Вуелта а Еспања
Лого на трката | |
| За трката | |
|---|---|
| Датум | септември (од 1995) |
| Регион | Шпанија |
| Месно име | Vuelta Ciclista a España (шпански) |
| Прекар | Вуелта |
| Дисциплина | Друмски велосипедизам |
| Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
| Вид | Голема трка |
| Организатор | Unipublic |
| Директор на трката | Хавиер Гвиљен |
| Историја | |
| Прво одржување | 1935 |
| Одржувања | 72 (до 2017) |
| Прв победник | |
| Најмногу победи | (3 победи) |
| Неодамнешен победник | |
Вуелта а Еспања (шпански: Vuelta a España; позната и како Трка околу Шпанија) — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Шпанија, иако повремено поминува и низ соседните земји. Поттикната од успехот на Џиро д’Италија и Тур де Франс, трката била првпат организирана во 1935.[1] Трката била спречена да биде одржана низ периодот на двете светски војни и Шпанската граѓанска војна во раните години на нејзиното постоење; меѓутоа, трката започнала да се вози секоја година од 1955.[1] Како Вуелта постигнувала значајност и популарноста на трката растела, нејзината слава започнала да се шири низ светот. Од 1979, трката е организирана од Unipublic. Групата на возачи на почетокот била составена само од шпански велосипедисти, но сега секоја година учествуваат возачи од целиот свет. Вуелта е дел од Светската турнеја, што значи дека екипите кои настапуваат на трката се главно UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.[2][3]
Заедно со Тур де Франс и Џиро д’Италија, ги создаваат трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур.[4] Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на најмалку два хронометра, премин низ планинскиот масив на Пиринеите и завршница во шпанскиот главен град Мадрид. Поновите изданија на Вуелта а Еспања се состои од 21 етапа во период од 23 дена, кој вклучува два дена одмор.
Сите етапи се мерат на крајот, а завршните времиња на возачите се составени од нивните претходни етапни времиња. Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната црвена маичка. Додека генералниот пласман привлекува најголемо внимание, постојат и други пласмани на трката: бодовниот пласман за спринтерите, планинскиот пласман за специјалистите за искачување, комбинираниот пласман за сите универзални возачи и екипниот пласман за најбрзите екипи. Вуелта а Еспања 2012 била освоена од Шпанецот Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк.[5][6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Cycling Revealed“. Cycling Revealed. Посетено на 7 август 2012.
- ↑ „[[Меѓународен велосипедистички сојуз]]“. Uci.ch. Посетено на 6 август 2012. URL–wikilink conflict (help)
- ↑ When is the Criterium route announced. (2023-08-24). „Календар на Светската турнеја на UCI“. Cycling Weekly. Посетено на 6 август 2012.
- ↑ „Million dollar, baby!“. Cycling News. Future Publishing Limited. 12 јануари 2007. Посетено на 21 мај 2011.
- ↑ „Alberto Contador se proclama campeón de la Vuelta a España“. Mundodeportivo.com. 2012-09-09. Посетено на 9 септември 2012.
- ↑ „Contador reinforces position as stage race king – SuperSport – Cycling“. SuperSport. Reuters. Посетено на 9 септември 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Вуелта а Еспања на Ризницата ?- Официјална страница (шпански) (англиски) (француски)
| ||||||||||||||||
| ||||||
| ||||||
| ||||||
| ||||||