Критериум ди Дофине

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Критериум ди Дофине
CriteriumDuDauphine logo.svg
За трката
Датумпочеток на јуни
РегионДофине (Франција)
Месно имеCritérium du Dauphiné (француски)
ПрекарДофине Либере
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕтапна трка
ОрганизаторAmaury Sport Organisation
Директор на тркатаБернар Тевене
Историја
Прво одржување1947 (1947)
Одржувања71 (до 2019)
Прв победник Едуард Клабински (ПОЛ)
Најмногу победи
Неодамнешен победник Јакоб Фуглсанг (ДАН)

Критериум ди Дофине (пред 2010 г.: Критериум ди Дофине Либере) — годишна велосипедска друмска трка, која се вози на 8 етапи низ областа Дофине во Франција во текот на првата половина на јуни. Трката била започната од локалниот весник, Дофине Либере, преку кој трката го добила и името. Многу години, организацијата на настанот била поделена помеѓу издавачите на весникот и Amaury Sport Organisation (ASO): во 2010, весникот ги отстапил сите организациски надлежности на ASO и името на трката било скратено. Заедно со Тур де Свис, Дофине е важна трка во рамките за подготовка на Тур де Франс во јули и е дел од календарот на Светската турнеја.

Бидејќи Дофине е планинска област, победниците често се специјалисти за искачување. Многу искачувања се познати од Тур де Франс, како Мон Ванту, Алп д’Ез, Кол ду Галибие или Кол де ла Шартрос, кои често се појавуваат на Дофине Либере. Сите велосипедисти, кои го освоиле Тур де Франс пет или повеќепати, исто така имаат победено на Дофине Либере.

Првиот Дофине Либере бил одржан во 1947, кога Едуард Клабински од Полска бил победник. Нело Лореди, Луис Окања, Шарли Моте, Бернар Ино и Крис Фрум го делат рекордот за најмногу победи, по три секој од нив.

Историја[уреди | уреди извор]

По Втората светска војна, кога велосипедизмот се повратил по општиот петгодишен прекин, весникот Дофине Либере одлучил да основа и организира велосипедска етапна трка низ регионот Дофине. Трката е поставена во јуни, пред Тур де Франс. Од нејзините почетоци, трката била користена како подготовка за Тур де Франс од француските велосипедисти, вклучувајќи ги Луисон Бобе и Џон Робик. Исто така, служела како тест патека за напредната опрема за велосипедистите.

Моменталната форма на критериум е последица на спојувањето со „Трката на шесте провинции во Дофине“ во 1969.

Критериумот е единствената друга трка, која е освоена од сите петократни победници на Тур де Франс (Анкетил, Меркс, Хино, Индуран и Армстронг). Седум возачи ја имаат освоено Дофине Либере и Тур де Франс во истата година: Луисон Бобе во 1955, Жак Анкетил во 1963, Еди Меркс во 1971, Луис Окања во 1973, Бернар Тевене во 1975, Бернар Хино во 1979 и 1981, Мигел Индуран во 1995, Бредли Вигинс во 2012 и Крис Фрум во 2013 и 2015 година.

Градови, кои најмногупати биле домаќини на некој почеток или крај се: Гренобл (44 пати), Авињон (32 пати), Сент-Етјен (23 пати), Анси (22 пати), Шамбери (21 пат), Гап (21 пат), Лион (19 пати), Екс ле Бен (18 пати), Валенс (16 пати), Бријансон (15 пати) и Вал ле Бен (15 пати).

Маички[уреди | уреди извор]

Водачот на генералниот пласман носи жолта маичка со сина лента, со што се разликува од другите возачи. На почетокот на 1948 била доделена црвената маичка со бели точки на водачот во планинскиот пласман на трката, додека во 1955 била доделена зелената маичка за најдобриот спринтер.

Победници[уреди | уреди извор]

Година Земја Возач Екипа
1947  Полска Клабински, ЕдуардЕдуард Клабински
1948  Франција Фахлајтнер, ЕдуардЕдуард Фахлајтнер
1949  Франција Лазаридс, ЛусиенЛусиен Лазаридс
1950  Франција Лореди, НелоНело Лореди
1951  Франција Лореди, НелоНело Лореди
1952  Франција Дото, ЖанЖан Дото
1953  Франција Тесаир, ЛусиенЛусиен Тесаир
1954  Франција Лореди, НелоНело Лореди
1955  Франција Боне, ЛуисонЛуисон Боне
1956  Белгија Клосе, АлексАлекс Клосе
1957  Франција Рорбах, МарселМарсел Рорбах
1958  Франција Ростолан, ЛујЛуј Ростолан
1959  Франција Англад, АнриАнри Англад
1960  Франција Дото, ЖанЖан Дото
1961  Обединето Кралство Робинсон, БрајанБрајан Робинсон
1962  Франција Мастрото, РајмонРајмон Мастрото
1963  Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил
1964  Шпанија Уриона, ВалентинВалентин Уриона
1965  Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил
1966  Франција Пулидор, РајмонРајмон Пулидор
1969  Франција Пулидор, РајмонРајмон Пулидор
1970  Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања
1971  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени
1972  Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања
1973  Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања
1974  Франција Санти, АленАлен Санти
1975  Франција Тевене, БернарБернар Тевене Пежо БП Мишелин
1976  Франција Тевене, БернарБернар Тевене Пежо БП Мишелин
1977  Франција Ино, БернарБернар Ино Џитане-Кампањоло
1978  Белгија Полентие, МишелМишел Полентие
1979  Франција Ино, БернарБернар Ино Рено-Елф-Џитане
1980  Холандија Велде, Јохан ван дерЈохан ван дер Велде ТИ-Рели
1981  Франција Ино, БернарБернар Ино Рено-Елф-Џитане
1982  Франција Лорен, МишелМишел Лорен Пежо-Есо-Мишелин
1983  САД Лемон, ГрегГрег Лемон Рено-Елф-Џитане
1984  Колумбија Рамирез, МартинМартин Рамирез Системе У
1985  Австралија Андерсон, ФилФил Андерсон Панасоник
1986  Швајцарија Цимерман, УрсУрс Цимерман Карера-Инокспран
1987  Франција Моте, ШарлиШарли Моте Системе У-Џитане
1988  Колумбија Ерера, ЛуисЛуис Ерера Кафе де Колумбија
1989  Франција Моте, ШарлиШарли Моте РМО
1990  Обединето Кралство Милар, РобертРоберт Милар З
1991  Колумбија Ерера, ЛуисЛуис Ерера Постобон
1992  Франција Моте, ШарлиШарли Моте РМО
1993  Швајцарија Дифо, ЛоренЛорен Дифо ONCE
1994  Швајцарија Дифо, ЛоренЛорен Дифо ONCE
1995  Шпанија Индураин, МигелМигел Индураин Банесто
1996  Шпанија Индураин, МигелМигел Индураин Банесто
1997  Германија Белтс, УдоУдо Белтс Тим Телеком
1998  Франција де Лас Куевас, АрманАрман де Лас Куевас Банесто
1999  Казахстан Винокуров, АлександарАлександар Винокуров Казино-Аг2р Превојанс
2000  САД Хамилтон, ТајлерТајлер Хамилтон Дискавери Канал
2001  Франција Моро, КристофКристоф Моро Фестина
2002  САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг Дискавери Канал[1][2]
2003  САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг Дискавери Канал[1][2]
2004  Шпанија Мајо, ИбанИбан Мајо Еускалтел-Еускади
2005  Шпанија Ландалуз, ИњигоИњиго Ландалуз Еускалтел-Еускади
2006  САД Лајпхајмер, ЛевиЛеви Лајпхајмер Геролштајнер
2007  Франција Моро, КристофКристоф Моро Аг2р Превојанс
2008  Шпанија Валверде, АлехандроАлехандро Валверде Кес д’Епарњ
2009  Шпанија Валверде, АлехандроАлехандро Валверде Кес д’Епарњ
2010  Словенија Брајкович, ЈанезЈанез Брајкович Тим РадиоШек
2011  Обединето Кралство Вигинс, БредлиБредли Вигинс Тим Скај
2012  Обединето Кралство Вигинс, БредлиБредли Вигинс Тим Скај
2013  Обединето Кралство Фрум, КрисКрис Фрум Тим Скај
2014  САД Талански, ЕндруЕндру Талански Гармин-Шарп
2015  Обединето Кралство Фрум, КрисКрис Фрум Тим Скај
2016  Обединето Кралство Фрум, КрисКрис Фрум Тим Скај
2017  Данска Фуглсанг, ЈакобЈакоб Фуглсанг Астана
2018  Обединето Кралство Томас, ГерајнтГерајнт Томас Тим Скај
2019  Данска Фуглсанг, ЈакобЈакоб Фуглсанг Астана

Повеќекратни победници[уреди | уреди извор]

Победи Велосипедист Изданија
3
 Нело Лореди (ФРА) 1950, 1951, 1954
 Луис Окања (ШПА) 1970, 1972, 1973
 Бернар Ино (ФРА) 1977, 1979, 1981
 Шарли Моте (ФРА) 1987, 1989, 1992
 Крис Фрум (ВБР) 2013, 2015, 2016
2
 Жан Дото (ФРА) 1952 + 1960
 Жак Анкетил (ФРА) 1963 + 1965
 Рајмонд Пулидор (ФРА) 1966 + 1969
 Бернар Тевене (ФРА) 1975 + 1976
 Луис Ерера (КОЛ) 1988 + 1989
 Лорен Дифо (ШВА) 1993 + 1994
 Мигел Индураин (ШПА) 1995 + 1996
 Ленс Армстронг (САД) 2002 + 2003
 Кристоф Моро (ФРА) 2001 + 2007
 Алехандро Валверде (ШПА) 2008 + 2009
 Бредли Вигинс (ВБР) 2011 + 2012
 Јакоб Фуглсанг (ДАН) 2017 + 2019

Велосипедистите со закосени букви се сè уште активни

Победи по земја[уреди | уреди извор]

Имало 71 издание од 1947 година. На три изданија (2002, 2003 и 2006) им биле одземени победите од нивните првични победници Ленс Армстронг и Леви Лајпхајмер.

Држава Победи
 Франција 30
 Шпанија 10
 Обединето Кралство 8
 САД 4
 Белгија 3
 Колумбија 3
 Швајцарија 3
 Данска 2
Австралија Австралија 1
 Германија 1
 Казахстан 1
 Холандија 1
 Полска 1
 Словенија 1

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Lance Armstrong: Governing body strips American of Tour wins“. BBC News. 22 октомври 2012. Посетено на 22 октомври 2012.
  2. 2,0 2,1 „Меѓународен велосипедистички сојуз“. Архивирано од изворникот на 2019-12-10. Посетено на 2013-09-26.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]