија Масон, ЕмилЕмил Масон
1939  Белгија Делатхувер, ЕдмондЕдмонд Делатхувер
1940 Немало трка
1941  Белгија Грисол, СилвенСилвен Грисол
1942  Белгија Тајс, КарелКарел Тајс
1943  Белгија Кинт, МарселМарсел Кинт
1944  Белгија Кинт, МарселМарсел Кинт
1945  Белгија Кинт, МарселМарсел Кинт
1946  Белгија Кетелер, ДезиреДезире Кетелер
1947  Белгија Стеркс, ЕрнестЕрнест Стеркс
1948  Италија Камелини, ФермоФермо Камелини
1949  Белгија Стенберген, Рик ванРик ван Стенберген
1950  Италија Копи, ФаустоФаусто Копи
1951  Швајцарија Кублер, ФердиФерди Кублер
1952  Швајцарија Кублер, ФердиФерди Кублер
1953  Белгија Окерс, СтанСтан Окерс
1954  Белгија Дерајк, ЏерменЏермен Дерајк
1955  Белгија Окерс, СтанСтан Окерс
1956  Белгија Генехтен, Ришар ванРишар ван Генехтен
1957  Белгија Импанис, РејмонРејмон Импанис
1958  Белгија Стенберген, Рик ванРик ван Стенберген
1959  Белгија Хевенарс, ЈосЈос Хевенарс
1960  Белгија Керами, ПиноПино Керами
1961  Белгија Ванитсен, ВилиВили Ванитсен
1962  Белгија Деволф, АнриАнри Деволф
1963  Франција Пулидор, РејмонРејмон Пулидор
1964  Белгија Дезме, ЖилберЖилбер Дезме
1965  Италија Поџали, РобертоРоберто Поџали
1966  Италија Данчели, МишелМишел Данчели
1967  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс
1968  Белгија Лој, Рик ванРик ван Лој
1969  Белгија Хијсман, ЈосЈос Хијсман
1970  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс
1971  Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк
1972  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс
1973  Белгија Дирикс, АндреАндре Дирикс
1974  Белгија Вербек, ФрансФранс Вербек
1975  Белгија Дирикс, АндреАндре Дирикс
1976  Холандија Зетемелк, ЈопЈоп Зетемелк
1977  Италија Мозер, ФранческоФранческо Мозер
1978  Франција Лорен, МишелМишел Лорен
1979  Франција Хино, БернарБернар Хино
1980  Италија Сарони, ЏузепеЏузепе Сарони
1981  Белгија Вилемс, ДаниелДаниел Вилемс
1982  Италија Беча, МариоМарио Беча
1983  Франција Хино, БернарБернар Хино
1984  Данска Андерсен, КимКим Андерсен
1985  Белгија Крикелион, КлодКлод Крикелион
1986  Франција Фињон, ЛоренЛорен Фињон
1987  Франција Леклерк, Жан-КлодЖан-Клод Леклерк
1988  Германија Голц, РолфРолф Голц
1989  Белгија Крикелион, КлодКлод Крикелион
1990  Италија Арџентин, МореноМорено Арџентин Ариостеа
1991  Италија Арџентин, МореноМорено Арџентин Ариостеа
1992  Италија Фурлан, ЏорџоЏорџо Фурлан Ариостеа
1993  Италија Фондрист, МаурициоМаурицио Фондрист Лампре
1994  Италија Арџентин, МореноМорено Арџентин Гевис-Балан
1995  Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ONCE
1996  САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг Моторола
1997  Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ONCE
1998  Данска Хамбургер, БоБо Хамбургер Казино-Аг2р
1999  Италија Бартоли, МишелМишел Бартоли Мапеи-Квик Степ
2000  Италија Казагранде, ФранческоФранческо Казагранде Вини Калдирола-Сидермек
2001  Белгија Вербруге, РикРик Вербруге Лото-Адеко
2002  Белгија Ертс, МариоМарио Ертс Лото-Адеко
2003  Шпанија Астарлоа, ИгорИгор Астарлоа Саеко Машине пер Кафе
2004  Италија Ребелин, ДавидеДавиде Ребелин Геролштајнер
2005  Италија ди Лука, ДанилоДанило ди Лука Ликвигас-Бјанки
2006  Шпанија Валверде, АлехандроАлехандро Валверде Кес д’Епарњ-Илес Балеарс
2007  Италија Ребелин, ДавидеДавиде Ребелин Геролштајнер
2008  Луксембург Кирхен, КимКим Кирхен Тим Хај Роад
2009  Италија Ребелин, ДавидеДавиде Ребелин Диквиџовани-Андрони
2010  Австралија Еванс, КеделКедел Еванс БМЦ Рејсинг Тим
2011  Белгија Жилбер, ФилипФилип Жилбер Омега Парма-Лото
2012  Шпанија Родригес, ХоакимХоаким Родригес Катјуша
2013  Шпанија Морено, ДаниелДаниел Морено Катјуша
2014  Шпанија Валверде, АлехандроАлехандро Валверде Мовистар Тим
2015  Шпанија Валверде, АлехандроАлехандро Валверде Мовистар Тим
2016  Шпанија Валверде, АлехандроАлехандро Валверде Мовистар Тим
2017  Шпанија Валверде, АлехандроАлехандро Валверде Мовистар Тим
2018  Франција Алафилип, ЖилијанЖилијан Алафилип Квик-Степ Флорс
2019  Франција Алафилип, ЖилијанЖилијан Алафилип Декојнинк-Квик Степ

Победници по националност[уреди | уреди извор]

# на победи Држава
38  Белгија
18  Италија
10  Франција
8  Шпанија
2  Швајцарија
2  Данска
1  Германија
1  Холандија
1  САД
1  Луксембург
1 Австралија Австралија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]