Наиро Кинтана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Наиро Кинтана
Лични податоци
Цело име Наиро Александер Кинтана Рохас
Роден 4 февруари 1990 (1990-02-04) (воз. 26 г.)
Бојака, Колумбија
Висина 1,66 м[1]
Маса 58 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Мовистар Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2009
2010–2011

2012–
Бојака ес пара Вивирла
Кафе де Колумбија-Колумбија ес Пасион
Мовистар Тим
Значајни победи
Голема трка
Џиро д’Италија
Генерален пласман (2014)
Пласман за млад возач (2014)
2 индивидуални етапи (2014)
Тур де Франс
Планински пласман (2013)
Пласман за млад возач (2013, 2015)
1 индивидуална етапа (2013)
Вуелта а Еспања
2 ТТТ етапи (2012, 2014)

Етапни трки

Трка околу Баскија (2013)
Волта а Каталуња (2016)
Тирено-Адријатико (2015)
Вуелта а Бургос (2013, 2014)
Тур де л’Авенир (2010)
Рут ду Суд (2012)
Вуелта а Мурсија (2012)
Тур де Сан Луис (2014)

Еднодневни трки и класици

Џиро дел’Емилија (2012)
Последна промена
9 април 2016

Наиро Александер Кинтана Рохас (шпански: Nairo Alexander Quintana Rojas; р. 4 февруари 1990) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[2][3]

Негова најголема вештина е искачувањето, бидејќи има многу мала тежина и градба. Негов најголем резултат во кариерата досега е победата на Џиро д’Италија 2014,[4] како и второто место на Тур де Франс 2013.

Неговиот брат Дајер Кинтана, исто така, е професионален велосипедист и член на Мовистар Тим.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Кинтана доаѓа од многу скромно семејство и неговите родители го пораснале во многу тешки економски услови, но сепак успеале да заштедат да му купат половен велосипед на Кинтана за да му се олесни патот до училиште.[5]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Во 2010 година, Кинтана ја освоил Тур де л’Авенир докажувајќи дека е еден од ветувачките таленти на колумбискиот велосипедизам.

Мувистар (2012-денес)[уреди | уреди извор]

2012[уреди | уреди извор]

Во 2012 година го освоил генералниот пласман на Вуелта а Мурсија. Во 2012 однел престижна победа на Критериум ду Дофине, кога отпочнал противнапад на помала група возачи, вклучувајќи го водачот Бредли Вигинс откако го достигнале и последниот бегалец на етапата. Го одржал неговото соло водство на спустот до Морзин.[6] По освојување на таа етапа, годината ја завршил со победа на Рут ду Суд. Кинтана го имал својот прв настан на некоја голема трка на Вуелта а Еспања, каде бил еден од клучните помошници на Алехандро Валверде, така што Шпанецот завршил на второто место во генералниот пласман. Кинтана завршил на 36. место. Во октомври го освоил Џиро дел’Емилија.

2013[уреди | уреди извор]

Кинтана на Трката околу Британија 2013

Во 2013, Кинтана ја освоил кралската етапа на Трката околу Баскија спринтајќи до победа по последното искачување во Еибар-Арате, 2 секунди пред групата од шест велосипедисти во која биле и неговите најблиски ривали.[7] Кинтана победил во генералниот пласман преку завршниот хронометар, завршувајќи секунда зад Тони Мартин (Омега Парма-Квик Степ), здобивајќи доволно време пред возачот на Тим Скај Серхио Енао за да ја преземе водечката маичка од него.[8]

На Тур де Франс 2013, Кинтана нападнал на Кол де Пелер во текот на осмата етапа и станал првиот човек кој поминал низ највисокиот премин таа година. Подоцна бил претекнат на претпоследното искачување на етапата од фаворитот на трката Крис Фрум. Кинтана го преземал водството во пласманот за млад возач и ја добил наградата за најборбен возач на таа етапа.[9] На етапата 15 до Мон Венту, Кинтана повторно нападнал рано и само предводникот на трката Фрум успеал да го следи, на крајот отпаднал во последните два километри на искачување откако возеле заедно во поголем дел.[10] По етапата 15, Кинтана се искачил на шестото место во генералниот пласман. На етапата 18 по прв пат било вклучено познатото искачување Алп д’Ез два пати. Четвртото место на етапата на Кинтана го поместил на третото место, односно на место на подиум, во генералниот пласман по прв пат на Тур де Франс. На етапата 20 не само што го одбранил третото место, туку и го нападнал Фрум и се одвоил од него во последниот километар за победа на етапата пред Хоаким Родригез и Фрум и се искачил до второто место, на кое и завршил на Тур. Исто така ја освоил маичката за млад возач, како и планинскиот пласман. Завршувајќи втор во генералниот пласман бил најдобар резултат за Колумбиец или некој возач од Јужна Америка на Тур де Франс и прв дебитант на Тур, кој завршил на подиум од Јан Улрих во 1996. По Тур, Кинтана победил на Вуелта а Бургос, каде ја освоил петтата етапа, откако отпаднал Винченцо Нибали на последното искачување.

2014[уреди | уреди извор]

Кинтана во водечката розева маичка на Џиро д’Италија 2014

Поради високите планини и поголемиот број искачувања на Џиро д’Италија, Кинтана одлучил да цели на Џиро и да го прескокне Тур де Франс. Сезоната 2014 му започнала со победа на Тур де Сан Луис по победата на планинската четврта етапа. Завршил втор на Тирено-Адријатико зад Алберто Контадор, разболувајќи се веднаш по завршувањето на трката.[11] Потоа завршил петти на Волта а Каталуња, одразувајќи му се болеста по Тирено.[12]

На Џиро д’Италија 2014, неговиот почеток на трката не бил во најдобар тек поради некои здравствени проблеми поради студеното време. Екипата на Кинтана, Мувистар, започнала на осмото место на воведниот хронометар во Белфаст, 55 секунди зад победниците Орика ГринЕЏ, откако врнело за време на нивниот настап.[13] На шестата етапа, Кинтана бил попречен од големиот пад на завршното искачување, поради што задоцнил 2 минути и 8 секунди зад предводникот Мајкл Метјус. Иако не загубил многу време, по индивидуалниот хронометар на етапата 12, бил на три и пол минути доцнење зад предводникот на трката Ригоберто Уран.[14] Сепак, неговата форма се вратила на етапите 14 и 15, намалувајќи ја разликата на 2' 40". Подоцна ја достигнал неговата врвна форма во последната недела на трката.[15] На етапата 16 ја преземал водечката розева маичка во контроверзни услови, откако некои од неговите ривали погрешно помислиле дека спустот од Стелвио бил неутрализиран; возејќи низ густата магла и слабата видливост, Кинтана го следел нападот на Пјер Ролан и Рајдер Хесједал, на крајот победувајќи на етапата и го преземал водството на трката. На етапата 19, Кинтана извозил фантастично на Монте Грапе победувајќи го планинскиот хронометар, со што покажал дека е најдобриот возач на трката. Го одржал водството од три минути и на Цонколан, како и на завршницата во Трст. Кинтана, исто така, ја освоил и белата маичка за најдобар млад возач.[16]

По Џиро, Кинтана се одморал неколку месеци од трки. Се вратил во Европа во август целејќи на победа на Вуелта а Еспања. Две недели пред Вуелта, Кинтана ја освоил третата етапа на Вуелта а Бургос и завршил втор на завршниот хронометар, со што го претекнал второпласираниот Даниел Морено. На Вуелта, Кинтана го преземал водството на трката по индивидуалниот хронометар на десеттата етапа. Меѓутоа, доживеал сериозен пад откако погрешно прочитал една кривина и изгубил четири минути и црвената маичка.[17] Повторно паднал на почетокот на следната етапа и се повлекол од трката поради скршена клучна коска.[18]

2015[уреди | уреди извор]

Кинтана ја носел белата маичка на Тур де Франс 2015

Кинтана ја започнал сезоната 2015 на Тур де Сан Луис.[19] Завршил трет во генералниот пласман на трката.[20] Кинтана првично требало да настапи на Вуелта а Андалусија, но падот на националното друмско првенство го приморало да се повлече.[21] Негова следна трка била Тирено-Адријатико. Тука ја освоил првата победа во сезоната, на врвот на искачувањето Терминило, каде исто така го преземал водството на трката. Победил при снежно невреме. Успеал да го одбрани водството на трката и ја освоил трката, како и маичката за млад возач.[22] Кинтана бил избран од неговата екипа на две класични трки со калдрма (Е3 Харелбеке и Дварс дор Вландерен) со цел да го подготват за калдрмата која што ќе биде присутна на Тур де Франс 2015.[23] Кинтана ја продолжил подготовката за Тур де Франс со настап на Тур де Романди и Трката околу Баскија, завршувајќи на осмото и четвртото место, соодветно. Потоа возел на Рут ду Суд, каде се борел со Алберто Контадор на третата етапа пред да заврши втор на трката.[24] Кинтана, потоа, останал дома за да тренира во јуни пред да дојде во Франција за Тур. На ветровитата дождлива втора етапа, Кинтана се нашол во раздвоена група на главната група и изгубил минута во однос на Крис Фрум и другите фаворити. На десеттата етапа, првиот планински ден, Кинтана бил единствен соперник кој можел да остане со Крис Фрум, завршувајќи една минута зад него. Потоа, Кинтана се обидел да се доближи до жолтата маичка во последната недела на Тур, напредувајќи на второто место на седумнаесеттата етапа. Со разлика од 2'38 зад Фрум на деветнаесеттата етапа, Кинтана ветил дека ќе го нападне Фрум и го исполнил ветувањето, добивајќи 30 секунди во однос на Фрум до крајот на етапата.[25][26] И на претпоследната етапа, со искачување на Алп д’Ез, Кинтана повторно го нападнал Фрум, користејќи ги колегите Алехандро Валверде и Винер Анакона да ја зголеми предноста пред да се одвои сам на пет километри пред крајот. Го зголемувал времето во однос на Фрум до крајот, завршувајќи втор на етапата. Кинтана го завршил Тур на второто место, 1'12 зад Крис Фрум со неговиот колега Алехандро Валверде на третото место. Исто така, ја освоил белата маичка, додека неговата екипа Мувистар го освоиле екипниот пласман.[27][28]

По крајот на Тур, Фрум, Кинтана, Валверде и Нибали, главните четворица фаворити на Тур де Франс 2015, ги објавиле своите намери да возат на следната голема трка, Вуелта а Еспања 2015.[29] Меѓутоа, Кинтана не делував како да е во својата најдобра форма. Na единаесеттата етапа, кралската етапа, изгубил три минути од предводникот на трката Фабио Ару, паѓајќи на деветтото место. Кинтана признал дека е болен и дека размислува за напуштање на Вуелта.[30] Меѓутоа, не го направил тоа и се вратил на четиринаесеттата етапа, каде завршил шести и освоил неколку секунди во однос на другите соперници. Своето враќање го започнал на седумнаесеттата етапа, индивидуален хронометар, завршувајќи на изненадувачкото шесто место и напредувал на петтото место во генералниот пласман.[31] На претпоследната етапа, Кинтана се приклучил на бегството на етапата со Рафал Мајка и ја завршил трката на четвртото место, само 30 секунди зад местото на подиумот.[32][33]

2016[уреди | уреди извор]

Во ноември 2015 година било објавено дека Кинтана ќе настапи на Тур де Франс, олимписката друмска трка и Вуелта а Еспања во 2016 година[34] и дека ќе ја започне сезоната на Тур де Сан Луис.[35] Завршил трет на Сан Луис зад неговиот брат, Дајер, кој ја освоил трката.[36] Го освоил генералниот пласман на Волта а Каталуња, станувајќи трет Колумбиец кој ја освоил трката и прв по Ернан Буенаора во 1998 година.[37]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2010
1. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапи 6
1. Етапа 7
2011
1. Jersey red.svg Планински пласман Волта а Каталуња
2012
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Вуелта а Мурсија
1. Етапа 1
1. Jersey orange.svg Краен пласман Рут ду Суд
1. Етапа 3
1. Џиро дел’Емилија
1. Етапа 6 Критериум ду Дофине
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
1. Пласман за млад возач Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
2013
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 4
1. Jersey white.svg Бодовен пласман
1. Jersey violet.svg Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 5
2. Краен пласман Тур де Франс
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 20
4. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 3
7. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2014
1. Jersey orange.svg Генерален пласман Тур де Сан Луис
1. Jersey red.svg Планински пласман
1. Етапа 4
1. Jersey pink.svg Краен пласман Џиро д’Италија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 16
1. Етапа 19 (ITT)
1. Jersey violet.svg Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Jersey red.svg Планински пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
5. Краен пласман Волта а Каталуња
2015
1. Jersey blue.svg Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 5
2. Краен пласман Рут ди Суд
2. Краен пласман Тур де Франс
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
3. Краен пласман Тур де Сан Луис
4. Краен пласман Вуелта а Еспања
4. Краен пласман Трка околу Баскија
8. Краен пласман Тур де Романди
2016
1. MaillotVolta.png Краен пласман Волта а Каталуња
3. Краен пласман Тур де Сан Луис
4. Национално друмско првенство

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2012 2013 2014 2015
Jersey pink.svg Џиро 1
Jersey yellow.svg Тур 2 2
Jersey red.svg Вуелта 36 СО 4

СО = се откажал; — = не учествувал

Други поголеми етапни трки[уреди | уреди извор]

Трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Париз-Ница
Тирено-Адријатико 2 1
Волта а Каталуња 103 4 5 1
Трка околу Баскија 1 4
Тур де Романди 8
Критериум ду Дофине 38

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Наиро Кинтана“. Мовистар Тим. Abarca Sports. http://www.movistarteam.com/equipo/nairo-quintana. конс. 3 јануари 2014. 
  2. Јаселга Абрео, Алфредо. „A Nairo Quintana el ciclismo lo marcó desde el día en que nació“, „El Espectador“, Fidel Cano Correa; Comunican S.A., 4 декември 2010 (конс. 20 февруари 2012). (на шпански)
  3. Стоукс, Шејн. „Поранешниот победник на Тур де л’Авенир потпиша за Мувистар“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 4 октомври 2011 (конс. 3 март 2012).
  4. Кинтана победник на Џиро д’Италија“, „Утрински весник“, МПМ Македонија, 2 јуни 2014 (конс. 2 јуни 2014).
  5. „Кој е Наиро Кинтана?“. Cycling Inquisition. 6 април 2013. http://www.cyclinginquisition.com/2013/04/who-is-nairo-quintana.html. конс. 6 јули 2013. 
  6. Сузан Вестемајер. „Дофине: Вигинс и Скај доминираа на Жу План“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 9 јуни 2012 (конс. 22 октомври 2012).
  7. Даниел Бенсон. „Кинтана победи на дождот во Арате“, „Cyclingnews“, Future Publishing Limited, 4 април 2013 (конс. 6 април 2013).
  8. Кинтана победи на Трката околу Баскија“, „Cyclingnews“, Future Publishing Limited, 6 април 2013 (конс. 6 април 2013).
  9. Boom: Froome blows the race to pieces!“, „Тур де Франс“, Amaury Sport Organisation, 6 јули 2013 (конс. 6 јули 2013).
  10. „Резултати од етапата 15 - Тур де Франс 2013“. http://www.letour.fr/le-tour/2013/us/stage-15/news/int/nairo-quintana-at-the-end-i-lacked-strength.html. 
  11. Најџел Вин. „Алберто Контадор победи на Тирено-Адријатико 2014“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/contador-wins-tirreno-adriatico-2014-118237. конс. 31 јули 2014. 
  12. „Хоаким Родригез победи на Волта а Каталуња; Ливе Вестра го освои финалето“. Velonews.competitor.com. 30 март 2014. http://velonews.competitor.com/2014/03/news/joaquim-rodriguez-wins-volta-catalunya-lieuwe-westra-takes-finale_321936. конс. 31 јули 2014. 
  13. „Како Наиро Кинтана победи на неговиот прв Гранд Тур“. BBC Sport. 1 јуни 2014. http://www.bbc.com/sport/0/cycling/27281510. конс. 6 јуни 2014. 
  14. „Наиро Кинтана победи на Џиро д’Италија 2014“. Cycling Weekly. 1 јуни 2014. http://www.cyclingweekly.co.uk/racing/giro-ditalia/nairo-quintana-wins-2014-giro-ditalia-124942. конс. 6 јуни 2014. 
  15. „Movistar's Nairo Quintana seals overall victory as Colombians turn back the clock“. Daily Telegraph. 1 јуни 2014. http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/giro-d-italia/10868240/Giro-dItalia-2014-stage-21-Movistars-Nairo-Quintana-seals-overall-victory-as-Colombians-turn-back-the-clock.html. конс. 6 јуни 2014. 
  16. „Кинтана горд да биде првиот колумбиски победник на Џиро д’Италија“. Cycling News. 1 јуни 2014. http://www.cyclingnews.com/news/quintana-proud-to-be-first-colombian-winner-of-the-giro-ditalia. конс. 6 јуни 2014. 
  17. Алесдер Фотерингем. „Кинтана го изгуби водството на Вуелта а Еспања по катастрофалниот пад“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 2 септември 2014 (конс. 2 септември 2014).
  18. Кинтана се откажа од Вуелта а Еспања“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 3 септември 2014 (конс. 3 септември 2014).
  19. http://www.eltiempo.com/deportes/ciclismo/venimos-con-un-equipo-joven-pero-quiero-ganar-nairo-quintana/15092160
  20. „Дијаз победи на Тур де Сан Луис“. 25 јануари 2015. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-san-luis-2015/stage-7/results. конс. 15 март 2015. 
  21. Стјуарт Кларк (13 февруари 2015). „Наиро Кинтана ќе ја пропушти Вуелта а Андалусија по падот на националното“. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/nairo-quintana-miss-vuelta-andalucia-nationals-crash-157478. конс. 15 март 2015. 
  22. Најџел Вин. „Наиро Кинтана победи на Тирено-Адријатико 2015“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 17 март 2015 (конс. 17 март 2015).
  23. Ричард Виндзор. „Quintana to race on cobbles in preparation for the Tour, but should the pavé have a place?“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/racing/tour-de-france/quintana-race-cobbles-preparation-tour-pave-place-152178. конс. 15 март 2015. 
  24. http://velonews.competitor.com/2015/06/news/contador-beats-quintana-in-a-thrilling-preview-of-tour-at-the-route-du-sud_374663
  25. http://www.bicycling.com/racing/2015-tour-de-france/stage-19-analysis-nibali-and-quintana-attack-froome
  26. http://allsports.com.gh/other_sports/cycling-nairo-quintana-will-keep-attacking-tour-de-france-leader-chris-froome-id4002681.html
  27. http://www.theguardian.com/sport/2015/jul/25/chris-froome-tour-de-france-nairo-quintana
  28. http://www.bicycling.com/racing/2015-tour-de-france/pinot-wins-alpe-dhuez-stage-20
  29. http://www.skysports.com/cycling/news/21683/9935123/vuelta-a-espana-chris-froome-nairo-quintana-among-leading-contenders
  30. http://www.cyclingweekly.co.uk/racing/vuelta-a-espana/nairo-quintana-confident-of-vuelta-a-espana-comeback-after-illness-190107
  31. http://cyclingtips.com.au/2015/09/2015-vuelta-a-espana-stage-17-itt-results/
  32. http://bleacherreport.com/articles/2565444-vuelta-a-espana-2015-stage-20-winner-highlights-updated-standings-schedule
  33. http://www.nytimes.com/2015/09/14/sports/cycling/fabio-aru-wins-vuelta-a-espana.html?_r=0
  34. Кларк, Стјуарт (3 ноември 2015). „Nairo Quintana adds Vuelta a España to hectic 2016 schedule“. http://www.cyclingweekly.co.uk/racing/tour-de-france/nairo-quintana-adds-vuelta-a-espana-to-hectic-2016-schedule-198410. конс. 28 март 2016. 
  35. Кларк, Стјуарт (4 ноември 2015). „Sagan, Quintana and Nibali to start seasons at Tour de San Luis“. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/sagan-quintana-and-nibali-to-start-seasons-at-tour-de-san-luis-198549. конс. 28 март 2016. 
  36. Фратини, Кирстен (24 јануари 2016). „Dayer Quintana wins Tour de San Luis“. http://www.cyclingnews.com/tour-de-san-luis/stage-7/results/. конс. 28 март 2016. 
  37. Фотерингем, Аласдер (27 март 2016). „Quintana wins Volta a Catalunya“. http://www.cyclingnews.com/races/volta-ciclista-a-catalunya-2016/stage-7/results/. конс. 28 март 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]